Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Учениците од МПБ „Св. Климент Охридски“ на посета во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

На покана на игуменот на Бигорската обител, Епископот Антаниски г. Партениј, а со благослов на Ректорот на Богословијата, Митрополит Повардарски […]

На покана на игуменот на Бигорската обител, Епископот Антаниски г. Партениј, а со благослов на Ректорот на Богословијата, Митрополит Повардарски г. Агатангел, учениците при МПБ, од 20 до 21 Ноември, беа во посета на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител.“

Бивајќи срдечно и гостољубиво пречекани од игуменот и братството, младите богослови имаа можност да присуствуваат на целокупен дневен циклус на манастирските богослуженија, кој опфати сеноќно бдение и Божествена Литургија во спомен на Светите небесни бестелесни сили, предводени од нивните Архистратизи Михаил, Гавриил и другите.

По завршетокот на Божествената Литургија и трпезата на љубовта, Епископот г. Партениј ги собра учениците по православно богословие во големиот манастирски синодикон и им подари неколку благослови, татковски поучувајќи ги за нивниот возвишен призив. Во продолжение, на учениците им беше приредена обиколка низ манастирскиот комплекс, при што посебно беа запознаени со Бигорската книгохранителница.

Во име на Ректорот, професорскиот колегиум и учениците при МПБ срдечно ви заблагодаруваме за Вашите благослови, укажаните љубов и чест, како и за можноста за заедничко Христово славословување.

Повеќе на следниот линк:

Славата на Ангелите во Бигорски | † Бигорски манастир (bigorski.org.mk)

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: