
Posted
2021-02-28 15:02:20 by: Сард
„Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме“ (кондак на Утрена во Недела на блудниот син).
На 28.02.2021 година, во параклисот посветен на преподобните Пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Макариј, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја ...
View more...
Login with a social network