ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Гоце Делчев

Гоце Делчев, е апостолот, идеологот и организаторот на македонското и револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век, учител и војвода, роден во Кукуш  1872 година. Се школувал во Солунската гимназија, а потоа се запишал на Военото училиште во Софија, каде како питомец тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката идеја и литература, за што подоцна бил исклучен од училиштето. Од 1894 година учителствува во Штип, каде и се запознал со Дамјан Груев. Станува  член на ЦК на ТМОРО од 1896-1903 год.
-1 Гоце Делчев, е апостолот, идеологот и организаторот на македонското и револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век, учител и војвода, роден во Кукуш  1872 година.

Се школувал во Солунската гимназија, а потоа се запишал на Военото училиште во Софија, каде како питомец тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката идеја и литература, за што подоцна бил исклучен од училиштето. Од 1894 година учителствува во Штип, каде и се запознал со Дамјан Груев. Станува  член на ЦК на ТМОРО од 1896-1903 год.


Постојано ја обиколува Македонија и работи на создавање на организациона мрежа од здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Својата национална определба и загриженост кон Македонија ја искажува во писмото упатено до Дамјан Груев во кое ќе го запише и следното:

... „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија“.....

Делчев е учесник во 1896 год. на Солунскиот конгрес и заедно со Ѓорче Петров го изработиле  Нацрт-уставот и Нацрт-правилникот  на ТМОРО. Потоа е задграничен претставник на ВМРО во Софија. Водел долга и тешка битка за сопствена македонска револуција и востание против бугарите и врховистите. Се залагал за  самостоен развој на Движењето, за револуционерно и национално осознавање на македонските маси, без разлика на верата и националната припадност. Систематски ги подготвувал Македонците за извојување на политичка автономија на Македонија.  Понесен од желбата за сопствен национален-македонски просперитет меѓу другото пишува и проповеда:

... „Толку ли нема  кој да напише барем една книга на македонски... ”

… „Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да дозволиме да прават политика со Македонија, Нашата борба за нас  тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат, дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание ќе реши народот... ”

... „Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре - во душата на секој селанец да проникне таа идеја... ”

Љубејќи ја Македонија и македонскиот народ и работејќи за нејзиното ослободување, Гоце имал широки разбирања за вистинските односи и соработка меѓу народите, изрекувајќи една мисла која е актуелна и во 21 век:

“Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување

меѓу народите.”

Неговите визии и идеали за Македонија и македонската нација не дочека да ги реализира, загина на 4 мај 1903 год кај селото Баница пред почетокот на Илинденското востание за кое сметаше дека е преурането, недоволно организирано и подложно на туѓи влијанија и интереси.
Svidetelstvo_Goce_Delcev

(Свидетелство, потпишано од Гоце Делчев)

 

Косто Граоркоски

(продолжува)
во следниот број: Кузман Јосифовски-Питу

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: