
Posted
2022-07-17 11:12:37 by: Сард
Светите Апостоли
(11.07.2022 20:30)
„А Он им рече: ’А вие, за кого Ме мислите?‘ Симон Петар одговори и рече: ’Ти си Христос, Синот на живиот Бог‘. Тогаш Исус му одговори и рече: ’Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Кој е на Небесата. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. И ќе ти ги дадам клучевите од Небесното Царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на Небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на Небесата‘“ (Матеј 16, 13–19).
Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата вера и својот опит. Господ Исус ги праша сите Апостоли, но согласно воспоставениот ред, којшто до денешен ден важи во Православната Црква, првиот меѓу еднаквите по чест го објави мислењето на сите и проговори во име на сите. Или, некој си мисли дека останатите Апостоли така случајно Го следеа Богочовекот Христос и немаа што да кажат, па вади и погрешни ...
View more...
Login with a social network