†МПЦ-ОА » МПЦ-ОА - Скопска Епархија » Богојавление во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
Датум на постирање: 2023-01-19 13:30:26
На 19.1.2023 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет; потем Архиепископот, свештенството и бројниот народ, во литија, се упатија кон мостот „Слобода“, кадешто Архиепископот ги освети водите на реката Вардар, положувајќи го во нив чесниот Крст.
Најава преку друга друштвена мрежа