ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Демони

Началникот на земните чинови, кој е од ангелските сили, и на кого Бог му ја предал Земјата на чување, не бил зол по природа, туку првобитно бил добар и создаден за добро, немајки воопшто во себе ниту трага на зло коешто би потекнувало од Создателот; меѓутоа, не ги оправдал светлината и честа што му ги подарил Создателот и по сопствена волја го прекинал единството со својата природа и се свртел против неа, се возгордеал и се кренал против Бога, Кој беше создал, и прв отпаднал од добро, завршувајки во зло; зошто злото не е ништо друго туку отсуство на добро, како што темнината е отсуство на светлина. Ако доброто е духовна светлина, Тогаш злото е духовна темнина. Таа светлина, создадена од Творецот како добра – зошто виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал – по своја слободна волја станала темнина. По него, пак, тргнало и отпаднало од Бога непрегледно мноштво ангели коишто му се потчиниле. Имајки ја и понатаму истата природа со ангелите, тие станале зли, зошто доброволно ја насочиле својата наклонетост од доброто кон злото.Понатаму тие веќе немаат никаква власт или моќ над кој било, освен ако тоа Бог, според Својот Домострој, не им го дозволи, како во случајот со Јов (1:12), или како што во Евангелието е напишано за случајот со свињите (Марко 5:13). Ако Бог им дозволи, тие имаат моќ да се преобразат во облик каков што ќе посакаат.Но иднината, се разбира, не ја знаат ниту ангелите ниту демоните, но сепак тие предвидуваат: тоа што ангелите ќе го пророчат ( кога Бог ќе им го откриеи ќе им заповеда да го објават) – тоа и се остварува. Прорекуваат и демоните, понекогаш проникнувајќи во иднината, а понекогаш претпоставувајки, па затоа и толку многу лажат. Ним не треба да им се верува, па макар и да ја зборуваат вистината, на веќе опишаниот начин. Тие, исто така, го познаваат и Светото Писмо.Треба да знаеме дека секој порок и секоја нечиста желба доаѓаат од нив. Макар што им е дозволено да го искушуваат човека, тие немаат власт некого да го принудат на нешто; зошто ние сме тие што одлучуваме дали ќе го прифатиме искушението или не. Затоа за ѓаволот и за неговите демони, како и за сите оние што го следат, се приготвени вечниот оган и вечната казна (Матеј 25:41).Треба да знаеме дека тоа што за луѓето е смртта, за ангелите е падот. Зошто, после падот за нив нема покајание, како што и за човекот нема покајание по смрта.Св. Јован Дамаскин

Началникот на земните чинови, кој е од ангелските сили, и на кого Бог му ја предал Земјата на чување, не бил зол по природа, туку првобитно бил добар и создаден за добро, немајки воопшто во себе ниту трага на зло коешто би потекнувало од Создателот; меѓутоа, не ги оправдал светлината и честа што му ги подарил Создателот и по сопствена волја го прекинал единството со својата природа и се свртел против неа, се возгордеал и се кренал против Бога, Кој беше создал, и прв отпаднал од добро, завршувајки во зло; зошто злото не е ништо друго туку отсуство на добро, како што темнината е отсуство на светлина. Ако доброто е духовна светлина, Тогаш злото е духовна темнина. Таа светлина, создадена од Творецот како добра – зошто виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал – по своја слободна волја станала темнина. По него, пак, тргнало и отпаднало од Бога непрегледно мноштво ангели коишто му се потчиниле. Имајки ја и понатаму истата природа со ангелите, тие станале зли, зошто доброволно ја насочиле својата наклонетост од доброто кон злото.

Понатаму тие веќе немаат никаква власт или моќ над кој било, освен ако тоа Бог, според Својот Домострој, не им го дозволи, како во случајот со Јов (1:12), или како што во Евангелието е напишано за случајот со свињите (Марко 5:13). Ако Бог им дозволи, тие имаат моќ да се преобразат во облик каков што ќе посакаат.

Но иднината, се разбира, не ја знаат ниту ангелите ниту демоните, но сепак тие предвидуваат: тоа што ангелите ќе го пророчат ( кога Бог ќе им го откриеи ќе им заповеда да го објават) – тоа и се остварува. Прорекуваат и демоните, понекогаш проникнувајќи во иднината, а понекогаш претпоставувајки, па затоа и толку многу лажат. Ним не треба да им се верува, па макар и да ја зборуваат вистината, на веќе опишаниот начин. Тие, исто така, го познаваат и Светото Писмо.

Треба да знаеме дека секој порок и секоја нечиста желба доаѓаат од нив. Макар што им е дозволено да го искушуваат човека, тие немаат власт некого да го принудат на нешто; зошто ние сме тие што одлучуваме дали ќе го прифатиме искушението или не. Затоа за ѓаволот и за неговите демони, како и за сите оние што го следат, се приготвени вечниот оган и вечната казна (Матеј 25:41).

Треба да знаеме дека тоа што за луѓето е смртта, за ангелите е падот. Зошто, после падот за нив нема покајание, како што и за човекот нема покајание по смрта.

Св. Јован Дамаскин

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: