ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Реџеп Челик, Македонски пријател од Турција со АПЕЛ: НЕ Е ПОТРЕБНА ШЕГА ВО ТРАГЕДИЈА

  Реџеп Челик: Македонски пријател од Турција со АПЕЛ: НЕ Е ПОТРЕБНА ШЕГА ВО ТРАГЕДИЈАТА

 

327328254

Реџеп Челик: Македонски пријател од Турција со АПЕЛ: НЕ Е ПОТРЕБНА ШЕГА ВО ТРАГЕДИЈАТА

Почитувани граѓани, без разлика на етничка припадност, возраст, пол и вера, во ситуации на природни катастрофи, вонредни ситуации е повеќе од потреба да се излезе во пресрет и да се помогне на тие кои страдаат од катастрофалниот земјотрес во Турција И Сирија.

Шокирани сме од фактот што некои граѓани, наместо да сочувствуваат со жртвите во Турција и Сирија, кои очекуваат ваша помош во овие тешки моменти, наместо да испраќаат вистинска помомош која им е повеќе од потребна: топла Облека, ќебиња, средства за хигиена, облека за мали деца, засолништа, топлина, да помогнат малку за да им се смали болката на овие луѓе, испраќаат работи кои не се потребни во овие тешки времиња, како свечени халини, венчални фустани, ланчиња и др.

Не се потсмевајте со кутиите за собирање помош, испраќајќи долги фустани, чевли со штикли, ланчиња, кукли и разни предмети кои не ви требаат и сакате да ги фрлите,  бидејќи тоа е грев и надвор од примарната цел на преземената акција.

Овие луѓе кои во моментов страдаат, ги губат своите најблиски, мрзнат на овие минусни температури, немаат потреба од свечена облека бидејќи тие нема да прават свадби, или да да се облекуваат за излез во кафеани!!!

На овие луѓе на кои им е неопходна и добродојдена Вашата помош имаат потреба од топла облека, средства за лична хигиена, детска облека, ќебиња, треба да се загреат со облека според климата и врз основа на трагедијата, но не работи за потсмев.

Ви благодарам за разбирањето.

Поздрав, Ваш пријател Реџеп Челик.

 

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: