ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Архијерејска Литургија во Лесновскиот манастир

На 12.1.2023 г.,  кога Црквата го прославува споменот на великиот светител од нашето време и од нашиот род – светиот Гаврил Велички, како и споменот на светата маченичка Анисија и на преподобната Теодора Цариградска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во Лесновскиот манастир ,,Свети архангел […]

На 12.1.2023 г.,  кога Црквата го прославува споменот на великиот светител од нашето време и од нашиот род - светиот Гаврил Велички, како и споменот на светата маченичка Анисија и на преподобната Теодора Цариградска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во Лесновскиот манастир ,,Свети архангел Михаил и свети Гаврил Лесновски", обителта во која и се подвизуваше светиот Гаврил, епископот Велички.

На Архиепископот му сослужуваа Митрополитот Волоколамски г. Антониј од Руската Православна Црква и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и свештенослужителите од Руската Православна Црква: митроносниот протојереј Николај Балашов, протојерејот Игор Јакимчук, архимандритот Васијан и јерејот Александар Ершов; свештенослужителите од Романската Православна Црква: протосингел Јован, протојереј Виорел Даниел Падманџиу и јеромонах Лука; протосингел Исак од Брегалничката епархија и протоѓаконот Александар Димитријов и ѓаконот Драган Иванов од Скопската епархија. Многубројниот верен народ се причести со светите Христови тајни.

[foogallery id="5571"]

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: