На 26.07.2022 год., празник на Соборот на свети Архангел Гавриил, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија, во храмот на Светите Архангели, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Со денешниот празник се совпаѓа и втората годишнина од архијерејската хиротонија на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Григориј. По тој повод, свештенството на Кумановско-осоговската епархија му ја честиташе годишнината на надлежниот архијереј. На многаја лета, владико!
Login with a social network