Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Дваест и третата седмица по педесетнца

28.11.2021 Во дваест и третата седмица по педесетнца, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија во храмот св.Атанасиј-Лешочки манастир. Говорејќи во својата беседа за почетокот на Божиќниот пост митрополитот г.Јосиф меѓу другото нагласи: Денес (28 Ноември) почнува постот, нека ни е благословен и лесен. Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на раѓањето во тело на Спасителот и Господ наш Исус Христос, Кој заради нашето спасение се воплоти, прими тело и стана Човек за да ја подигне и спаси сета човекова природа. Телесниот пост е само вовед во духовниот и без него нема никаква морална вредност. Ако се воздржуваме од калоричната храна и ако постиме, а вршиме лоши дела, таквиот пост е формален и без секаква духовна вредност. Вистинскиот пост, покрај воздржување од телесна храна, бара воздржување и од лоши мисли и дела.

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: