ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Улогата на жената во православното христијанството

Улогата на жената во православното христијанството Прашањето за улогата и поставеноста на жената, било актуелно низ историјата како во различните култури, и општествени уредувања, така и во различните религиозни и философски правци.Ова прашање произлегува веројатно од различните природни дарови кој им се дадени на мажот и жената, кој се две половини и кој надополнувајќи се во заедницата на бракот стануваат една целина, едно битие. За жал во текот на историјата жената и нејзината непроценлива вредност, како мајка, сопруга, столб на семејството, била потенувана и често жената била подложена на малтретирања. Истото се случува и денес кога жената е подложувана на семејно насилство. Во времето пред доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, постоело убедување дека жената по природа е послаба и помалку вредна од мажот, па поради тоа мора да му биде потчинета. Во Стариот Завет, нејзината улога во семејството и друштвениот живот била без никаква вредност. Жената била оставана од мажот поради разни ситници, како на пример невкусен ручек, или доколку тој најде подобра. Не е нималку чудно зошто фарисеите Го прашувале Христос: „ Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина? “ Христос тогаш им одговорил дека тоа им било допуштено заради нивното жестоко срце. Бог не бил така немилостив за да им даде таков закон, туку така допуштил поради нивната жестокосрдечност. Бог познавајќи ја бесчовечноста, дека мажот кој што не си ја сакал жената, лесно можел да ја убие или да изврши јавна прељуба, допуштил, а не заповедал, таквиот маж да ја остави својата жена. Овој недостаток бил многу жален и кобен, па затоа во Стариот Завет, доаѓа до уште еден плод на машкото сладострастие - полигамијата, која никогаш во природата на човекот, особено во природата на жената не била пофалувана и сметана како нешто добро. Во неа, жената претставува предмет кој на мажот му служи за наслада, предмет кој по значење е еднаков со неговиот имот, предмет кој се спушта на овосветовните желби, се сведува на особа која ги задоволува исклучиво животинските инстинкти на мажот. Во неа таа била третирана како робинка меѓу останатите робинки, кои на мажот му претставувале имот чуван во некој харем под стража. Тука, нема ниту збор за искрената брачна љубов, каква што е во христијанството, туку во најмала рака, само љубоморни испади од страна на угнетуваните и обезвреднетите жени. Но тука сме да го чуеме ставот на православното христијанство во врска со жената. Троичниот Бог го создал целиот свет, сета видлива и невидлива природа и човекот како круна на сето свое создание. Човекот е создаден како единствено интегрално битие од душа и тело. Човекот е создаден според образот и подобието Божјо, со цел да биде во заедница со Бога и да се радува на таа заедница. Првиот човек е Адам а, од неговото ребро е создадена жената за да му биде помошница во се. Самиот збор пол означува една половина која има свои лични особености,а, која за цел го има соединувањето со другата половина во рамките на полнотата на брачната заедница. Така мажот и жената еден со друг треба да се надополнуваат. Но Бог не сакал човекот да биде роб, туку слободен налик на својот Создател. За да можат првите луѓе прародителите Адам и Ева да се вежбаат во својата слободна љубов кон Бога, Бог им дал заповед од секое дрво и растение во рајската градина да јадат освен од дрвото за познавање на доброто и злото да не јадат зошто во оној ден кога од него ќе вкусат ќе умрат. Пред да го создаде материјалниот видливиот Бог го создал невидливиот свет,односно ангелите, но дел од нив се погордеале и отпаднале од Бога и постанале демони. Така демонот користејќи ја змијата ја наговорил Ева да јаде а, потоа таа му дала и на мажа си Адама и двајцата јаделе од забранетото дрво. Со тоа слободно избрале да бидат без Бог, односно покажале дека нивната љубов кон Бога е недоволна. Како последица на нивниот слободен избор, благодатта Божја се повлекла од нив и смртта и болестите влегле во човековата природа. Прво духовната смрт која се состои во прекинот на заедницата со Бога а, потоа и телесната која подразбира разделба на душата од телото. Во овој конекст Ева тоест жената е таа која што прва ја прекршува Божјата заповед, но Бог кој е премудар во се онака како што гревот влезе преку жената и спасението дојде преку жена. Односно Синот Божји второто лице на Пресвета Троица се воплоти тоест прими човечка природа од девојката и вечно Дева Марија и од Светиот Дух. Оваа голема тајна на спасението се случи токму преку жената, и оттука веќе може да се види ставот на Православното христијанство кон жената. Жената за православното христијанство не е воопшто понизена зошто преку неа се случува спасението, најважниот настан во човековата историја. Потоа жените мироносици биле тие што Христа Бога го следеле во моментите на неговото распнување, како и први кој ја пренеле веста за Христовото Воскресение на апостолите и на светот. Светата Православна Црква се удостоила со мноштво жени светителки и маченички. Меѓу светителките да ја спомнеме света Петка, а меѓу маченичките да ги споменеме светите маченички Варвара, Јулијана, Анастасија, светата Лидија Македонска, света Злата Мегленска и мноштво други. Тие со својот живот, вера и храброст, ја покажаа својата верност и одданост кон Христа Бога и верата и на тој начин покажаа дека жената има голем потенцијал кога станува збор за практицирањето и живеењето според евангелските начела на православната христијанска вера. Светитеклите и маченичките достоинството на жената го извишија на највисок пиедестал. Оттука значењето на жената за православната вера е непроценливо важна.Но која е денес улогота на жената во Црквата, во семејството во бракот, кој се нејзините етички и морални задолженија?Жената како и мажот е рамноправен член на Црквата. Таа има право да доаѓа на светите Богослуженија, да се причестува со светите тајни Христови, да склопува црковен брак, да помага во православните храмови, и се разбира да се подвизува живеејќи подвижнички живот на Црквата, да се замонаши итн.. Единствената разлика кога станува збор за разликата меѓу членстото на мажот и членството на жената во Црквата е тоа што жените не можат да бидат членови на клирот на Православната Црква. Тоа е од причина што свештенството е поврзано со татковството, свештеникот е духовен татко, а таткото е маж, и затоа што таква била волјата Божја, апостолите биле мажи. Каков треба да биде карактерот на жената за тоа ни зборува светиот апостол Павле, кој вели дека карактерот треба да биде сообразен со нејзината природа и дарови од Бога. Односно жената треба да има блага нарав, да биде скромна и како вели апостолот да обрнува пред се внимане на нејзината внатрешна убавина. Убавината ваша да биде во скромниот и тих дух во побожноста ваша, а не во плетењето коси и украсувањето со злато. Се разбира Православната Црква нема ништо против тоа жената да води грижа за својата убавина, но да не се става акцентот на тоа туку на внатрешното украсување со добродетели, и дотерувањето да не биде нападно, да не води во неморал и во соблазна туку да биде скромно и достоинствено. Семејството според Православната Црква е мала Црква, а во неа местото на жената е особено значајно. Ако мажот е надарен со дарот на татковство жената е надарена со специфичниот дар на мајчинство. Во утробата на жената се случува една голема тајна, се зачнува еден нов живот. Потоа се раѓа еден нов живот. Улогата на жената во семејството како мала Црква е особено голема, бидејќи нејзината нежност игра голема улога во воспитувањето на децата. Жената треба да ги воспитува децата во духот на евангелските заповеди, да се грижи да ги научи на љубов и кон Бога и кон своите ближни. Не случајно во нашите стари семејства жената била столб и стожер на чистотата на православната вера. Жената како сопруга во христијанскиот брак кој што е светиња, со својата љубов го поткрепува мажот да живее според Божествените начела. Есхатолошката песпектива е подеднакво отворена и за мажот и за жената. Христос дојде во овој свет да ги повика сите луѓе кон подвиг кој ќе води до Царството Небесно. Затоа апостолот Павле ни порачува дека во Христа нема ниту машки нити женски пол туку сите се едно во него. Оние украси со кој се вреднувала жената во стариот незнабожечки свет како што се убавината, китењето со украси и слично во новиот завет се заменети со вистински добродетели како што се верата љубовта надежта, скромноста и чистотата. Оттука гледаме дека жената и мажот се рамноправни , но иако Црквата ја потврдува нивната рамноправност сепак не ја порекнува различноста на природата на мажот и жената, но не со цел да ја понижи жената, туку токму различноста на нејзината природа ја покажува нејзината оргиналност. Ние веќе кажавме дека жената во Христијанството е еднаква со мажот во областа на нејзиниот духовен повик, во тоа дека и таа е подеднакво личност, како што е и тој. Но, ние не можеме да порекнеме дека таа воедно е и различна од мажот, но различна во нејзините особини како жена. Денеска во контекстот на модерното феминистичко движење, постои борба за еднаквост меѓу половите. Таа борба, како што веќе претходно објаснивме, си има своја историја, свое објаснување во тоа дека жената била разбрана како инфериорно, потчинето суштество во однос на мажот. Низ историјата таа живеела еден паразитски живот, а била многу сиромашно образована. Толпа од жени останувале надвор од културата, медицината, политиката и социјалниот живот, сé со цел да се истакне дистанцата и разликата помеѓу мажот и жената. Многумина се згадувале од нејзината положба, бидејќи била третирана само како декорација, како предмет, кој на мажот му е за еднострана употреба, предмет за кој што не постојат никакви свети чувства, предмет, кој само предизвикува ниско задоволство. Но, што се случува: жената, разбрана како роб, прави погрешен чекор, таа сега започнува да му се осветува на мажот – својот господар, таа станува против него, се бори против него, ги присвојува мажествените карактеристики, борбеност,тонови на агресивност итн. Тие карактеристики сé повеќе ја привлекуваат современата жена, чија цел е да се претвори во маж, притоа губејќи ги нејзините вистински вредности, нејзините женствени црти како нежноста, чувствителноста, природното барање на потпора во нејзиниот живот, чистотата, саможртвувањето, заштитата на слабиот и секако мајчинството. Ваквата освета во борбата за еднаквост ја прави жената агресивна и ја поставува како соперник на мажот. Таа станува еднаква но, нејзината чувствителност се истрошува, а како последица од тоа е губењето на својата личност и на своето вистинско достоинство. Еве на пример, денешната економска еволуција го прифаќа дивиот брак, кој е без никакви обврски, брак кој е разбран само како социјална положба. Жената е способна да го сопре ваквото гледиште и разбирање на бракот, но може и да направи погрешен чекор односно да го прифати. Имено, двојката живее во хотел, а децата сместени во интернатски училишта се препуштени на морална сиромаштија. И што потоа? Современиот и динамичниот живот ги зема своите жртви. Родителите добиваат деца, кои се духовно сиромашни и кои незнаат да се соочат со тешкотиите во животот, па често и подлегнуваат на нив.Осиромашена во своето вистинско достоинство, жената иако присутна, не придонесува за културата, политиката, медицината и социјалните прашања со женственоста, притоа давајќи живост и живот. Не зборуваме за тоа дека жената треба да остане само дома, грижејќи се само за домашните обврски, дека не треба да биде образована и да работи на својата личност и позиција, туку да го осмисли нејзиното присуство во сите тие сфери на живеењето, да го скроти, да му даде духовен тон. Можеби повеќе несвесно, отколку намерно, таа го потиснала својот сопствен призив, а тој е: секаде каде што е, да го заштитува светот на луѓето како мајка, да го спасува како девојка, притоа давајќи му ја својата сопствена душа. Најчудното откритие е фактот дека мажот не го поседува татковскиот инстикт на ист начин како што жената го поседува мајчинскиот. Иако е маж според карактеристиките, тој не е мајчински по својата суштина. Ова пак, значи, дека меѓу човечките суштества религиозниот, духовниот принцип е изразен кај жената. Нежноста на мајчинството, ги совладува и најцврстите нешта и токму поради ова Христос рекол да се биде кроток и смирен по срце, а да се отфрли насилството и мечот. За мажот да се живее, значи да се освојува, да се бори, а за жената, тоа значи да се раѓа, да се храни и да се пренесува животот преку предавање на себеси. Но, денеска, многу жени како да заборавиле на духовните вредности, приврзани се за земните нешта, заборавиле на нивните духовни капацитети. Заборавиле, дека на Бога Му е потребна една многу мала но, од дното на срцето свое жртва...тоа е молитвата за помалите и послабите, милостината, нежноста, сочувството за оној што страда. Во времето, кога Христос беше воден на Распетие, кога висеше на Крстот и ги поднесуваше страдањата, постои еден детал, кој длабоко нé погодува сите: верноста, со која само малкумина можеа да се пофалат пред Бога, верата на оние, кои останаа до крај со нашиот Спасител...меѓу нив повеќето беа жени. Тие стоеја под Крстот затоа што Го сакаа, стоеја од љубов, затоа што сострадуваа со Него. Тие не Го оставиле Неговото мртво Тело, туку го извршија сé она што отсекогаш го правела и прави љубовта. Он не барал ништо од нив, а тие Му останале верни по својата простодушна човечка љубов. Учениците Христови, потресени од настаните се разбегале наоколу и Го напуштиле својот Учител. Поминала саботата после Распетието, и први на гробот пристигнале жените мироносици, за да Го помазат Пречистото Тело Христово....сите знаеме дека тоа Тело не беше таму, а дека Воскресна. Оваа вест за Воскресението први ја примиле жените. Христос најнапред нив им се јавува и ги поздравува со зборовите кои засекогаш и за сите времиња станале суштина на христијанската сила: „ РАДУВАЈТЕ СЕ! “ Гледајте, таа љубов и верност прва дознала дека не треба повеќе да се плаче и да се тагува, прва дознала за промените на личноста, прва дознала за победата Христова! Што сакам да кажам со ова...ми се чини дека во денешно време особено е потребно да се присетиме на таа љубов и на таа едноставна човечка верност, бидејќи живееме во време во кое постои погрешно учење за човекот и неговите вредности. Живееме во време во кое се дискредитира таа љубов и таа верност. Денеска потребно е ние да ја побараме топлината и светлоста на оваа љубов. Љубовта не го прашува човекот за теоријата и идеологијата, таа му се обраќа на човечкото срце. Човечката историја течела, се раѓале и рушеле цели царства, беснееле војни но, за сето тоа време постојано блеска ликот на жените – мироносици. Познато е дека низ историјата најстрашните прогони се одигрувале заради развратните жени. Но, наспроти ваквите жени постоеле онакви, кои само со еден збор, со својата вистинска женска нежност и чувствителност, со својата вера и љубов кон светото, ги совладувале најтврдокорните срца, најцврстите вериги, најсилните мечови и ѕверови! Жената низ сите времиња била чувар на моралот и на религиозните вредности. Таа е таа која отсекогаш го спасувала и продолжува да го спасува светот. Но, го спасува не со зборови и идеи, туку со нејзиното молчење и грижливото присуство на љубовта, како сопруга, мајка. Жената е најзаслужна за тоа што – без оглед на сето зло кое господари во светот – во истиот тој свет, никогаш не престанува мајчинството, кој е празник на животот, бидејќи во него се наоѓа постојан извор на радост и светлост. Низ нејзината религиозна структура таа го претставува целомудрието, кое е единствено способно да го запре започнатото разорување и дехуманизирање, кое е присутно во мажествениот дух на светот. Мажественоста, пак, на светот не е поради природата на мажот, туку светот таков постанал заради агресивноста на луѓето, која е предизвикана од животот без Бога. Мажот, кој Го сака Бога ги истакнува неговите природни особини, а тоа се праведност, стабилност, цврстина и свештениот призив кој на дар му е даден. Оној, пак, кој Го нема Бога во својот живот, кој се бори против Него, без оглед на тоа дали е маж или жена станува агресивен и егоистичен. Светот без Бога неможе да биде осмислен. Затоа е толку тешко да се живее. Многу луѓе се обидуваат да побегнат од лагата на тој безрадосен живот, преку разни девијантни појави, со лажење на себеси и преку најниска животна среќа. Но, сето тоа, порано или подоцна се покажува како ќорсокак, во кој безизлезот при секое отрезнување и враќање во реалноста е уште пострашен. Не е нималку чудно тоа што секоја област во животот на човекот претставува „ проблем “: проблемот на жената, проблем на работното место, проблем во образованието, во семејството, проблемот околу плодноста итн. Сé стана проблем но, одговорите и правилата кои ни ги дадоа разните безбожнички пропаганди, одамна престанаа да бидат одговори бидејќи самата стварност ги претстави во нивната лажна светлост. Луѓето незнаат каде и како да ги бараат тие одговори, па затоа во нив настанува цинизам и празнина, од која сите безуспешно се обидуваат да избегаат. Но, вистинските одговори, се невозможни доколку луѓето не разберат дека потребно е одвнатре да се променат, да ја вратат својата вера во Бога. Но, и во Бога може да се верува на разни начини, бидејќи верата може да биде како некоја врста на бегство од реалноста, како некоја психолошка опијанетост т. е. лажна вера. Затоа и во името на Бога, можат да се вршат разни зла, да се руши наместо да се гради. Вистинскиот, пак, одговор е дека потребно е да имаме вистинска вера, како таа на мироносиците, која ќе нé води низ животот, која ќе го осмислува секој наш потег, секое наше дејствување и градење, вера, која нема да дозволи да ја изгубиме својата личност и достоинство. Таа вера овозможува да се отворат нашите внатрешни очи, и тука се појавува ликот на Пресветата Богородица, која преку раѓањето, неразделно е поврзана со Ликот Христов. Но, во што се состои помошта и ликот на Мајката Божја? Одговорот е дека таа го носи ликот на жената. Првиот Христов дар, првото и најдлабокото откритие на Неговото учење и призив им е дарувано на луѓето во ликот на жената. Малку претходно напоменав дека во овој царува гордост, агресивност, во него сé се сведува на власт и владеење, на производство на оружје, на соперништво и насилство. Свет во кој никој не сака да му прости на другиот, никој не сака да се смири, да замолчи и да се нурне во пријатната тишина на животот. Сето ова, со самото свое присуство го променува Божјата Мајка, Ликот на бескрајното спасение, ликот на убавината, ликот на силата и смирението, ликот на чистотата и љубовта и победата на таа љубов. Богородица, во која нема ниту трага од сензуалност или засладена сентименталност ни го претставува најсовршениот човечки религиозен лик, совршеното мајчинство, преку кое што дошло спасението на светот.

Улогата на жената во православното христијанството

Прашањето за улогата и поставеноста на жената, било актуелно низ историјата како во различните култури, и општествени уредувања, така и во различните религиозни и философски правци.Ова прашање произлегува веројатно од различните природни дарови кој им се дадени на мажот и жената, кој се две половини и кој надополнувајќи се во заедницата на бракот стануваат една целина, едно битие. За жал во текот на историјата жената и нејзината непроценлива вредност, како мајка, сопруга, столб на семејството, била потенувана и често жената била подложена на малтретирања. Истото се случува и денес кога жената е подложувана на семејно насилство. Во времето пред доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, постоело убедување дека жената по природа е послаба и помалку вредна од мажот, па поради тоа мора да му биде потчинета. Во Стариот Завет, нејзината улога во семејството и друштвениот живот била без никаква вредност. Жената била оставана од мажот поради разни ситници, како на пример невкусен ручек, или доколку тој најде подобра. Не е нималку чудно зошто фарисеите Го прашувале Христос: „ Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина? “ Христос тогаш им одговорил дека тоа им било допуштено заради нивното жестоко срце. Бог не бил така немилостив за да им даде таков закон, туку така допуштил поради нивната жестокосрдечност. Бог познавајќи ја бесчовечноста, дека мажот кој што не си ја сакал жената, лесно можел да ја убие или да изврши јавна прељуба, допуштил, а не заповедал, таквиот маж да ја остави својата жена. Овој недостаток бил многу жален и кобен, па затоа во Стариот Завет, доаѓа до уште еден плод на машкото сладострастие - полигамијата, која никогаш во природата на човекот, особено во природата на жената не била пофалувана и сметана како нешто добро. Во неа, жената претставува предмет кој на мажот му служи за наслада, предмет кој по значење е еднаков со неговиот имот, предмет кој се спушта на овосветовните желби, се сведува на особа која ги задоволува исклучиво животинските инстинкти на мажот. Во неа таа била третирана како робинка меѓу останатите робинки, кои на мажот му претставувале имот чуван во некој харем под стража. Тука, нема ниту збор за искрената брачна љубов, каква што е во христијанството, туку во најмала рака, само љубоморни испади од страна на угнетуваните и обезвреднетите жени.

Но тука сме да го чуеме ставот на православното христијанство во врска со жената.

Троичниот Бог го создал целиот свет, сета видлива и невидлива природа и човекот како круна на сето свое создание. Човекот е создаден како единствено интегрално битие од душа и тело. Човекот е создаден според образот и подобието Божјо, со цел да биде во заедница со Бога и да се радува на таа заедница. Првиот човек е Адам а, од неговото ребро е создадена жената за да му биде помошница во се. Самиот збор пол означува една половина која има свои лични особености,а, која за цел го има соединувањето со другата половина во рамките на полнотата на брачната заедница. Така мажот и жената еден со друг треба да се надополнуваат. Но Бог не сакал човекот да биде роб, туку слободен налик на својот Создател. За да можат првите луѓе прародителите Адам и Ева да се вежбаат во својата слободна љубов кон Бога, Бог им дал заповед од секое дрво и растение во рајската градина да јадат освен од дрвото за познавање на доброто и злото да не јадат зошто во оној ден кога од него ќе вкусат ќе умрат. Пред да го создаде материјалниот видливиот Бог го создал невидливиот свет,односно ангелите, но дел од нив се погордеале и отпаднале од Бога и постанале демони. Така демонот користејќи ја змијата ја наговорил Ева да јаде а, потоа таа му дала и на мажа си Адама и двајцата јаделе од забранетото дрво. Со тоа слободно избрале да бидат без Бог, односно покажале дека нивната љубов кон Бога е недоволна. Како последица на нивниот слободен избор, благодатта Божја се повлекла од нив и смртта и болестите влегле во човековата природа. Прво духовната смрт која се состои во прекинот на заедницата со Бога а, потоа и телесната која подразбира разделба на душата од телото. Во овој конекст Ева тоест жената е таа која што прва ја прекршува Божјата заповед, но Бог кој е премудар во се онака како што гревот влезе преку жената и спасението дојде преку жена. Односно Синот Божји второто лице на Пресвета Троица се воплоти тоест прими човечка природа од девојката и вечно Дева Марија и од Светиот Дух. Оваа голема тајна на спасението се случи токму преку жената, и оттука веќе може да се види ставот на Православното христијанство кон жената. Жената за православното христијанство не е воопшто понизена зошто преку неа се случува спасението, најважниот настан во човековата историја. Потоа жените мироносици биле тие што Христа Бога го следеле во моментите на неговото распнување, како и први кој ја пренеле веста за Христовото Воскресение на апостолите и на светот.

Светата Православна Црква се удостоила со мноштво жени светителки и маченички. Меѓу светителките да ја спомнеме света Петка, а меѓу маченичките да ги споменеме светите маченички Варвара, Јулијана, Анастасија, светата Лидија Македонска, света Злата Мегленска и мноштво други. Тие со својот живот, вера и храброст, ја покажаа својата верност и одданост кон Христа Бога и верата и на тој начин покажаа дека жената има голем потенцијал кога станува збор за практицирањето и живеењето според евангелските начела на православната христијанска вера. Светитеклите и маченичките достоинството на жената го извишија на највисок пиедестал. Оттука значењето на жената за православната вера е непроценливо важна.

Но која е денес улогота на жената во Црквата, во семејството во бракот, кој се нејзините етички и морални задолженија?

Жената како и мажот е рамноправен член на Црквата. Таа има право да доаѓа на светите Богослуженија, да се причестува со светите тајни Христови, да склопува црковен брак, да помага во православните храмови, и се разбира да се подвизува живеејќи подвижнички живот на Црквата, да се замонаши итн.. Единствената разлика кога станува збор за разликата меѓу членстото на мажот и членството на жената во Црквата е тоа што жените не можат да бидат членови на клирот на Православната Црква. Тоа е од причина што свештенството е поврзано со татковството, свештеникот е духовен татко, а таткото е маж, и затоа што таква била волјата Божја, апостолите биле мажи. Каков треба да биде карактерот на жената за тоа ни зборува светиот апостол Павле, кој вели дека карактерот треба да биде сообразен со нејзината природа и дарови од Бога. Односно жената треба да има блага нарав, да биде скромна и како вели апостолот да обрнува пред се внимане на нејзината внатрешна убавина. Убавината ваша да биде во скромниот и тих дух во побожноста ваша, а не во плетењето коси и украсувањето со злато. Се разбира Православната Црква нема ништо против тоа жената да води грижа за својата убавина, но да не се става акцентот на тоа туку на внатрешното украсување со добродетели, и дотерувањето да не биде нападно, да не води во неморал и во соблазна туку да биде скромно и достоинствено.

Семејството според Православната Црква е мала Црква, а во неа местото на жената е особено значајно. Ако мажот е надарен со дарот на татковство жената е надарена со специфичниот дар на мајчинство. Во утробата на жената се случува една голема тајна, се зачнува еден нов живот. Потоа се раѓа еден нов живот. Улогата на жената во семејството како мала Црква е особено голема, бидејќи нејзината нежност игра голема улога во воспитувањето на децата. Жената треба да ги воспитува децата во духот на евангелските заповеди, да се грижи да ги научи на љубов и кон Бога и кон своите ближни. Не случајно во нашите стари семејства жената била столб и стожер на чистотата на православната вера.

Жената како сопруга во христијанскиот брак кој што е светиња, со својата љубов го поткрепува мажот да живее според Божествените начела.

Есхатолошката песпектива е подеднакво отворена и за мажот и за жената. Христос дојде во овој свет да ги повика сите луѓе кон подвиг кој ќе води до Царството Небесно. Затоа апостолот Павле ни порачува дека во Христа нема ниту машки нити женски пол туку сите се едно во него. Оние украси со кој се вреднувала жената во стариот незнабожечки свет како што се убавината, китењето со украси и слично во новиот завет се заменети со вистински добродетели како што се верата љубовта надежта, скромноста и чистотата. Оттука гледаме дека жената и мажот се рамноправни , но иако Црквата ја потврдува нивната рамноправност сепак не ја порекнува различноста на природата на мажот и жената, но не со цел да ја понижи жената, туку токму различноста на нејзината природа ја покажува нејзината оргиналност. Ние веќе кажавме дека жената во Христијанството е еднаква со мажот во областа на нејзиниот духовен повик, во тоа дека и таа е подеднакво личност, како што е и тој. Но, ние не можеме да порекнеме дека таа воедно е и различна од мажот, но различна во нејзините особини како жена. Денеска во контекстот на модерното феминистичко движење, постои борба за еднаквост меѓу половите. Таа борба, како што веќе претходно објаснивме, си има своја историја, свое објаснување во тоа дека жената била разбрана како инфериорно, потчинето суштество во однос на мажот. Низ историјата таа живеела еден паразитски живот, а била многу сиромашно образована. Толпа од жени останувале надвор од културата, медицината, политиката и социјалниот живот, сé со цел да се истакне дистанцата и разликата помеѓу мажот и жената. Многумина се згадувале од нејзината положба, бидејќи била третирана само како декорација, како предмет, кој на мажот му е за еднострана употреба, предмет за кој што не постојат никакви свети чувства, предмет, кој само предизвикува ниско задоволство. Но, што се случува: жената, разбрана како роб, прави погрешен чекор, таа сега започнува да му се осветува на мажот – својот господар, таа станува против него, се бори против него, ги присвојува мажествените карактеристики, борбеност,тонови на агресивност итн. Тие карактеристики сé повеќе ја привлекуваат современата жена, чија цел е да се претвори во маж, притоа губејќи ги нејзините вистински вредности, нејзините женствени црти како нежноста, чувствителноста, природното барање на потпора во нејзиниот живот, чистотата, саможртвувањето, заштитата на слабиот и секако мајчинството. Ваквата освета во борбата за еднаквост ја прави жената агресивна и ја поставува како соперник на мажот. Таа станува еднаква но, нејзината чувствителност се истрошува, а како последица од тоа е губењето на својата личност и на своето вистинско достоинство. Еве на пример, денешната економска еволуција го прифаќа дивиот брак, кој е без никакви обврски, брак кој е разбран само како социјална положба. Жената е способна да го сопре ваквото гледиште и разбирање на бракот, но може и да направи погрешен чекор односно да го прифати. Имено, двојката живее во хотел, а децата сместени во интернатски училишта се препуштени на морална сиромаштија. И што потоа? Современиот и динамичниот живот ги зема своите жртви. Родителите добиваат деца, кои се духовно сиромашни и кои незнаат да се соочат со тешкотиите во животот, па често и подлегнуваат на нив.

Осиромашена во своето вистинско достоинство, жената иако присутна, не придонесува за културата, политиката, медицината и социјалните прашања со женственоста, притоа давајќи живост и живот. Не зборуваме за тоа дека жената треба да остане само дома, грижејќи се само за домашните обврски, дека не треба да биде образована и да работи на својата личност и позиција, туку да го осмисли нејзиното присуство во сите тие сфери на живеењето, да го скроти, да му даде духовен тон. Можеби повеќе несвесно, отколку намерно, таа го потиснала својот сопствен призив, а тој е: секаде каде што е, да го заштитува светот на луѓето како мајка, да го спасува како девојка, притоа давајќи му ја својата сопствена душа.

Најчудното откритие е фактот дека мажот не го поседува татковскиот инстикт на ист начин како што жената го поседува мајчинскиот. Иако е маж според карактеристиките, тој не е мајчински по својата суштина. Ова пак, значи, дека меѓу човечките суштества религиозниот, духовниот принцип е изразен кај жената. Нежноста на мајчинството, ги совладува и најцврстите нешта и токму поради ова Христос рекол да се биде кроток и смирен по срце, а да се отфрли насилството и мечот. За мажот да се живее, значи да се освојува, да се бори, а за жената, тоа значи да се раѓа, да се храни и да се пренесува животот преку предавање на себеси.

Но, денеска, многу жени како да заборавиле на духовните вредности, приврзани се за земните нешта, заборавиле на нивните духовни капацитети. Заборавиле, дека на Бога Му е потребна една многу мала но, од дното на срцето свое жртва...тоа е молитвата за помалите и послабите, милостината, нежноста, сочувството за оној што страда. Во времето, кога Христос беше воден на Распетие, кога висеше на Крстот и ги поднесуваше страдањата, постои еден детал, кој длабоко нé погодува сите: верноста, со која само малкумина можеа да се пофалат пред Бога, верата на оние, кои останаа до крај со нашиот Спасител...меѓу нив повеќето беа жени. Тие стоеја под Крстот затоа што Го сакаа, стоеја од љубов, затоа што сострадуваа со Него. Тие не Го оставиле Неговото мртво Тело, туку го извршија сé она што отсекогаш го правела и прави љубовта. Он не барал ништо од нив, а тие Му останале верни по својата простодушна човечка љубов. Учениците Христови, потресени од настаните се разбегале наоколу и Го напуштиле својот Учител. Поминала саботата после Распетието, и први на гробот пристигнале жените мироносици, за да Го помазат Пречистото Тело Христово....сите знаеме дека тоа Тело не беше таму, а дека Воскресна. Оваа вест за Воскресението први ја примиле жените. Христос најнапред нив им се јавува и ги поздравува со зборовите кои засекогаш и за сите времиња станале суштина на христијанската сила: „ РАДУВАЈТЕ СЕ! “ Гледајте, таа љубов и верност прва дознала дека не треба повеќе да се плаче и да се тагува, прва дознала за промените на личноста, прва дознала за победата Христова!

Што сакам да кажам со ова...ми се чини дека во денешно време особено е потребно да се присетиме на таа љубов и на таа едноставна човечка верност, бидејќи живееме во време во кое постои погрешно учење за човекот и неговите вредности. Живееме во време во кое се дискредитира таа љубов и таа верност. Денеска потребно е ние да ја побараме топлината и светлоста на оваа љубов. Љубовта не го прашува човекот за теоријата и идеологијата, таа му се обраќа на човечкото срце. Човечката историја течела, се раѓале и рушеле цели царства, беснееле војни но, за сето тоа време постојано блеска ликот на жените – мироносици. Познато е дека низ историјата најстрашните прогони се одигрувале заради развратните жени. Но, наспроти ваквите жени постоеле онакви, кои само со еден збор, со својата вистинска женска нежност и чувствителност, со својата вера и љубов кон светото, ги совладувале најтврдокорните срца, најцврстите вериги, најсилните мечови и ѕверови! Жената низ сите времиња била чувар на моралот и на религиозните вредности. Таа е таа која отсекогаш го спасувала и продолжува да го спасува светот. Но, го спасува не со зборови и идеи, туку со нејзиното молчење и грижливото присуство на љубовта, како сопруга, мајка. Жената е најзаслужна за тоа што – без оглед на сето зло кое господари во светот – во истиот тој свет, никогаш не престанува мајчинството, кој е празник на животот, бидејќи во него се наоѓа постојан извор на радост и светлост. Низ нејзината религиозна структура таа го претставува целомудрието, кое е единствено способно да го запре започнатото разорување и дехуманизирање, кое е присутно во мажествениот дух на светот. Мажественоста, пак, на светот не е поради природата на мажот, туку светот таков постанал заради агресивноста на луѓето, која е предизвикана од животот без Бога. Мажот, кој Го сака Бога ги истакнува неговите природни особини, а тоа се праведност, стабилност, цврстина и свештениот призив кој на дар му е даден. Оној, пак, кој Го нема Бога во својот живот, кој се бори против Него, без оглед на тоа дали е маж или жена станува агресивен и егоистичен. Светот без Бога неможе да биде осмислен. Затоа е толку тешко да се живее. Многу луѓе се обидуваат да побегнат од лагата на тој безрадосен живот, преку разни девијантни појави, со лажење на себеси и преку најниска животна среќа. Но, сето тоа, порано или подоцна се покажува како ќорсокак, во кој безизлезот при секое отрезнување и враќање во реалноста е уште пострашен. Не е нималку чудно тоа што секоја област во животот на човекот претставува „ проблем “: проблемот на жената, проблем на работното место, проблем во образованието, во семејството, проблемот околу плодноста итн. Сé стана проблем но, одговорите и правилата кои ни ги дадоа разните безбожнички пропаганди, одамна престанаа да бидат одговори бидејќи самата стварност ги претстави во нивната лажна светлост. Луѓето незнаат каде и како да ги бараат тие одговори, па затоа во нив настанува цинизам и празнина, од која сите безуспешно се обидуваат да избегаат.

Но, вистинските одговори, се невозможни доколку луѓето не разберат дека потребно е одвнатре да се променат, да ја вратат својата вера во Бога. Но, и во Бога може да се верува на разни начини, бидејќи верата може да биде како некоја врста на бегство од реалноста, како некоја психолошка опијанетост т. е. лажна вера. Затоа и во името на Бога, можат да се вршат разни зла, да се руши наместо да се гради. Вистинскиот, пак, одговор е дека потребно е да имаме вистинска вера, како таа на мироносиците, која ќе нé води низ животот, која ќе го осмислува секој наш потег, секое наше дејствување и градење, вера, која нема да дозволи да ја изгубиме својата личност и достоинство. Таа вера овозможува да се отворат нашите внатрешни очи, и тука се појавува ликот на Пресветата Богородица, која преку раѓањето, неразделно е поврзана со Ликот Христов.

Но, во што се состои помошта и ликот на Мајката Божја? Одговорот е дека таа го носи ликот на жената. Првиот Христов дар, првото и најдлабокото откритие на Неговото учење и призив им е дарувано на луѓето во ликот на жената. Малку претходно напоменав дека во овој царува гордост, агресивност, во него сé се сведува на власт и владеење, на производство на оружје, на соперништво и насилство. Свет во кој никој не сака да му прости на другиот, никој не сака да се смири, да замолчи и да се нурне во пријатната тишина на животот. Сето ова, со самото свое присуство го променува Божјата Мајка, Ликот на бескрајното спасение, ликот на убавината, ликот на силата и смирението, ликот на чистотата и љубовта и победата на таа љубов. Богородица, во која нема ниту трага од сензуалност или засладена сентименталност ни го претставува најсовршениот човечки религиозен лик, совршеното мајчинство, преку кое што дошло спасението на светот.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: