†МПЦ-ОА »

Објави од службените интернет страни на одделни МПЦ-ОА епархии и установи.
  • Недела на Самарјанката – Канонизација на игуменот Јоаким Крч...

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалничлки г. Иларион, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент и епископ Стобиски г. Јаков.  На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил.На Божествената Литургија верниот народ се причести ...

    Comments: 0   View more...

  • Eвангелист Јован Богослов

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    21.05.2022 На празникот св. ап. евангелист Јован Богослов во параклисот посветен на денешниот светител во с. Отушиште-Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф направи мал водосвет и го благослови и прекрши празничниот ...

    Comments: 0   View more...

  • Св. Атанасиј Велики - Лешок

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    На 15.05.2022 година, го прославивме споменот на св. Атанасиј - пренесувањето на неговите мошти. Во негова чест, во манастирот „Св. Атанасиј Велики - Лешок беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,во сослужение на митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј . Верниот народ се причести со светите тајни.По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г.Јосиф се обрати кон верните чеда со пригодна беседа на која меѓу другото нагласи: Денеска светата Црква го прославува споменот на големиот црковен учител светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, кој живеел во четвртиот век. Светиот Атанасиј, на кого е и посветен овој храм овде во славниот Лешочки манастир ,со својот живот, со своето делување и со својата извонредна интелектуална дарба, но уште повеќе со својата силна и непоколеблива вера, ќе биде светлина која ќе свети и ќе ги осветлува тогашните простори на Византиското Царство. Со својата ученост и ...

    Comments: 0   View more...

  • Недела на жените мироносоци

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    08.05.2022 Недела на жените мироносоци, ап.еванг. Марко,митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија во Лешочкиот манастир. Верниот народ се причести со светите тајни. Говорејки за жените мироносици митрополитот г. Јосиф нагласи: Браќа и сестри, оваа Трета недела по Велигден, е посветена на Жените Мироносици, кои го придружувале Христа во најтешките моменти од Неговиот Живот. Овие свети жени го следеле Христа нашиот Спасител, кога Он бил малтретиран, биен, шамаран, кога невино бил осуден на смрт, и кога на главата му ставиле трнов венец, а го следеле и при Неговото распнување на Крст на Голгота. Овој празник го добил своето име според жените мироносици, затоа што тие први пристигнале кон гробот Господов и со миро сакале да го помазаат Телото на Господа Исуса Христа. Тие преку тоа ја покажале нивната вера, нивната љубов кон Господа. Овие жени биле сведоци на смртта на Христа Спасителот, и проповедници на Неговото Воскресение.Овие свети жени, заслужуваат голема почит, бидејќи покажале невидена храброст, и ни укажале како ...

    Comments: 0   View more...

  • Cв. Георги Победоносец во Мала Речица -Тетово

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    06.05.2022 Во манастирот Cв. Георги Победоносец во Мала Речица -Тетово, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги благослови кумските лебови и изврши водосвет. Митрополитот во својата беседа меѓудругото нагласи:денеска кога го прославуваме светиот великомаченик Георги Победоносец, кој својата вера, својата надеж и својата припадност кон Христа ја запечатил и со сопствената крв, пострадувајќи за светата ни вера, нè учи како да се угледаме на него и како тој сите овие прописи и закони што ги бара од нас светата православна црква ги исполнувал, живеел и посведочил со својот сопствен живот. Да се обратиме со искрена молитва кон него тој да биде наш молитвеник, за да ни ја закрепи и умножи љубовта кон Господа, но и кон нашите блиски и познати, за да можеме да го сведочиме Христа на секое место каде што се движиме и работиме. По молитвите на свети Георги, Господ нека ни ги услиши молитвите и ни подари сè што е спасоносно за нашите души и вечен ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-05-24 19:00:07 by: Сард

    „Откако го насеа православнато учење, го исече трњето на погрешното учење и го умножи семето на верата, со Духот пор4осено. Затоа те воспеваме, преподобен Атанасие“ (кондак на утрена на св. Атанасиј Велики).   На 15.05.2022 година, во Неделата на раслабениот и на празникот пренос на моштите на св. Атанасиј Велики и на св. мч-ци Борис и Глеб, во храмот „Св. Атанасиј Велики“ во с. Премка, Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговотото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Повод за овој наш собир беше и Јубилејот 150 години од сликањето на фреските на влезот од храмот. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-05-24 19:00:07 by: Сард

    „На жените мироносици си им заповедал да се радуваат, плачот на прамајката Ева си го прекратил со Твоето Воскресение, Христе Боже, а на Твоите апостоли си им наредил да проповедаат: Спасителот воскресна од гробот“ (кондак на Утрена во Неделата на жените мироносици).   На 08.05.2022 година, во Неделата на жените мироносици, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-05-24 19:00:07 by: Сард

    „Како пролет ни засветли - светлото Господово и божествено воскресение, од земната кон небесната Пасха преведувајќи не. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот Маченик Георгија, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“ (светилен на Утрена на св. вмч. Георгиј Победоносец).   И покрај сите препреки што ни се испречија годинивие наназад, свечената Струша литија - Еордија, не престана да им светли на стружани и на околните жители, секогаш потсетувајќи ги верните чеда за силата на православието и за силата на Христовото Воскресение, нешта што ги зацврстуваат и засилуваат верата, надежта и љубовта во оние кои веруваат и се надеваат на Христовото Воскресение. Оваа година, свечената еордија се врати во сиот полн сјај, благодарение на пожртвуваната љубов и грижа на струшките свештеници, на братствата и сестринствата од Бигорскиот, Рајчичкиот и Пречистанскиот манастир, а сето ова со благослов на нашиот духовен водач - Митрополитот Тимотеј. Според обичајот, на 07.05.2022 година, ден по прославата на светиот великомаченик ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-05-24 19:00:07 by: Сард

    „Дојдете сите вие кои го славите сепразничното, светло и славно Воскресение, пак да го празнуваме светлото торжество на маченикот Георгија, и со пролетни цветови, како непобедлив, да го овенчаме, та, по неговите молитви, да примиме избавување од неволјите и од гревовите“ (хвалитна стихира на Утрена на св. вмч. Георгиј).   Прославувањето на великиот маченик, победоносец и чудотворец Георгиј започна во вечерните часови на 05.05.2022 година, со празнична Вечерна богослужба, во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое го восфали Христовото Воскресение, но и великиот подвиг на светителот, кој со својата пожртвувана љубов си го ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-05-24 19:00:07 by: Сард

    „Христос му велеше на Тома: Допри ме, бидејќи сакаш; стави ја раката и сфати дека имам коски и земно тело, и не биди неверен, туку заедно со другите уври се! А тој извика: Ти си мојот Бог и Господ! Слава на Твоето Воскресение!“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).   На 01.05.2022 година, во Неделата по Пасха - Томина недела, во храмот „Св. Никола Мирликиски“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештеникот Сашо Ристески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Преподобниот Јоаким Крчовски канонизиран за светител

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Преподобниот Јоаким Крчовски канонизиран за светител (22.05.2022 17:23) На денешната Света Литургија во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со членови од Светиот Архиерејски Синод и свештенослужители од повеќе епархии, преподобниот игумен Јоаким Крчовски беше вброен во Диптихот на Светиите. Притоа беше одредено неговиот спомен да се празнува на 23 мај по новиот стил. Во текот на својот живот Јоаким Крчоски објавил пет книги, а одиграл голема улога во просветувањето на народот во кривопаланечко. Иако нема точен податок за тоа каде е роден, се верува дека е од Кичево (оттаму од епитетот Крчоски, според турската варијанта на името на градот, Крчова), но сепак најголемиот дел го поминал во Крива Паланка. Преподобниот Јоаким Крчовски е автор на следниве дела: „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим; „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена исто 1814 г. во Будим; „Чудеса Пресвјатија Богородици“, 1817 г. во Будим; ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Соопштение (20.05.2022 18:57) Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација  на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј.             На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.             Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество.                                                               Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА ...

    Comments: 0   View more...

  • Света Архиерејска Литургија во Белград

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Воспоставување литургиско и канонско општење помеѓу СПЦ и МПЦ – ...

    Comments: 0   View more...

  • МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград (19.05.2022 06:50) Во Белград, денес, како што најави Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), ќе се одржи првата литургија заедно со Македонската Православна Црква (МПЦ). Светиот Синод на МПЦ, вчера, на вонредна седница ја прифати поканата од СПЦ и соопшти дека на литургијата на која ќе биде и Српскиот патријарх Порфириј ќе учествуваат поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и тројцата највозрасни митрополити –  Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, како и викарниот епископ Хераклејски г. Климент. Во соопштението на СПЦ оваа литургија е наречена „помирување“. ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во с. Куклиш

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Божествена Литургија во с. Куклиш (15.05.2022 11:01) Денес, кога Црквата Божја го празнува споменот на преносот на моштите на Свети Атанасиј Велики и на светите маченици Борис и Глеб, Викарниот епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на свети Атанасиј Велики во с. Куклиш.                                                                          ...

    Comments: 0   View more...

  • Сooпштение

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Од Вселенската ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во манастирот на „Свети Архангел Михаил“, во Берово, и панихида на манастирските гробишта

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Божествена Литургија во манастирот на „Свети Архангел Михаил“, во Берово, и панихида на манастирските гробишта (03.05.2022 19:23) Денес, кога Црквата го празнува споменот на препеподобен Теодор Трихин, преподобен Анастасиј Синајски и кога се навршуваат 40 дена од упокојувањето на сестра Синклитикија, викарниот епископ Стобиски г. Јаков, со благослов и во присуство на Митрополитот Струмички г. Наум, отслужи Божествена Литургија во манастирот на „Свети Архангел Михаил“, во Берово, и панихида на манастирските гробишта.                                ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во Струмица

    Posted 2022-05-24 18:59:57 by: Сард

    Недела на свети апостол ...

    Comments: 0   View more...

  • Торжествено сослужување на претстојателите на СПЦ и МПЦ

    Posted 2022-05-24 17:12:39 by: Сард

    На 24 мај 2022 г. во денот кога Црквата го прославува поменот на сесловенските учители и просветители, Солунските браќа Кирил и Методиј, во Соборниот храм во Скопје, посветен на нивниот најславен ученик, светиот Климент Охридски,  се случи многу радосен настан – беше отслужена Божествена Литургија на која чиноначалствуваа претстојателите на Српската Православна Црква, Неговата Светост ...

    Comments: 0   View more...

  • Св. Кирил и Методиј - Сесловенски Просветители и Учители

    Posted 2022-05-24 10:00:00 by: Сард

    {artsexylightbox singleImage="images/stories/24-05-22/01.jpg" path="images/stories/24-05-22/" previewHeight="150" previewWidth="200"}{/artsexylightbox} На Св. Кирил и Методиј - Сесловенските Просветители и Учители во Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје На 24.05.2022 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Сесловенските Просветители и Учители, светите браќа Кирил и Методиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше на Светата Божествена Литургија, на која чиноначалствуваа Патријархот на Српската Православна Црква г.г. Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и Архиереи на Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, ...

    Comments: 0   View more...

  • Во канонска посета на МПЦ, пристигна Патријархот Српски г. г. Порфириј, заедно со архијереи на СПЦ

    Posted 2022-05-23 18:16:56 by: Сард

    Денес, на 23 мај, во попладневните часови, во канонска посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија пристигна Патријархот Српски г. г. Порфириј, заедно со архијереите на Српската Православна Црква: Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј и Нивните преосвештенства, Епископот Сремски г. Василиј, Епископот Бачки г. Иринеј, Епископот Зворничко-тузлански г. Фотиј, Епископот Крушевачки г. Давид, ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение: Српскиот патријарх Порфириј во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

    Posted 2022-05-23 10:45:14 by: Сард

    Одговарајќи со радост на поканата од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј со свештена придружба ќе ја посети Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на... Повеќе ...

    Comments: 0   View more...

  • Света Литургија за празникот на Св. Преподобен Јоаким Крчовски

    Posted 2022-05-23 09:17:28 by: Сард

    На 23.05.2022 година, кога се празнува споменот на Св. Преподобен Јоаким Крчовски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во манастирот свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата... Повеќе ...

    Comments: 0   View more...