Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Христос му велеше на Тома: Допри ме, бидејќи сакаш; стави ја раката и сфати дека имам коски и земно тело, и не биди неверен, туку заедно со другите уври се! А тој извика: Ти си мојот Бог и Господ! Слава на Твоето Воскресение!“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).   На 01.05.2022 година, во Неделата по Пасха - Томина недела, во храмот „Св. Никола Мирликиски“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештеникот Сашо Ристески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

„Христос му велеше на Тома: Допри ме, бидејќи сакаш; стави ја раката и сфати дека имам коски и земно тело, и не биди неверен, туку заедно со другите уври се! А тој извика: Ти си мојот Бог и Господ! Слава на Твоето Воскресение!“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).

 

На 01.05.2022 година, во Неделата по Пасха - Томина недела, во храмот „Св. Никола Мирликиски“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештеникот Сашо Ристески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Христос воскресе!


Драги браќа и сестри!


Во Ерусалим се случиле страшни настани. Сите биле во страв и трепет. Едни се плашеле од фарисеите и книжниците, а други се плашеле да не бидат исклучени од синагогата. Трети се плашеле да посведочат за дејноста и учењето на Распнатиот, за да не бидат гонети, како што им било најавено повеќепати од Самиот Христос. И апостолите биле во недоумица. Сето тоа може да се објасни со отсуството на цврстина во познавањето на вистината и Светото писмо. Спасителот многупати за тоа ги укорувал апостолите и другите ученици кои оделе по Него.


Господ Исус Христос им се јавува на луѓето на нивниот животен пат. Кога ние зборуваме за Него и сме собрани да го прекршиме лебот во Негово име, Господ приоѓа кон нас, иако сме многу грешни. Тој стои на растојание и чука на нашето срце. Од нашите гревови, ние не можеме да го слушнеме тоа чукање. Но, преку опомената на нашата совест, во нашето срце сепак одекнува Господовиот повик, кој нè повикува кон Себе. Ние ги издигнуваме нашите очи кон небото и го правиме она што донесува болка и страдање. Само длабоко верниот ученик го осмислува својот живот, очистувајќи го своето срце и подготвувајќи се за Бога, за да може да Го види и да Го прими.


Така и денеска, во првиот ден по воскресението, како што слушнавме од Евангелието, Господ им се јавува на десетмина од Своите апостоли. Јуда предавникот се обесил, а Тома бил далеку од останатите апостоли поради страв од Јудејците. Апостолите дознале за воскресението Христово од жените мироносици. Симон Петар се удостоил да Го види Господа (Лк. 24, 34). Исто и Лука и Клеопа одејќи за Емаус Го виделе и разговарале со Воскреснатиот. Очигледно дека апостолите и верниците се собрале со цел да Го видат Господа. Тие се плашеле, знаејќи дека откако Пастирот е поразен и овците ќе останат без Пастир. Апостолите се плашеле од луѓето кои така дрско и безмилосно постапиле со Праведниот. Дополнително тие биле обвинети дека го украле телото на Учителот. И ете, одеднаш Спасителот Христос влегува преку затворената врата, „и застанува помеѓу нив велејќи им: 'Мир вам!'" (Јн. 20,19). Со овие зборови Господ им дал најголемо богатство – светот да познае дека прима помирување со Бога. Свети апостол Лука ни раскажува дека кога апостолите ја слушнале веста, сѐ уште не верувале дека тоа е вистина и мислеле дека гледаат привидение (Лк. 24, 37).


Воскреснатиот Христос им се јавил и по втор пат во осмиот ден по страдањата. Тогаш им се јавил на единаесетте. Во тој миг со нив бил и апостолот Тома. Како што кажува евангелистот, апостолите му раскажале на Тома за Воскреснатиот, но тој кажал дека додека не ја стави раката во ребрата нема да поверува (Јн. 20, 25). Господ не го осудил неверието, туку ја изобличил упорноста на неговиот ум и карактер, велејќи му: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!" (Јн. 20, 27). Спасителот го укорил Тома за неверието. Тој како да му рекол: „Тома, ти не поверува во она што е кажано од пророците и во тоа што е напишано во писмата. Не поверува ни во она што го слушна од Мене, иако виде многу чуда. Дај ми ги рацете и поверувај!" На овој начин Господ му се обратил на Тома, но и на сите што биле со него во тоа време, а и нам кои денеска ја сочинуваме Црквата. Го потврдил кажаното дека каде што се двајца и тројца собрани во Негово име, таму е и Тој (Мт. 18, 20).


Тогаш апостолот Тома исповедал: „Господ мој и Бог мој!" Сега го гледаме апостолот Тома како одговара на Божјиот повик. Тој сведочи со своето срце, уверен во Христовото Божество, без да бара повеќе докази за воскресението. Тој разбрал дека за Семоќниот Бог е можно дури и она што го надминува човечкиот ум. Никој од учениците Господови не ја искажал оваа вистина пред него. Сето тоа што е таинствено и суштествува, а во себе ги содржи Неговото јавување на луѓето било претскажано од пророците и објавено во старозаветната историја. Било најавувано дека Бог ќе се појави со Својата благодатна сила и неверноста на учениците ќе ја претвори во сила на нашата вера.


Токму затоа и овој настан со апостолот Тома е важен за светата Црква. Преку апостолот Тома, Господ му зборува на целиот свет за Своето величие и воскресение. Преку овој настан Тој и нам ни порачува да живееме според Неговите заповеди и да ги следиме Неговите зборови. На тој начин ќе имаме заедништво со Него и вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин!


Томина недела
Храм „Свети Никола" Долна Маала, Охрид
01.05.2022 год.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: