БлогМК - Дигитал Аеропагус »

  • Задачата на православната Црква денес

    Posted 2021-02-22 20:28:34 by: Сард

    Од беседата на српскиот патријарх Порфириј на востоличувањето (19. февруари 2021)           Првенствена задача на Црквата не е да создава подобри услови за живеење; првенствена задача на Црквата не е да се труди да решава каков било вид социјални, политички, психолошки и други проблеми. Во Црква доаѓаме на Света литургија, за тука да го допреме и ...

    Comments: 0   View more...

  • Интервју со проф. Георги Каприев

    Posted 2021-01-01 22:49:04 by: Сард

    Интервјуто е објавено во бугарскиот весник Дневник на 30. декември 2020 г. со наслов “Проф. Георги Каприев за македонското прашање: Бугарија не треба да се стилизира како непријател”. Во текот на 2020 г. зборот „историја“ влезе на голема врата во речникот на јавноста во врска со ставеното вето од бугарска страна на почетокот од пристапните ...

    Comments: 0   View more...

  • Митрополитот Волоколамски Ирарион за пандемијата, ревноста и пастирската грижа

    Posted 2020-11-24 19:56:09 by: Сард

    „Би сакал да ги повикам сите верници на Српската православна Црква многу ревносно да ги запазуваат сите карантински мерки што санитарните власти ги пропишуваат. Кога ги следев телевизиските кадри од погребението на владиката Амфилохиј имав подвоени чувства. Од една страна, се радував што таму десетивци илјади православни луѓе излегоа да се поздрават со истакнатиот ерарх ...

    Comments: 0   View more...

  • Забраните, довербата и авторитетот во контекст на пандемијата КОВИД-19

    Posted 2020-08-16 16:36:06 by: Сард

    Веќе пет месеци живееме во услови на пандемија. Би било разумно врз основа на тоа искуство да се планираат следните чекори за справување со состојбата. Што можеме да научиме од досегашниот тек на нештата? На прво место, дека рестриктивните мерки не само што не се ефикасни на долг рок, туку се и контрапродуктивни. Ограничувањето на ...

    Comments: 0   View more...

  • Тотален суверенитет

    Posted 2020-07-10 17:30:44 by: Сард

    Кому не му е јасно зошто „тоталниот суверенитет“ е неодржлив концепт во денешно време и кој мисли дека следењето на заедничките стандарди и одлуки претставува „мешање однадвор“ и „негирање на самостојноста“ – нека ги следи случувањата во Турција поврзани со самоволното поништување на одлуката од 1934 година со која Света Софија во Истанбул е прогласена ...

    Comments: 0   View more...

  • Прост народ (sic!)

    Posted 2020-06-18 21:03:52 by: Сард

    Правам муабет денес со еден мајстор, одговорен и чесен човек, со семејство и деца. Јас со заштитна маска цело време, тој без. „Која превара е ова со коронава што ја измислија…“, почна да ми прави муабет. Не му притивречев. Само се насмевнав (колку што можев со маската на лице) и брзо сменив тема. Размислувам и, ...

    Comments: 0   View more...

  • Преумувањето на туризмот

    Posted 2020-06-15 19:25:44 by: Сард

    Размислувам, можеби и нема да е лошо годинава да ја поминеме “туристичката сезона” дома. Тоа е убава можност да се свртиме кон себеси и да ја согледаме сопствената земја како туристичка дестинација, а не како земја од која за одмор треба да се излезе, земја со еден и единствен туристички центар. Неспорно, Охрид и езерото ...

    Comments: 0   View more...

  • Црните и белите мантили

    Posted 2020-05-02 11:53:24 by: Сард

    „Црните и белите мантили“ во минатото биле неразделни. Свештениците и лекарите не само што соработувале и взаемно се почитувале, туку многу често едни и исти личности биле свештеници и лекари истовремено. Изразот „чисто како во аптека“ во својата заборавена изворна форма гласи: „чисто како во Црква“. Но, што се случува сега? Зошто заедничката борба на ...

    Comments: 0   View more...

  • Подвигот на Страдалната седмица денес

    Posted 2020-04-15 22:10:58 by: Сард

    Еве го и третиот и последен празничен документарец снимен со д-р Исмет Кочан пред три години, посветен на Христовото Воскресение (Велигден). Нарацијата е на Сеад Мухиќ, а чудесните кадри пред вас се од камерата на мојот драг пријател од генерација од Орце Николов, Филип Јорданов. Го слушам моето кажување од документарецот и гледам колку нештата ...

    Comments: 0   View more...

  • Инфицирано општество

    Posted 2020-04-13 13:47:17 by: Сард

    Коронавирусот има една незгодна особина – го провоцира одбранбениот систем на организмот и предизвикува тој несразмерно силно да реагира. Така, наместо да го уништи вирусот, одбраната почнува да го оштетува здравото ткиво и, на тој начин, предизвикува последици поопасни и пофатални од самиот вирус. Имам впечаток опсасноста од аналогни процеси на општествен план е многу ...

    Comments: 0   View more...