ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Пасхална богослужба во Соборниот храм

На 16.4.2023 лето Господово, во денот во кој Црквата го прославува светлото Христово Воскресение, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Пасхална Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Торжествената прослава на победата на животот над смртта започна во ноќта на 15 спроти 16 април со раздавање на светиот Благодатен Оган, […]

На 16.4.2023 лето Господово, во денот во кој Црквата го прославува светлото Христово Воскресение, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Пасхална Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Торжествената прослава на победата на животот над смртта започна во ноќта на 15 спроти 16 април со раздавање на светиот Благодатен Оган, по што беше отслужена Пасхална Полуноќница. На неа, радосно пеејќи „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите го воспеваат на небесата, а и нас на земјата удостој нè, со чисто срце да Те славиме“, Архиепископот, свештенослужителите и верниот народ извршија трократен опход околу Соборниот храм. Изутринава, пак, Архиепископот претстојуваше на Пасхалната Литургија на која беше прочитано и Велигденското послание на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква. По завршетокот на Литургијата, беше прочитано пасхалното Евангелие на многу јазици.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: