ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Христовски: Клучните принципи на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде борба против корупцијата и организираниот криминал

Претседателот на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски гостуваше во емисија на Радио Лидер и говореше за неколку актуелни политички теми, акцентирајќи ја потребата од избори и промена на оваа власт. Тој истакна дека на лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ понуди две решенија, но власта не даде одговор за нив. Сега единственото барање на ВМРО-ДПМНЕ се предвремени избори.

1hre1

„ВМРО-ДПМНЕ како силна опозиција со скоро двојно повисок рејтинг од СДСМ бара предвремени избори и ќе се бориме да ги добиеме. СДСМ треба да бидат свесни дека колку повеќе време поминува, толку рејтингот им паѓа се повеќе и повеќе, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ расте. Мислам дека повеќе и на нив би им одговарало да има предвремени избори, за да не изгубат толку многу колку што би изгубиле следната година“, рече Бојан Христовски.

Тој истакна дека клучните принципи на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат борбата против корупцијата и организираниот криминал и борба против корупцијата во судството и обвинителството.

„Можеме да видиме голем број на афери кои излегуваат во овој период и во изминатите години за очигледен криминал, за кој што не се реагира“ - рече Христовски и дополни: „Со ваква влада и со вакви институции кои што се држат во заложништво на ДУИ, нема институција која што сега би тргнала против ДУИ и против Али Ахмети. Иако американската амбасада реагираше во случајот со Мерко, не слушаме дека нешто се презема. Или каде е оној директорот на Фонд за здравство кој што го видовме со куферче пари, кај е тој, го заборавивме? Како него не го спречиле да излезе, а другиве ги спречуваат? Прво, очигледно е дека има селективна правда во Македонија, второ, очигледно е дека институциите со ова раководство се неспособни“, заклучи Христовски.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...

Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: