ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Сретение на Господа Исуса Христа

На 15. 02. 2023 година, денот кога го прославуваме празникот Сретение на Господа Исуса Христа, во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со светите тајни. Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф истакна: ,,Денес е празникот Сретение, и си спомнуваме за средбата на Бог со човекот, на Спасителот на светот, Господ Исус Христос со старецот Симеон, како претставник на човечкиот род. Денеска прославуваме еден од дванаесетте големи празници, посветен на Сретението на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалимскиот храм, односно, четириесеттиот ден од Неговото раѓање во Витлеемската пештера. Уште во Стариот завет, постоел закон, на четириесетиот ден по раѓањето младенецот заедно со својата мајка, да се претстават пред свештениците за да добијат очистување по раѓањето. Оваа традиција е сочувана и во новозаветната Црква, односно, денеска тоа е Големата молитва, кога, во храмот доаѓаат мајката со својот младенец, за читање на молитви, преку кои добива можност повторно да присуствува на сите богослужби и да ги прима останатите свети тајни, коишто нашата света Црква им ги нуди на своите верници. Браќа и сестри за да се сретнеме со Богомладенецот, потребно е да отфрлиме секаква злоба, секаков грев, секаква лоша мисла. Па така очистени и измиени – духовно и телесно, да бидеме подготвени, со чисто срце и добра мисла, да се сретнеме со Господа Христа. Сите ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм во Тетово, да си го поставиме прашањето, со какво лице и со какви дела сме подготвени за да се сретнеме со нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Потребно е со силна и непоколеблива вера, да бараме прошка за сите наши знајни и незнајни престапи и гревови. Господ Бог, по молитвите на Неговата света Мајка и на праведниот Симеон, нека нè удостои за средба со Него при Второто Негово Доаѓање, за да постанеме учесници во вечното блаженство во небесното Царство".

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: