ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО

Македонска нација Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО и да ја спроведува идеологијата на четирите букви.

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО и да ја спроведува идеологијата на четирите букви.

Да се потсетиме што значат четирите букви. Сите Македонци треба да знаат што е ВМРО.

Традицијата на светите четири букви ВМРО - обврзуваат!

Довербата на народот - обврзува!

Сеуште неродените деца – обврзуваат!

И над се`, Македонија обврзува!

ВМРО е идеологија.

ВМРО е одговорност.

ВМРО е да ги штитиш интересите на Македонија.

ВМРО е да ја сакаш, а ако затреба и да ја браниш Македонија.

ВМРО е и да ги почитуваш тие кои во минатото беа прогонувани само затоа што работеа за идеологијата на ВМРО и ја сакаа Македонија.

ВМРО е да ги почитуваш тие кои “ја ставаа главата во торба“ за идејата за самостојна Македонија.

123ima

ВМРО е да ги почитуваш тие кои беа затворани, а голем број и убивани, тие кои беа испраќани на Голи Оток, во Идризово, на Солунска глава.

Денес не се казнува ако кажеш дека си Македонец, денес е гордост да се каже дека си за Македонија и ВМРО.

Денес треба да седнеш барем пет минути во денот да се потсетиш низ какви маки поминале овие луѓе, овие патриоти, овие родољуби и се` ќе ти биде јасно.

Само пет минути во денот, тоа го заслужуваат.

Тоа го заслужуваат тие кои ја прифатиле и се бореле низ историјата за идеологијата на ВМРО.

Луѓето се раѓаат, живеат и создаваат со Божји аманет!

Да не ги заборават делата на оние пред себе!

Да не плукаат на нивниот самопрегор, визија и жртва!

Божји аманет е да остават вредност зад себе, кога веќе ќе не` нема!

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите!

Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

Македонија вечна!

АМИН! АМИН! АМИН!

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: