ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Мицкоски: Ќе одговараат сите од прв до последен

  Мицкоски: Власта Македонија ја става во подредена положба и ги уништува народните ресурси, за тоа ќе одговараат сите од прв до последен
Hristijan

 

Мицкоски: Власта Македонија ја става во подредена положба и ги уништува народните ресурси, за тоа ќе одговараат сите од прв до последен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Аеродром каде што во рамките на активноста „Промени на дело“ присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности на новиот парк „Радост“. Запрашан за коментар за вчерашниот одговор од страна на влада за новите сознанија кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување подолга работна недела за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-Д од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“, Мицкоски вели дека вчерашниот владин одговор не заслужува никаков коментар, но посочи дека тоа е кривично дело.

Мицкоски истакна дека со тоа Македонија свесно се става во подредена положба на која и се уништуваат народните ресурси и за тоа сите до еден еден ден ќе одговараат.


„Јас повторно ќе го повторам она што го кажав, се срамам поради нивниот срам. Она што вчера на отворена сцена го правеа не доликува на луѓе кои што на крајот од денот оваа држава им ги обезбедила основните и елементарни права, на крајот од денот ги образувала бесплатно, еве барем до тука да се задржеме. Тоа што тие го кажуваа вчера не заслужува буквално никаков кометар, но сакам уште еднаш да ги предупредам, дека свесно ја ставаат државата во подредена положба. Тоа е кривично дело и не знам, ќе повторам, колку сериозно ме сфаќаат, но за ова кривично дело од првиот до последниот ќе одговараат. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера во детал да навлезе во ова што тие го превземаа како обврска и бидејќи ја ставаат свесно државата во подредена улога, а со тоа и ги уништуваат народните ресурси, јас јавно кажувам еве повторно, вчера го кажав тоа и денеска ќе го кажам, ќе одговараат. За ова има да одговараат“, рече Мицкоски.

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: