ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Чествување на патронатот на МПБ

На 06.12.2022 г., свечено беше одбележан патронот на нашата Богословија – свети Климент Охридскиот Чудотворец. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна […]

На 06.12.2022 г., свечено беше одбележан патронот на нашата Богословија – свети Климент Охридскиот Чудотворец. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во храмот „Вознесение Христово“ – Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Ахриепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, Ректорот на Богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Полјански г. Јаков.

По Вечерната богослужба, се одржа свечена академија во МПБ која започна со благословување и прекршување на празничниот колач од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Свеченоста продолжи со поздравното слово од страна на проф. м-р Трајче Јанков, а истата беше збогатена со настап на хорот при МПБ раководен од проф. Игор Величковски.

Како и секоја година и оваа година учениците имаа можност да ги прикажат своите творечки квалитети преку пишувањето на теми и стихотворби. Па така, за најдобри теми беа избрани и наградени следните:

-Првонаградена е темата со наслов „ Добрите дела – сведоштва на нашата внатрешна љубов кон Бога и ближниот“ на учениците Спасе Никовски и Димитар Наумоски.

-Второнаградена е темата со наслов „ Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија – исправена историската неправда кон македонскиот народ“ на ученикот Леонид Саздовски, и

-Третонаградена е темата со наслов „Пророштвата и праобразбите за Пресвета Богородица во Стариот завет“ на ученикот Дамјан Палески.

Што се однесува до поетскиот конкурс, комисијата ги награди следните стихотворби:

-Првонаградена е стихотворбата со наслов „Илјада лета Охридска Архиепископија“ на ученикот Димитар Наумоски.

-Второнаградена е стихотворбата со наслов „Охридски Чудотворец“ на ученикот Лука Пешевски и,

-Третонаградена е стихотворбата со наслов „Свети Климент Охридски“ на ученикот Петар Бојчиноски.

На крајот пред присутните се обрати и ректорот Митрополит Повардарски г. Агатангел, при што му се заблагодари на св. Климент Охридски за застапништвото и молитвите, како и на присутните гости кои беа поканети на вечера во трпезаријата при МПБ со што и заврши прославата.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: