Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

ИЗВЕСТУВАЊЕ за 30. 07. 2022

26/07/2022

По повод чествувањето на борбата со која народот во Македонија се трудеше да ја добие својата слобода, а воочи празникот *Илинден* кој стана национален македонски празник, но и символ на македонскиот непокор, на *30. 07.2022 година во 9 часот, при влезната капија на Манастирот св. Јован Претеча Слепче,* која со векови ги чува трагите од куршумите на сите оние кои не се ослободија од своето властољубие како желба да владеат со другите, ќе се отслужи *ПАНИХИДА* за сите оние кои го положија животот застанувајќи во одбрана на сираците, вдовиците, немоќните, и сите кои ја сакаат слободата од Бога им дарувана. 

Во молитвите на панихидата ќе биде спомнато и целото население кое страдаше под јаремот на поробувачите а кое денес не е помеѓу живите на земјата, но живо остана за Бога. Молитвите на панихидата упатени кон Живиот Христос се за прошка на гревовите на сите оние, кои зедоа дел во таа слободарска кауза, како и за прошка на гревовите на сите оние кои во туѓи војски извршуваа наредби на претпоставени, а беа во редот на поробувачите. Молитвите ќе бидат и за сите оние кои како непријатели на жителите на оваа земја се пројавија, ние, и за нив од Христа нашиот Спасител, милост бараме. Како Христијани непријатели немаме, бидејќи и нив ги љубиме, бидејќи Господ и за нив ја пролеа Својата Крв.

Затоа народе, на кого Господ му е Водител во животот, повелете да се помолиме, вера да искажеме, и слободата Евангелска која Он ни ја дарува, уште еднаш да ја посведочиме.

На настанот ќе пристигне Кичевската коњаница, која после трпезата за упокоените, својот пат ќе го продолжи кон Крушево. 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: