ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Средба со висок гостин од Вселенската Патријаршија

Вчера, на 15.1.2023 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Архиепископската резиденција го прими Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Алкалохориски г. Андреј, од Критската Архиепископија ‒ Вселенска Патријаршија, кој, воедно, е и редовен професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, по предметот Црковна историја. На средбата гостинот му ги пренесе на Архиепископот поздравите и честитките […]

Вчера, на 15.1.2023 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Архиепископската резиденција го прими Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Алкалохориски г. Андреј, од Критската Архиепископија ‒ Вселенска Патријаршија, кој, воедно, е и редовен професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, по предметот Црковна историја.

На средбата гостинот му ги пренесе на Архиепископот поздравите и честитките од Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, по повод божикните чествувања и именденот. Исто така, разговараа и за актуелности во сеправославната екумена, а особено за најновите настани поврзани со Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија. Архиепископот срдечно се заблагодари за посетата и за поздравите, и упати возвратни поздрави до Неговата Сесветост.

Инаку, во претходните денови Високопреосвештениот Митрополит ги посети нашите светилишта во Охрид и свештениот Бигорски манастир.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: