ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Романската Православна Црква ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија

Романската Православна Црква ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (10.02.2023 17:02)

Официјалната електронска страница за комуникација со јавноста на Романската Православна Црква, Basilica.ro, денес ја објави Одлуката на Светиот архијерејски синод, од седницата одржана на 9.2.2023 година, а со која се прифаќа признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија. Во официјалното соопштение се вели:

Се прифаќа признавањето на автокефалноста доделена на Црквата од Република Северна Македонија под името „Охридска Архиепископија и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, од страна на Српската Патријаршија преку Синодалниот Томос издаден на 5 јуни 2022 година. Нејзиниот Претстојател ќе биде споменуван со титулата „Блажениот отец Стефан, Архиепископ на Охрид, на Скопје и на Северна Македонија“.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: