Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Правило за Божикниот Пост 2021/22

Главна цел на постот е очистување на душата и телото од телесните и духовните страсти, како и прославување на Бога и Неговите светители. Вистинскиот пост има две страни, физичка и духовна. Тој се... Повеќе »
"Правило за Божикниот Пост 2021/22"

Главна цел на постот е очистување на душата и телото од телесните и духовните страсти, како и прославување на Бога и Неговите светители. Вистинскиот пост има две страни, физичка и духовна. Тој се состои од воздржување од мрсна храна, како и воздржување од лоши мисли, желби и дела, умножување на молитвите, милостиња и извршување на сите евангелски добродетели. Затоа, свети Василиј нè предупредува: „Не ги ограничувајте придобивките од постот само на воздржување од храна, бидејќи вистинскиот пост е оддалечување од лошите дела.“ Постот ја задржува страста и уживањето, го прочистува човечкиот ум за тој да може да се вознесува на небото. Без душевен и телесен пост е невозможно стекнување на сосредоточена молитва и на каква било христијанска добродетел, коишто, пак, се најважната цел за да стекнеме заедница со Живиот Бог, и на тој начин, да станеме соучесници на Божјата благодат.

Правило за Божикниот пост 2021/22.jpg

Правило за Божикниот пост 2021/22.pdf

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: