ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Листа на кралеви, оратори и филозофи поврзани со Аристотел во Македонија

Точната година на раѓање на многу личности не се знае. Често се напоменува дека зрело време на живеење било на олимписката година, а тоа може да биде четири години подоцна или порано. И за местото на смртта не се знае на протераните и осудените филозофи, уметници и научници. Презимињата и фамилиите се губат за да се заметне потеклото. Најчесто тие се определуваат по градови каде што живеат, како на пр. Питагора од островот Сам или Питагора од Тарент, Сицилија. Дури и името на Александар Македонски се преправа како Велики.

aristotel_copyТочната година на раѓање на многу личности не се знае. Често се напоменува дека зрело време на живеење било на олимписката година, а тоа може да биде четири години подоцна или порано. И за местото на смртта не се знае на протераните и осудените филозофи, уметници и научници. Презимињата и фамилиите се губат за да се заметне потеклото. Најчесто тие се определуваат по градови каде што живеат, како на пр. Питагора од островот Сам или Питагора од Тарент, Сицилија. Дури и името на Александар Македонски се преправа како Велики.

Листата на Македонци владетели цврсто е утврдена, па затоа според неа треба да се одредува кои современици живееле во нивното владеење.

Се знае дека во Пела кај Архелај се собрале голем број славни личности околу 400 година п.н.е. Ако се тргне само од тој факт многу поточно ќе се напише македонската историја. Сите загрозени личности продолжиле да живеат и работат кај Архелај во Пела.

АРХЕЛАЈ И НЕГОВИТЕ СОВРЕМЕНИЦИ

Тукидид – протеран од Атина ја напишал историјата во Македонија.

Еврипид – по смртта на Сократ продолжил да твори кај Архелај во Македонија.

Агатон – глумец и трагичар, пријател на Алкибијад и Сократ, дошол со Еврипид.

Хипокрит – царски лекар со цела фамилија создавал асклепијади во градовите.

Ѓорѓија – оратор, политичар, филозоф, остварувал соработка со сите од Сицилија до Јонија, подучувајќи ги Софистите од Македонија.

Зевскид – од Хераклеја ги украсувал палатите и гробниците со акварели, сочувани во царската гробница од Кутлеш, Палатица, Еге. Патувачките учители и лекари, уметници и научници завршиле во Пела кај Архелај. Таму се нивните гробови и статуи со богови заедно. Проучувањето на најголемото македонско светилиште под Олимп во градот Дион најдобро ќе ни раскажел зошто биле толку палати, театри, сали со мозаици, храмови со бисти и статуи и најмногу градби и активности за самите македонски династии. Сите македонски кралеви и цареви биле мецени за било кое творештво и с# заедно.

Аминта – со сите три синови: Александар II, Пердика II и Филип II покрај постојаните војни во борба за македонската држава, како и Архелај, наоѓале време за градење, правење патишта, обезбедување напредок во науките, филозофијата и уметноста. Кралевите учеле во школите, се вежбале со фалангата по стадионите и останувале пријатели и соработници целиот живот со најучените луѓе на својот народ.

Тоа се потврдува и со животот на Филип II, Аристотел и голем број царски другари на принцевите и нивните учители и ученици. Долга е листата на наследената врска во образованието во Македонија кое што не никнало со појава на Аристотел. Стотина години наназад биле оратори и филозофи што вршеле влијание врз Аристотел некој посредно, некој директно, како негови учители. Како што имотите во Македонија се пренесуваат со тестамент, како што владеењето се наследувало, така науките, филозофијата и уметноста се одвивале во фамилијарни наследни тајфи. Тоа се гледа во тестаментот на Аристотел и Хипократовата заклетва и најмногу во врските на многубројните учители и ученици што го одредувале образованиот систем на највисоко ниво во Македонија.

ЃОРЃИЈА И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ ПО ОРАТОРСТВО

- Ѓорѓија претставува претходница на Аристотеловите науки и филозофија – повеќе од 100 години контактирал со истакнатите луѓе од Македонија. Тоа биле кралевите, филозофите, лекарите што ги собирал да ги учи на ораторство од најоддалечени краеви. Од него се воодушевувале Теофраст од Лезб, Еврем од Род, Аристоксен од Тарент, Дилеарх од Месенија, Стратон од Лампеах, Деметрис Фалереон и многу познатите Софисти, оратори, логопети, коишто и самите се познати како говорници. За сите што ќе ги спомнеме постојат докази дека тие во Атина биле странци, метоци учители по реторика, прогонети и убивани и место презиме пород го кажувале од кој град од Македонија произлегле за да ги оспоруваат, разединуваат.

- Исократ (436-338 г.) – оставил писма и посланица до Филип. Учители му биле Продил и Протагора, Ѓорѓија, Архин, Сократ и др. Ученици му биле Ефор, Есхин, Теопомп, Тимотеј  (се оженил со вдовица на Хипис) и др.

Филиповата посланица од 346 г. ја испратил по филократовата делегација како покана да дојде Филип во Атина за да се смират Арг, Теба и Спарта и да им биде водач на сите. Филип тоа веќе го правел на сите фронтови.

- Протагора – убиен во Атина кога сакал да побегне во Сицилија како тоа што го сторил Есхил, драмскиот писател. Имал многу ученици меѓу кои и Мелис, владетел на Сам. Списите на Протагора се изгорени во Атина, како што гореле еретици во инквизацијата.

- Лисие бил меток немал право на политика и јавни настапи, подучувал млади демократи како да учествуваат во власта.

- Исеј – познат учител на Демостен, држел беседи за наследство. Меток.

- Антистен - ученик на Сократ и Агатон, учител на Диоген.

- Диоген од Синопс се познавал со Филип, Александар и Аристотел.

- Антифон – (го цени Тукидид) – странец, убиен во Спарта со делегација за преговори, приврзаник на Ѓорѓија.

- Каликле, Хипија, Продик, Тразимах - познати Софисти и оратори со свои школи и ученици како и Андокид по примерот на Ѓорѓија се движеле по Пелопонес, Тесалија, Сицилија, Хелеспонт, Јонија и Егејските острови каде што и Филип подоцна праќал оратори и филозофи да делуваат како претходница на македонското обединување.

- Критија – вујко на Платон, водич на триесетмината тирани во Атина, ја спроведувал филозофијата на Ѓорѓија. Во Атина постоела силна македонска политичка партија, преку неа Филип II ја спроведувал својата политика. Водачи биле Есхин, Филократ и значителен број филозофи и оратори.

- Проксен – бил Ѓорѓин ученик, Софист и старател на Аристотел во Пела и Стагира, познато од тестаментот.

Angelina_MarkusАнгелина Маркус

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: