ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Претседателот на ММДЧП Бил Николов и ММДЧП поднесуваат тужби против режимскиот министер за надворешни работи и против медиум во Македонија

Душан Ристевски

1Dusan

Душан Ристевски

Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи не е пожелен во Австралија

Македонското меѓудржавно движење за човекови права (ММДЧП) во почетокот на годината поднесе тужба против министерот Османи за кршење на човековите права и граѓанските слободи на Македонците.

На протестите во Австралија во 2018 година каде зедоа учество стотици илјади Македонци се донесе резолуција и се бараше владата на Заев да не го ратификува предавничкиот Преспански договор. Но сите тие повици и барања од Дијаспората беа исмејувани и игнорирани. Последиците ги знаеме. Исто се бараше да им се забрани секаков влез во Австралија на премиерот Заев и на сите министри кои го потпишаа тој договор.

Сега владата на Ковачевски која е лигаво продолжение на Заев тргува со Бугарија кон единствената цел-да се уништи македонската нација. Османи и неговото министерство се клучни во ова предавство, играат дволична игра, пред македонската јавнос изнесуваат едно а пред странските фактори прават сплетки и клопки - онаа иста игра што Вашингтон и Брисел со децении ја игра во Косово и Украина. Последиците ги гледаме, страда невиното население додека тие што ги тргаат конците седат на меки фотељи.

На Македонците треба да им е јасно дека на Албанците не им е гајле што се случува со Македонија, тие си ја имаат зацртано својата цел - да формираат голема Албанија како и Бугарите што сонуваат за санстефанска Бугарија. Европската заедница ја подржува нивната цел само поради тоа што во Македонците (политичарите) гледа голема слабост, тие им подлегнуваат на игрите со мито и само да останат на власт.

Дијаспората од сите континенти секогаш била спремна и секогаш помогала за просперитет на Македонија но повеќето од владите немале стратегии за да ја вклучат Дијаспората во развојот на економијата во Републиката или на интернационална политичка сцена каде можат да имаат позитивно влијание. Како пример да се земе Израел кој токму беше создаден од еврејската дијаспора.

Очигледно, сегашната влада има стратегија Македонците во Македонија да ги заузди и им јаничарат на соседите, а пак Македонците во Дијаспората да ги замолчи и го контролира нивниот наратив кој е за просперитет на Македонската нација.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: