ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Петрушевски: Математиката на власта не излегува, Алтернатива и ДС ја напуштија коалицијата, а во најава се т.н. Огнената група на ДУИ

 Петрушевски

1petrus123 Петрушевски

„Ништо драстично нема да се смени, суштината на двоецот ДУИ – СДС беше да го зголемат собраниското мнозинство и да си обезбедат комодитет во носењето на закони“, нагласи Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на радио „Лидер“.

Петрушевски додаде дека математиката на власта која ја планираше со влегување на Алијанса за Албанците во Владата не им излегува.

„Пресметката на власта не им излегла дома. Онаа пресметка дома не им излезе на пазар, Алтернатива со 3 пратеници, Павле Трајанов еден пратеник, тоа се веќе четири, а најава има и од Огнените кои што се најмалку тројца пратеници, и тоа се веќе седум пратеници кои не ја поддржуваат веќе оваа Влада. Но, исто така има најави и за уште некои, ќе видиме дали ќе се охрабрат и дали ќе одолеат на притисокот од власта за да излезат од Владата“, истакна Петрушевски.

Пратеникот посочи дека од вчера веќе Алтернатива со три пратеници, Демократски сојуз со еден пратеник, јавно се изјаснија јавно дека не ја поддржуваат Владата. А, во најава се и три пратеници од Огнените, со што бројот се зголемува на седум пратеници кои и откажуваат послушност на власта.

„На собраниската седница има четири точки и тоа разрешување на министрите од Алтернатива затоа што другите сами поднесоа оставка. Попрецизен да бидам министрите на  Алтернатива ги разрешува Ковачевски. И ако се терминолошки прецизира Алтернатива не излезе од Владата туку е избркана. И на таа точка има голем број на пријавени пратеници, да не кажам сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ“, појасни Петрушевски.

Пратеникот нагласи дека првата точка од собраниската седница ќе потрае.

„И наредните точки се назначувањето на министри, па разрешување на заменици министри и назначување на заменици министри. И тоа исто така ќе потрае“, укажа тој.

„Ние за материјал добивме само едно ливче каде што премиерот бара разрешување и нема друго никакво образложение наведено. На ливчето пишува дека предлага да министрите се разрешат на седницата. А, демократијата подразбира дебата и Ковачевски во експозето заборуваше за се и сешто освен зашто ги разрешува министрите“, нагласи Петрушевски.

Пратеникот рече дека главната преокупација на Владата овие денови е да купи што повеќе пратеници. Дел од пратениците власта се обидува да ги купи со влијание, дел со именување на функционери, а дел со пари.

„Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изнесе сериозни обвинувања лично до Таравари. Таравари вчера се обиде да ги демантира меѓутоа повеќе во еден стил за него претпознатлив е без да одговори да суштинските прашања. Таравари не одговори како купува куќа во Тафталиџе за багателна цена, и исто така не одговори на второто прашање дали воопшто и таа багателна цена е извршена исплата од негова трансакциска сметка. И третото прашање на кое Таравари избегна да одговори е како баш куќата да ја купи од еден пратеник на ДУИ што исто така  е многу сомнително“, појасни Петрушевски.

Тој додаде дека четвртото прашање на кое не одговори Таравари е дали намерно го бојкотираше Села во Тетово за да изгубат и да тој ја презеде партијата.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: