ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

3 седмица по Педесетница

25.06.2023 Во Трета недела по Педесетница митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Александар Јанкоски и ѓакон Славче Ѓорѓески богослужеше света Литургија во Соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар. На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во својата проповед митрополитот г.Јосиф говорејќи за светата тајна брак меѓу другото истакна:Господ Исус Христос ги потсетува Евреите дека во почетокот Бог ги создаде машко и женско за двајцата да бидат заедно и едно. Тоа е природно, мажот и жената, машкото и женското да ги остават своите родители во свое време, да се прилепат еден кон друг и двајцата да бидат едно.Самиот Господ Исус Хрис­тос, со Своето присуство на свадбата во Кана Галилејска, го благословил бракот, па со тоа и оваа форма на човечкиот жи­вот ја соединил со Своето Тело – Црквата.Светата Тајна брак ја издигнува врската меѓу мажот и жената над телесното, над блудот. Никој да не се сомнева во тоа дека после денот на раѓањето и Крштението, најважен ден во животот на човекот е неговото стапување во брак. Секако, и најчесната и најсветата Света Тајна брак, се најде меѓу останатите институции кои светската бура на нашево време се обидува да ги сотре. Бог испраќа голема благодат, голема сила и ревност, за да може да се понесе вистински подвигот на носењето на брачниот крст, бидејќи самиот брачен подвиг е маченички подвиг, крст кој Бог благословил човекот да го носи на земјата и кој е еден од патиштата за достигнување на Царството Небесно.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: