Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

На 06.09.2022 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше прославен големиот Јубилеј на првата генерација богослови во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје - 50 години од матура. Домаќин на оваа средба беше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој имал привилегија да биде дел од овој зародиш на Македонската православна богословија. Средбата беше одбележана со Благодарствена молитва кон Бога, со отслужување на света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофорите Јорданчо Митевски, Илија Димитриевски и Атанас Поповски, свештеникот Јован Саканарски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, а присуствуваше и свештеникот Димко Димоски, исто така, член на оваа прва богословска генерација. На Литургијата, со благослов на надлежниот архиереј на Струмичката епархија Митрополитот г. Наум, Митрополитот Тимотеј го одликува во протоерејски чин свештеникот Јован Саканарски, кој по завршувањето на Литургијата се обрати кон присутните со поучно слово. По завршувањето на Литургијата, беше приредена и трпеза на љубовта. 

Original Link...

Tags: None
0 comments
Report        

Read On: