ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Матурско – поклоничко патување

Во периодот од 22.05.-26.05.2023г. LV генерација на богослови – матуранти, придружувани од професори при МПБ, се упатија на традиционалното матурско-поклоничко […]

Во периодот од 22.05.-26.05.2023г. LV генерација на богослови – матуранти, придружувани од професори при МПБ, се упатија на традиционалното матурско-поклоничко патување во Италија, каде во градовите Рим, Неапол и Тиволи посетија многу места кои беа спомнувани за време на нивното образование, а се воедно и важни и од големо значење за нашата вера и сите нас.

Исто така, по повод големиот празник во чест и спомен на светите рамноапостолни браќа и сесловенски просветители Кирил и Методиј во базиликата „Сан Клементе“ во Рим се одржа молебен на гробот на светиот Кирил со кој чиноначалстуваше митрополитот европски г. Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. При самиот молебен сослужуваа дел од професорите, додека пак, матурантите со своето пеење придонесоа поторжествено да  им се оддаде достојна почит и слава на светите браќа.

Би сакале да изразиме голема благодарност до сите оние кои го поткрепија ова наше патување и помогнаа да се реализира истото.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: