Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Соопштение

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација  на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј. На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во […]

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација  на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј.

На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија. 

Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество.

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: