ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Враќање на легендарниот војвода Апостол Терзиев во Ениџевардарското Блато

Грчката вооружена пропаганда во Македонија – Враќање на легендарниот војвода Апостол Терзиев во Ениџевардарското Блато Легендарниот војвода на Македонската револуционерна борба Апостол Петков кого населението го нарекло „Ениџевардарско сонце“. по Илинденското востание својата база ја сместил во Ениџевардарското езеро или Ениџевардарското блато. Станал страв и трепет за Турците и грчките андарти, а легендата за него преку весниците ќе се прошири ширум светот. Американскиот публицист Алберт Сониксен го нарекува „македонски Робин Худ“, а Фредерик Ковач, го квалификува за „некрунисан крал на вардарските мочуришта“. За грчката писателка Пинелопи Делта, Апостол бил „невидливиот демон кој се чувствува на секаде, но не се гледа никаде“.

Apostol Petkov 01

Грчката вооружена пропаганда во Македонија – Враќање на легендарниот војвода Апостол Терзиев во Ениџевардарското Блато

Легендарниот војвода на Македонската револуционерна борба Апостол Петков кого населението го нарекло „Ениџевардарско сонце“. по Илинденското востание својата база ја сместил во Ениџевардарското езеро или Ениџевардарското блато. Станал страв и трепет за Турците и грчките андарти, а легендата за него преку весниците ќе се прошири ширум светот. Американскиот публицист Алберт Сониксен го нарекува „македонски Робин Худ“, а Фредерик Ковач, го квалификува за „некрунисан крал на вардарските мочуришта“. За грчката писателка Пинелопи Делта, Апостол бил „невидливиот демон кој се чувствува на секаде, но не се гледа никаде“.

Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов, во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“ опишувајќи ги судирите на македонскиоте револуционери со Турците и андартите во Ениџевардаското мочуриште на почетокот на 1905 година пишува:

„Во ова време, Апостол отсуствувал од околијата. Пред два-три месеци тој заминал за Бугарија да зимува и да се врати со материјали. През февруари тој ја помина границата заедно со гевгелискиот војвода Сава Михајлов и со материјали за двете околии. (Четите беа видени од овчари-арнаути и веднаш издадена на властите). На 1 март, двете чети, кои броеја 42 души, беа опкружени во селото Смол (гевгелиско) од војска и башибозук од околните јуручки села. Војводите зазедоа две рида над селото, набрзина се укопаа и го пресретнаа непријателот. Турски засилувања од целата околина се упатуваа непрестано кон местото на судирот. Железниот обрач околу борците сè повеќе се стеснуваше и до вечерта беа убиени сите, со исклучок на двајца. С. Михајлов, гледајќи дека патроните му привршуваат, зеде отров и умре во страшни маки. Во завземените позиции аскерот изброи 40 загинати и врз нив го излеа својат гнев. „Според рускиот офицер Фролов, кој ја следел битката оддалеку, а потоа отишол до самото место, жртвите биле грдо изобличени, голи и со здробени глави ". (Извештај на А. Шопов, 5 март 1905 година).

Материалите натоварени на дваесетина коњи, беа спасени. Уште пред пристигнувањето на четите во Смол, тие беа предадени на Апостоловиот десетар Андон Терзиев кој, подпомогнат од милицијата, успеа да ги префрли преку Вардар. На враќање, сепак, тој беше откриен од Турците и загина во борба кај село Црна река, заедно со својот другар Тано Тумбенчето. Друг Апостолов комита, Пено Педанов, тргнал од мочуриштето, во помош на Андон Терзиев, но не успеал да го достигне. Исто така беше откриен од аскерот кај село Кошиново и загина во борба, заедно со Иван Летата и Ичко Солунчев.

Битката над село Смол е едно од најнесреќните, но и најхеројските по востанието. Радостта на Турците беше неопислива - но најмногу славеше во Солун Хилми паша, кога се установи дека меѓу убиените се наоѓа и Сава Михајлов. И со право, Сава Михајлов идеен револуционер и истовремено голема борбена сила кој ја изврши големата диверзија на железницата кој Гевгелија за време на востанието, беше предопреден за највисоки раководни улоги во организацијата. Главниот инспектор добро го оцени. По предлог на Хилми паша, султанот го награди со орден бригадниот генерал во Гевгелија Едхем паша, го унапреди гевгелискиот кајмакам иво погорен чин сите офицери кои учествувале во битката, ги награди со по една лира војниците, и додели по 10 лири на семејствата на загинале.

Двајцата спасени беа Апостол и неговиот четник Илија Личев. Ранет на неколку места, Апостол се врати во Арџанското блато каде помина некое време. Сè уште со неизлекувани рани, тој се појави во Енџервардарско и се одаде на трескавична работа. Меѓу другото, тој сега ја постави својата база во мочуриштето, со оглед на андартската опасност - тој изгради нови колиби, пософистицирани и утврдени.“

Присуството на Апостол во Блатото не останало долго време тајна за Турците и Грците. Андартските и македонските чамци вршеле блиски и далечна извидувања. Тие често се среќавале и разменувале истрели, придружени со пцовки. Не безделничеле ни Турците, андартските сојузници. Христо Силјанов за овие настани во своето дело пренесува еден дел од расказот на Ст. Хаџиев, еден од другарите на Апостол, во кој тој раскажува:

„Еден неделен ден, во пролетта 1905 година, Мицо Кадијски ни кажа дека турските војници го опкружуваат мочуриштето и се подготвуваат да ги нападнат колибите. Се раздвижија четниците и соопштението се прошири со молскавична брзина во сите колиби. Јас, заедно со Мицо Хаџи Траев и двајца четници, се упативме кон тајната колиба „Корчуфка“, која беше изградена спроти Ениџе-Вардар. Едно утро забележавме дека водните патки летаат кон колибата. Ова беше првото предупредување дека птиците се исплашени од непознати луѓе и дека кон колибата се приближува непријател. Потоа, по неколку минути пристигна со чамец говедарот Гошо, насила земен од Турците како водач. Тој ни кажа дека сме опкружени со војници и дека Апостол веќе се борел со турската војска и андартите во колибата "Длабоко" спроти селото Зорбата.

Колибата "Длабоко" имаше два влеза: еден откај внатрешноста на Блатото и еден откај село Зорба; имаше и трета една тесна патека која водеше исто кон внатрешноста на мочуриштето и која беше позната само на малкумина. По патеката за кон сушата, кон с. Зорба, на едно место се откриваше широко водно пространство, чисто од секакви треви и трска. Турските војници од кај село Зорба, за да се приближат до колибата, требаше да поминат преку тоа водно пространство, премногу опасно за нив, бидејќи можеа да бидат напаѓани од колибата и густата трска на периферијата, но и со таа предност што можеа да се распослат на широк фронт. На влезот на водното пространство, ги оставивме на стража Тодор Крстев, Илија Бугариски и Петар Стоев.

Патот откај внатрешноста го блокиравме, а за излез при потреба и опасност ни остануваше тајната и тесна патека кон внатрешноста на мочуриштето. Во оваа ситуација, турските трупи од кај Зорбата ја нападнаа колибата "Длабоко". Поставената стража, од непозната причини, не отвори оган против турската војска, која се протна на тесниот влез, и ја пуштија да навлезе во широкото водно пространство па дури тогаш почна да пукаат. Турците, сепак успеаја да го рашират фронтот, ги насочија пушките кон стражата и го ранија Илија Бугариски во нозете. Не можејки да се прикријат при влезот, тие двајца четници, Илија Бугариски и Петре Стоев, решаваат да се самоубијат, но живи да не се предадат во рацете на турците. Илија, бидејќи бил ранет, не можел правилно да нанишани и затоа само го ранил Петре во рамото. Меѓутоа, Петре успеал да го убие Илија. Ние, од колибата, отворивме зачестена стрелба кон Турците, кои исто така ни одговорија. Во тоа време Петре Стоев го изгуби присуството на духот и не знаеше што да прави, додека најпосле не се реши да се самоубие со својот нож. Но, и тоа пак не успеа бидејќи неговиот нож паднал од чамецот во водата. Во тој момент Димитар Мечката, од село Зорба, водач на аскерот, се доближил со брод до Петар и му викнал дека турската војска се враќа во с. Зорба. И, навистина, војската се повлече назад, за да се подготви за нов напад, а ние, четниците, ја напуштивме колибата и со чамци по двајца се скривме во густата трска, во внатрешноста на мочуриштето, каде се задржавме цели 17 дена.

Во тоа време војводата Апостол му наредил на својот десетар Димитар Бабјански кој се наоѓал во Корнишорската планина, да изврши некакви убиство и остави белешка дека убиството е извршено од Апостол, за да се одвлече вниманието на Турците. Димитар Бабјански постапил, како што заповедал војводата, а поголемиот дел од турската војска отишол во Пајак за да го брка Апостол. Вториот, со дел од својата чета, го напуштил мочуриштето и му се приклучил на Бабјански во планината каде што, два дена потоа, на 29 јуни - Петровден, стана крвопролевање. По битката, Апостол повторно се вратил на Блатото.

Во меѓувреме, Турците успеале да го освојат делот спроти Ениџе-Вардар. Тие запалиле поголем дел од завземените колиби, а во неколку неопожарени не задоцнија да се настанат нивните андартски пријатели. Малку војници останале да ги чуваат чамците оставени на брегот. Четничките одделенија подоцна ги истераа војниците, уништија дел од турските чамци и дел ги однесоа во внатрешноста на мочуриштето. Грците, од новите бази крај западниот брег презедоа напад против "Губушевата колиба", но беа лесно одбиени. Турците ја нападнаа колибата „Редот“ со артилерија, но ниту една од гранатите не ја погоди целта. Заштитниците на „Редот“ се повлекле во колибите спроти Голото село.“

Во 1906 година, борбите во и околу Блатото земаа поголеми размери. И Турците и Грците станаа подрски, но сите напори ги разби Апостол и неговите луѓе. Во таа година Апостол имаше неколку важни посети, од кои неколку се речиси сензационални. Опишувајќи ги овие посети Силјанов ќе забележи:

„Во принцип, Апостол беше често посетуван од блиски и далечни гости. Д.аме Груев, за време на големата обиколка, која ја презеде после востанието, го посети Апостол во мочуриштето. Во летото истата 1904 година, во мочуриштето, поминал извесно време во Христо Чернопеев, воденскиот околиски војвода, Лука Иванов и Ѓорче Петров, кој си отиде со премногу непријатни спомени од комарците. Две години подоцна Борис Сарафов, за време на својата ревизиска обиколка истото така го посети Блатото и помина неколку дена во Корчуфка.

Во последните денови на февруари 1906 година во мочуриштето пристигна Лука Иванов, заедно со еден странец кого воденските четници го нарекуваа "Американецот". Новиот гостин беше американскиот новинар и писател Алберт Сониксен. На Апостоловите момчиња направи впечаток дека "американецот" го познава нивниот мајчин јазик и дека Лука се однесува кон него како кон внатрешен човек на организацијата.“

Во 1907 година, по враќањето во САД, Алберт Сониксен објавил серија написи во кои се појавува како заштитник на македонската ослободителна кауза. Во 1909 година тој ги објавува своите спомени од престојот во Ениџевардарското езеро и Битола во книгата „Исповед на еден македонски четник“. Во неа тој ги опишува своите искуства од престојот во Македонија и дава една широка слика за природата на Македонија, обичаите и проблемите на населението, страдањата на македонскиот народ и неговата револуционерна борба. Вредноста на оваа книга е што тој направи вистината за македонската револуционерна борба против турскиот режим и андартските чети на грчката вооружена пропаганда да стане достапна за светот, покажувајќи ја притоа суровата и непријатна реалност во која тогаш владеела во Македонија.

(продолжува)

Подготвил Т. Каранфилов

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: