Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Спомен на големите апостоли Петар и Павле

12.07.2022 година, во храмот „Св. Петка“ во с. Беловиште -Тетово, света литургија богослужеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на ереј Илија Сламков и ѓакон Илија Деспотовски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г.Јосиф го поучи верното стадо со пригодна беседа,во која меѓу другото нагласи: Светата Црква денес го прославува споменот на големите апостоли Петар и Павле, кои што се наречени првоврховни, првопрестолни и вселенски учители. Тие многу се потрудиле за распространувањето на словото Божјо, претрпувајќи многу страдања и гонења и тие преку своите посланија ни ги предале основните правила на Христијанската вера и живот.На денешниот светол празник, да ги слушнеме по­ви­ците за вечно спасение, за цврста вера, за вистинска и нелицемерна љубов и да заживееме живот сличен на апостолскиот. Иако сме грешни и слаби, молит­ве­но да ја бараме помошта на светите апостоли, за да можеме слободно да одиме по својот земен пат, постојано сеќавајќи се на светиот долг, кој се наоѓа во секој од нас да бидеме достојни чеда и ученици на нашиот Спасител- Христос.И така, браќа и сестри кои денес сте овде во овој прекрасен храм и ова живописно село Беловиште, празнувајќи го  нивниот свет спомен – да проникнеме во нивната вистинска вера и покајание, да ја спознаеме нивната невиност и чистота. Кога ќе ги здобиеме овие високи духовни квалитети и ги подржиме нивните големи дела – како пример за следење, ќе го добиеме и ние она вечно блаженство, што е подготвено за светиите. Патот кон спасението е премногу тежок и трнлив, но „ имајќи толку многу сведоци, околу нас “  кои поминале веќе низ него, тој станува за нас се полесен и полесен за поминување.Амин

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: