На 25.06.2023 година, во третата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Пред Светата Литургија Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј изврши осветување на иконите и на новиот иконостас во црквата.
Login with a social network