ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

ПОНИЖУВАЊЕ НА ГОРДОСТА

Понижување на гордостаБез смиреноумие бесполезен е секој подвиг, секое воздржување, секое потчинување, секое нестекнување, секоја многуученост. Зашто, како што е почеток и крај на доброто – смиреноумието, така, почеток и крај на лошото е – високоумието. А овој нечист дух е снаодлив и разновиден, затоа ги користи сите усилби да завладее со сите, и секому, кој и по каков пат и да оди, да му ја фрли мрежата. Мудриот го уловува со мудрост, силниот со сила, богатиот со богатство, убавиот со убавина, слаткоречивиот со слаткоречивост, оној кој убаво пее – со милозвучноста на гласот, уметникот со уметност, снаодливиот – со снаодливост. И слично на ова не престанува да ги искушува и оние кои водат духовен живот, и да стави мрежа врз оној кој се одрекол од светот во одрекувањето, на воздржливиот во воздржувањето, на тихувателот во тихувањето, на неимотливиот во неимотливоста, на многуучениот во ученоста, на побожниот во побожноста, на учениот во знаењето (впрочем, вистинското знаење е споено со смиреноумието). Така високоумието во сите се труди да ги посее своите плевели. Затоа, знаејќи ја жестокоста на таа страст (зашто колку поскоро ќе се вкорени таа некаде, го прави непогоден за ништо и човекот, и сиот негов труд), Господ за победа над неа ни го дал средството – смиреноумие, велејќи: „Кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни’“ (Лука 17, 10). И така, зошто самите себеси се вовлекуваме во лекомислие и се доведуваме до повредување на умот? Апостолот вели: „Зашто оној, кој што сам себе се смета за нешто, а е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои, и тогаш ќе има пофалба само во себеси, а не пред друг“ (Галат. 6, 3-4).Заради што се залажуваме себеси, небаре сме некакви угледни луѓе во светот, превознесувајќи се еден над друг и понижувајќи ги сите, кои се поскромни? Знаеме, дека, според учењето на Господа, „она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост“ (Лука 16, 15).Или, како воздржливи, се превознесуваме пред оние, кои се послаби? Повторно нè изобличува апостолот, велејќи: „Не оној, што се фали сам, е достоен, туку оној, кого што Господ го фали“ (2. Кор. 10, 18).И како такви, кои претежно се трудат во служењето, мислиме за себе високо, во споредба со оние, кои живеат спокојно? Повторно наоѓаме, дека Господ повеќе ја фали Марија, затоа што го избрала подобриот дел (Лука 10, 42).Или, како безмолвници, се превознесуваме над оние, кои се занимаваат со служење? Повторно наоѓаме, како Господ поучува и вели, дека не дошол да Му служат, туку за да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина (Мат. 20, 28). Затоа, во секој случај треба да се избегнува високоумието.Но затоа за себе многу мислиме, дека живееме во пустинско и песочно место? Впрочем, никаква полза нема да ни донесе местото, ако не работиме со смиреноумие, затоа што апостолот вели: гледај не на видливото, туку на невидливото; бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно (2. Кор. 4, 18).Но се фалиме со тоа, што живееме во јама и пештера? Сето тоа се знаци на самоумртвување и негрижа за земското. Затоа, она што ти си го избрал за себе како средство за напредување во добродетелта, да не ти служи како повод за паѓање во гордост. Не станувај сличен на наразумен ковач, кој не си ја знае работата и наместо парчето железо, се обидува да го усвити дрвото. И така, со сите сили треба да се држиме за смиреноумието.Но ти си богат и остануваш во границите на праведноста? Впрочем, уште не си ја стигнал мерата на Авраам, кој вели: земја сум и пепел (1. Мој. 18, 27).Но ти се грижиш за луѓето? И Мојсеј примил на себе грижа за народот. По ова, бидејќи Бог со раката на Мојсеја и Арона го поразил Египет и го исушил Црвеното Море, и по суво ги превел синовите Израилеви, и ги вовел во таа страшна пустина, и се приближиле до пределите Моавски, и ја виделе Моавците многубројноста на народот – и им рече Моав, како што е напишано, на старешините Мадијамски: Овој народ сега истребува сè околу нас, како што телињата ја изедуваат полската трева (4. Мој. 22, 4); зашто било направено пребројување на народот, освен жените, децата и левитското колено, и нивниот број од дваесет години и нагоре, сите од Израилот способни за војна, изброени беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет (4. Мој. 1, 45-46). И над сите нив водач бил Мојсеј. И, иако разговарал со Бога и ја видел славата Господова, не се погордеал во срцето, не станал мрзлив за смиреноумието. Затоа и Светото Писмо сведочи: „А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата“ (4. Мој. 12, 3).Но ти си убав надворешно, со цврста сила, овенчан со дијадема? Впрочем, не си ја достигнал мерката на царот Давид, кој смиреноумно велел за себеси: „Јас сум црв, а не човек“ (Псал. 21, 7).Но ти имаш знаење, и мудрост, и воздржување? Впрочем, сè уште не си дошол до мерата на трите отроци и пророкот Даниил, од кои еден велел: „Во Тебе, Господи, има правда, а во нас – срам на лицата, како што е денес“ (Дан. 9, 7); другите велеле: „Но со скрушено срце и со дух смирен нека бидеме примени“ (Дан. 3, 39).И доколку праведниците покажувале во себе толку смирение, тогаш колку посмирени треба да бидеме ние, грешниците! Зашто да се гордееш и да мислиш високо за себе е плотско мудрување. И според зборовите на апостолот: „ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи“ (Рим. 8, 13). И невозможно е да се победат страстите, без да се напредува во оваа добродетел.Зарем не си слушнал, што претрпел за побожноста блажениот Павле? Бидејќи во Посланието до Коринтјаните пишува тој: „Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов… од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар; трипати сум удиран со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабочина; многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од сонародници, во опасност од разбојници, во опасност од друговерци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа; во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија“ (2. Кор. 11, 23-27). Можеме ли и ние да се осмелиме на тоа? И види, каква е неговата добродетел: по толку опасности и по толку заслуги смиреноумно тој велел: „Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа“ (Филип. 3, 13). Така велел Павле, за да се оддалечи од гордоста, знаејќи, каков гнев навлекува таа на своите љубители.Што е тоа високоумие? Да се превознесуваш – значи речиси исто, што и да го укоруваш Бога со своите лични заслуги. Така и во човечкото битисување, ако некој на ближниот му даде дар, но почне над него да се превознесува, тогаш неговите милости ќе се претворат во ништо, и ќе ја истреби тој наклонетоста на ближниот. Затоа таквиот човек е гнасен. Затоа и Господ, Кој се грижи за нашиот живот, сакајќи да нè оддалечи од оваа погубна страст, нè учи и вели: „Кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни’“ (Лука 17, 10). А ако не го вршиме заповеданото, тогаш не е правилно ни да се нарекуваме слуги негодни, затоа што велик е нашиот Господ, велики се и цврсти Неговите дарови.Заради твое вразумување, бидејќи нè учел не само смирено да зборуваме, туку и да размислуваме смирено, Господ всушност нè поучил, кога се препашал и им ги измил нозете на апостолите. Затоа вели: „поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Мат. 11, 29). Кога трпиш жалост сакана или несакана, тогаш заклучи од тоа, дека си дошол до мерката на маж доблестен и смирен.Но јас со ужас дознав, дека ти си допуштил во себе лажлива помисла, која ти го предлагала недозволеното. И прашувам: „Зарем ќе бидеш восхитен во овие денови?“ Наспроти тоа, многумина умствено си наштетиле од таа мисла. Кажи си на себеси, кој си ти. Во која мера си стигнал? Зарем си ти Илија? Зарем чудеса си правел како него? Зашто тој со молитва го затвори небото, „и не падна дожд на земјата три години и шест месеци“ (Јак. 5, 17), и повторно, по неговата молитва, небото дало дожд, и уште со молитва три пати симнал оган од небото. Но ти си ја нашол сета вера? Дај искуства; покажи знаци и чудеса; воскресни мртви со молитва; отвори им очи на слепите; изгони бесови; очисти ги лепрозните; исцели ги хромите; оди по морето како по сува земја; претвори ја водата во вино; со пет лебови и две риби, по својата молитва, нахрани голем број луѓе. Зашто не лаже Оној, Кој рекол: „Кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши“ (Јован 14, 12).Но, можеби, некој ќе ги побие овие зборови и ќе рече: „Значи, ако некој не направи такви боголепни дела, тогаш за него нема надеж за спасение?“ Надеж на спасение имаме ние во себе и без да извршиме такви дела, само ако ја исповедаме својата немоќ и своето маловерие. На немоќниот му е потребно милосрдие, а не гордеење. А ако имаме потреба од милосрдие, тогаш да го употребиме на дело смиреноумието, та со смиреноумие да ги привлечеме на себе штедростите Господови. Бидејќи е напишано: „Кој се сеќава на нас во нашата смиреност… и нè избавува од непријателите наши“ (Псал. 135, 23-24). И уште: се смирив и ме спаси (Псал. 114, 6). Но доколку, потпирајќи се на ветер, многу високо мислиме за себе, тогаш не правиме ништо друго, освен што себеси се туркаме во бездна. Затоа не ја допуштај во себе болеста гордост, та непријателот да не ти го грабне расудувањето. Отрезни се од високопарната помисла на себеугодување. Не си простирај мрежи под своите нозе. Со смиреноумие очисти го својот ум од тој смртоносен отров.Нека те вразуми примерот на оној, кој го чисти сметот од својот дом: тој се наведнува кон подот и го очистува. Толку повеќе и со толку поголема грижа треба да се наведнеме и да се смириме заради очистување на душата, да не го допуштаме во неа она, што не Му е мило на Бога. Зашто во смирената душа пребива Отецот и Синот и Светиот Дух. Напишано е: „Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општување постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник? Каква сличност има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ,Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ“. Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ, и Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки‘, вели Господ Седржителот“ (2. Кор. 6, 14-18). „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји“ (2. Кор. 7, 1). Затоа, кога заради подвижништво ќе се оддалечиш од животните работи и ќе се спасуваш од бранувањата на бедниот живот, тогаш уште повеќе грижи се да немаш општење со нечистиот дух на гордоста, за да те прими Господ. „Секој горделив по срце е одвратност пред Господа“ (Изрек. 16, 5).Зарем не помислуваш на оној оган, низ кој ќе поминеме? Кога, поминувајќи низ тој оган, ќе се покажеме чисти и беспрекорни, тогаш ќе дознаеме за себе какви сме. Зашто судниот ден ќе го покаже… какво е делото на секого (1. Кор. 3, 13), според напишаното, затоа што ќе биде испитано со оган. И така, со големо смиреноумие да Го молиме Господа, да нè избави од гневот што иде, и да нè удостои да бидеме грабнати како што ќе бидат праведниците грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот (1. Сол. 4, 17), и со кротките и смирените да го наследиме Царството Небесно. Зашто, како што е напишано: Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно (Мат. 5, 3), така тешко на гордите и оние кои високо мислат за себе, затоа што за нив се подготвува огнената печка. Во гордост живее оној кој вели: „,Со силата на Своите раце и со премудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместувам границите на народите, и нивните богатства ги ограбив, раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уста не отвори, ниту писна‘… Затоа Господ, Господ Саваот ќе испрати немоќ на неговите здрави и меѓу првенците на твојата чест бесчестие и врз твојата слава оган на зло ќе се разгори“ (Иса. 10, 13-16). И уште: „А во срцето свое си велеше: Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот. Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот“ (Иса. 14, 13-15).И така, да бегаме од гордоста, која не му е мила на Господа; да го засакаме смиреноумието, со кое сите праведници му благоугодувале на Господа. Зашто голем дар е смиреноумието; голема слава, голем успех и голема чест на оние кои го стекнале. Со него непречено одиме, во него е сесовршената мудрост. Заради високото мислење за себе фарисејот бил понижен, а, за смиреноумието бил возвишен митарот, со кого и нас да нè удостои Господ со нетлен удел со сите праведници. Нему Му прилега слава во вековите! Амин.Преподобен Ефрем Сириски

Понижување на гордоста

Без смиреноумие бесполезен е секој подвиг, секое воздржување, секое потчинување, секое нестекнување, секоја многуученост. Зашто, како што е почеток и крај на доброто – смиреноумието, така, почеток и крај на лошото е – високоумието. А овој нечист дух е снаодлив и разновиден, затоа ги користи сите усилби да завладее со сите, и секому, кој и по каков пат и да оди, да му ја фрли мрежата. Мудриот го уловува со мудрост, силниот со сила, богатиот со богатство, убавиот со убавина, слаткоречивиот со слаткоречивост, оној кој убаво пее – со милозвучноста на гласот, уметникот со уметност, снаодливиот – со снаодливост. И слично на ова не престанува да ги искушува и оние кои водат духовен живот, и да стави мрежа врз оној кој се одрекол од светот во одрекувањето, на воздржливиот во воздржувањето, на тихувателот во тихувањето, на неимотливиот во неимотливоста, на многуучениот во ученоста, на побожниот во побожноста, на учениот во знаењето (впрочем, вистинското знаење е споено со смиреноумието). Така високоумието во сите се труди да ги посее своите плевели. Затоа, знаејќи ја жестокоста на таа страст (зашто колку поскоро ќе се вкорени таа некаде, го прави непогоден за ништо и човекот, и сиот негов труд), Господ за победа над неа ни го дал средството – смиреноумие, велејќи: „Кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни’“ (Лука 17, 10). И така, зошто самите себеси се вовлекуваме во лекомислие и се доведуваме до повредување на умот? Апостолот вели: „Зашто оној, кој што сам себе се смета за нешто, а е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои, и тогаш ќе има пофалба само во себеси, а не пред друг“ (Галат. 6, 3-4).

Заради што се залажуваме себеси, небаре сме некакви угледни луѓе во светот, превознесувајќи се еден над друг и понижувајќи ги сите, кои се поскромни? Знаеме, дека, според учењето на Господа, „она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост“ (Лука 16, 15).

Или, како воздржливи, се превознесуваме пред оние, кои се послаби? Повторно нè изобличува апостолот, велејќи: „Не оној, што се фали сам, е достоен, туку оној, кого што Господ го фали“ (2. Кор. 10, 18).

И како такви, кои претежно се трудат во служењето, мислиме за себе високо, во споредба со оние, кои живеат спокојно? Повторно наоѓаме, дека Господ повеќе ја фали Марија, затоа што го избрала подобриот дел (Лука 10, 42).

Или, како безмолвници, се превознесуваме над оние, кои се занимаваат со служење? Повторно наоѓаме, како Господ поучува и вели, дека не дошол да Му служат, туку за да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина (Мат. 20, 28). Затоа, во секој случај треба да се избегнува високоумието.

Но затоа за себе многу мислиме, дека живееме во пустинско и песочно место? Впрочем, никаква полза нема да ни донесе местото, ако не работиме со смиреноумие, затоа што апостолот вели: гледај не на видливото, туку на невидливото; бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно (2. Кор. 4, 18).

Но се фалиме со тоа, што живееме во јама и пештера? Сето тоа се знаци на самоумртвување и негрижа за земското. Затоа, она што ти си го избрал за себе како средство за напредување во добродетелта, да не ти служи како повод за паѓање во гордост. Не станувај сличен на наразумен ковач, кој не си ја знае работата и наместо парчето железо, се обидува да го усвити дрвото. И така, со сите сили треба да се држиме за смиреноумието.

Но ти си богат и остануваш во границите на праведноста? Впрочем, уште не си ја стигнал мерата на Авраам, кој вели: земја сум и пепел (1. Мој. 18, 27).

Но ти се грижиш за луѓето? И Мојсеј примил на себе грижа за народот. По ова, бидејќи Бог со раката на Мојсеја и Арона го поразил Египет и го исушил Црвеното Море, и по суво ги превел синовите Израилеви, и ги вовел во таа страшна пустина, и се приближиле до пределите Моавски, и ја виделе Моавците многубројноста на народот – и им рече Моав, како што е напишано, на старешините Мадијамски: Овој народ сега истребува сè околу нас, како што телињата ја изедуваат полската трева (4. Мој. 22, 4); зашто било направено пребројување на народот, освен жените, децата и левитското колено, и нивниот број од дваесет години и нагоре, сите од Израилот способни за војна, изброени беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет (4. Мој. 1, 45-46). И над сите нив водач бил Мојсеј. И, иако разговарал со Бога и ја видел славата Господова, не се погордеал во срцето, не станал мрзлив за смиреноумието. Затоа и Светото Писмо сведочи: „А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата“ (4. Мој. 12, 3).

Но ти си убав надворешно, со цврста сила, овенчан со дијадема? Впрочем, не си ја достигнал мерката на царот Давид, кој смиреноумно велел за себеси: „Јас сум црв, а не човек“ (Псал. 21, 7).

Но ти имаш знаење, и мудрост, и воздржување? Впрочем, сè уште не си дошол до мерата на трите отроци и пророкот Даниил, од кои еден велел: „Во Тебе, Господи, има правда, а во нас – срам на лицата, како што е денес“ (Дан. 9, 7); другите велеле: „Но со скрушено срце и со дух смирен нека бидеме примени“ (Дан. 3, 39).

И доколку праведниците покажувале во себе толку смирение, тогаш колку посмирени треба да бидеме ние, грешниците! Зашто да се гордееш и да мислиш високо за себе е плотско мудрување. И според зборовите на апостолот: „ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи“ (Рим. 8, 13). И невозможно е да се победат страстите, без да се напредува во оваа добродетел.

Зарем не си слушнал, што претрпел за побожноста блажениот Павле? Бидејќи во Посланието до Коринтјаните пишува тој: „Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов… од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар; трипати сум удиран со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабочина; многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од сонародници, во опасност од разбојници, во опасност од друговерци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа; во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија“ (2. Кор. 11, 23-27). Можеме ли и ние да се осмелиме на тоа? И види, каква е неговата добродетел: по толку опасности и по толку заслуги смиреноумно тој велел: „Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа“ (Филип. 3, 13). Така велел Павле, за да се оддалечи од гордоста, знаејќи, каков гнев навлекува таа на своите љубители.

Што е тоа високоумие? Да се превознесуваш – значи речиси исто, што и да го укоруваш Бога со своите лични заслуги. Така и во човечкото битисување, ако некој на ближниот му даде дар, но почне над него да се превознесува, тогаш неговите милости ќе се претворат во ништо, и ќе ја истреби тој наклонетоста на ближниот. Затоа таквиот човек е гнасен. Затоа и Господ, Кој се грижи за нашиот живот, сакајќи да нè оддалечи од оваа погубна страст, нè учи и вели: „Кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни’“ (Лука 17, 10). А ако не го вршиме заповеданото, тогаш не е правилно ни да се нарекуваме слуги негодни, затоа што велик е нашиот Господ, велики се и цврсти Неговите дарови.

Заради твое вразумување, бидејќи нè учел не само смирено да зборуваме, туку и да размислуваме смирено, Господ всушност нè поучил, кога се препашал и им ги измил нозете на апостолите. Затоа вели: „поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Мат. 11, 29). Кога трпиш жалост сакана или несакана, тогаш заклучи од тоа, дека си дошол до мерката на маж доблестен и смирен.

Но јас со ужас дознав, дека ти си допуштил во себе лажлива помисла, која ти го предлагала недозволеното. И прашувам: „Зарем ќе бидеш восхитен во овие денови?“ Наспроти тоа, многумина умствено си наштетиле од таа мисла. Кажи си на себеси, кој си ти. Во која мера си стигнал? Зарем си ти Илија? Зарем чудеса си правел како него? Зашто тој со молитва го затвори небото, „и не падна дожд на земјата три години и шест месеци“ (Јак. 5, 17), и повторно, по неговата молитва, небото дало дожд, и уште со молитва три пати симнал оган од небото. Но ти си ја нашол сета вера? Дај искуства; покажи знаци и чудеса; воскресни мртви со молитва; отвори им очи на слепите; изгони бесови; очисти ги лепрозните; исцели ги хромите; оди по морето како по сува земја; претвори ја водата во вино; со пет лебови и две риби, по својата молитва, нахрани голем број луѓе. Зашто не лаже Оној, Кој рекол: „Кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши“ (Јован 14, 12).

Но, можеби, некој ќе ги побие овие зборови и ќе рече: „Значи, ако некој не направи такви боголепни дела, тогаш за него нема надеж за спасение?“ Надеж на спасение имаме ние во себе и без да извршиме такви дела, само ако ја исповедаме својата немоќ и своето маловерие. На немоќниот му е потребно милосрдие, а не гордеење. А ако имаме потреба од милосрдие, тогаш да го употребиме на дело смиреноумието, та со смиреноумие да ги привлечеме на себе штедростите Господови. Бидејќи е напишано: „Кој се сеќава на нас во нашата смиреност… и нè избавува од непријателите наши“ (Псал. 135, 23-24). И уште: се смирив и ме спаси (Псал. 114, 6). Но доколку, потпирајќи се на ветер, многу високо мислиме за себе, тогаш не правиме ништо друго, освен што себеси се туркаме во бездна. Затоа не ја допуштај во себе болеста гордост, та непријателот да не ти го грабне расудувањето. Отрезни се од високопарната помисла на себеугодување. Не си простирај мрежи под своите нозе. Со смиреноумие очисти го својот ум од тој смртоносен отров.

Нека те вразуми примерот на оној, кој го чисти сметот од својот дом: тој се наведнува кон подот и го очистува. Толку повеќе и со толку поголема грижа треба да се наведнеме и да се смириме заради очистување на душата, да не го допуштаме во неа она, што не Му е мило на Бога. Зашто во смирената душа пребива Отецот и Синот и Светиот Дух. Напишано е: „Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општување постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник? Каква сличност има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ,Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ“. Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ, и Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки‘, вели Господ Седржителот“ (2. Кор. 6, 14-18). „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји“ (2. Кор. 7, 1). Затоа, кога заради подвижништво ќе се оддалечиш од животните работи и ќе се спасуваш од бранувањата на бедниот живот, тогаш уште повеќе грижи се да немаш општење со нечистиот дух на гордоста, за да те прими Господ. „Секој горделив по срце е одвратност пред Господа“ (Изрек. 16, 5).

Зарем не помислуваш на оној оган, низ кој ќе поминеме? Кога, поминувајќи низ тој оган, ќе се покажеме чисти и беспрекорни, тогаш ќе дознаеме за себе какви сме. Зашто судниот ден ќе го покаже… какво е делото на секого (1. Кор. 3, 13), според напишаното, затоа што ќе биде испитано со оган. И така, со големо смиреноумие да Го молиме Господа, да нè избави од гневот што иде, и да нè удостои да бидеме грабнати како што ќе бидат праведниците грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот (1. Сол. 4, 17), и со кротките и смирените да го наследиме Царството Небесно. Зашто, како што е напишано: Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно (Мат. 5, 3), така тешко на гордите и оние кои високо мислат за себе, затоа што за нив се подготвува огнената печка. Во гордост живее оној кој вели: „,Со силата на Своите раце и со премудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместувам границите на народите, и нивните богатства ги ограбив, раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уста не отвори, ниту писна‘… Затоа Господ, Господ Саваот ќе испрати немоќ на неговите здрави и меѓу првенците на твојата чест бесчестие и врз твојата слава оган на зло ќе се разгори“ (Иса. 10, 13-16). И уште: „А во срцето свое си велеше: Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот. Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот“ (Иса. 14, 13-15).

И така, да бегаме од гордоста, која не му е мила на Господа; да го засакаме смиреноумието, со кое сите праведници му благоугодувале на Господа. Зашто голем дар е смиреноумието; голема слава, голем успех и голема чест на оние кои го стекнале. Со него непречено одиме, во него е сесовршената мудрост. Заради високото мислење за себе фарисејот бил понижен, а, за смиреноумието бил возвишен митарот, со кого и нас да нè удостои Господ со нетлен удел со сите праведници. Нему Му прилега слава во вековите! Амин.

Преподобен Ефрем Сириски

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: