Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Започна проектот „Мониторинг на православното културно наследство“

На 5.5.2022г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со свое обраќање, учествуваше на промотивната конференција која го одбележи почетокот на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“. Конференцијата се одржа во дворот на манастирот „Свети Пантелејмон“ во с. Горно Нерези во присуство на црковни великодостојници, државни функционери, дипломати, експерти за заштита на културното наследство […]

На 5.5.2022г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со свое обраќање, учествуваше на промотивната конференција која го одбележи почетокот на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“. Конференцијата се одржа во дворот на манастирот „Свети Пантелејмон“ во с. Горно Нерези во присуство на црковни великодостојници, државни функционери, дипломати, експерти за заштита на културното наследство и новинари. Настанот беше организиран од страна на ИКОМОС Македонија кој е и носител на проектот и Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија (МПЦ-ОА).

Конференцијата беше отворена од страна на г-ѓа Кристина Бицева, претседател на ИКОМОС Македонија која во своето обраќање истакна дека опсежниот двогодишен проект со наслов ,,Мониторинг на православното културно наследство“ е наменет за заштита на недвижното православно културно наследство (цркви и манастири), а ќе го спроведува ИКОМОС Македонија во тесна соработка и партнерство со Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија. Во својот говор таа нагласи дека ,,Македонија е исклучително богата со културно наследство кое датира од далечните праисториски времиња, па сѐ до модерното доба, но, најамблематично, најпрепознатливо, највредно и најбројно е православното културно наследство, односно нашите цркви и манастири. Токму затоа, свесни и совесни за огромното значење на ова богатство, наша задача е да го негуваме ова наследство и да го зачуваме за идните генерации. Во оваа насока е и проектот „Мониторинг на православното културно наследство“, чија главна цел е да ја утврди состојбата на зачуваност и потребите од заштитни интервенции на црквитe и манастиритe во Македонија, за кои ние од организацијата ИКОМОС ќе дадеме стручни препораки и насоки“.

Со свое обраќање, присутните ги поздрави Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Археипископ Охридски и Македонски, кој ја истакна сѐсрдната поддршка која МПЦ-ОА ќе ја даде за успешна реализација на оваа значајна иницијатива и додаде дека стручните тимови на ИКОМОС Македонија со овој зафат ќе треба да направат своевиден попис на православното наследство и да ја потврдат или да предложат измена во категоризацијата на веќе евидентираните добра, како и да ја афирмираат нивната вредност.

На отворањето се обрати и директорот на Управата за заштита на културното наследство, г.Аријан Асланај кој го изрази своето задоволство и поддршка за отпочнувањето на овој голем проект и додаде дека добиените резултати по завршувањето на овој проект ќе бидат од големо значење и ќе придонесат во понатамошната работа во заштитата и промоцијата на православното културно наследство.

Присутните ги поздрави и Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Македонија која ја потенцираше поддршката која САД ја дава изминатите години за заштита на културното наследство во нашата земја. ,,Културното наследство е прашање на идентитет на тие на кои припаѓа, тимот кој работи на проектот ќе даде огромен придонесза црквата и за светот, бидејќи нивната работа ќе помогне да се поведе грижа дека секој може да научи и подобро да ги разбере овие бесценети остатоци од културното наследство. САД досега имаат дадено повеќе од 1.5милиони долари во изминативе 20 години за заштита на повеќе од 15 локации на културно наследство во Македонија, а благодарение на овој проект, ќе можат да се заштитат многу повеќе”, рече амбасадорката Брнз.

Во рамките на конференцијата Кристина Бицева ги презентираше целите и очекуваните резултати од овој проект напоменувајќи дека проектот „Мониторинг на православното културно наследство“, ќе го спроведуваат стручни членови на ИКОМОС Македонија организирани во теренски тимови кои во оваа фаза предвидено е да направат увид и проценка на актуелната состојба на 700 цркви и манастири во сите осум епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија кои се на територијата на државата. Мониторингот ќе биде спроведен од пет теренски тимови, составени од искусни архитекти-конзерватори, конзерватори на ѕидно сликарство, градежни инженери и сеизмолози, историчари на уметност, но и млади професионалци кои членуваат во ИКОМОС Македонија. Теренските податоци од мониторингот ќе се прибираат според посебно креирана методологија базирана на најдобрите светски практики и препораки за мониторинг на културно наследство, а истите ќе се слеваат во специјално дизајнирана база на податоци која ќе биде виртуелно достапна за јавноста. Воедно, врз основа на наодите од мониторингот, ИКОМОС Македонија ќе даде и препораки и насоки за потребните идни заштитни и превентивни интервенции.

Понатаму следуваа серија предавања од реномирани домашни експерти и новинари за заштита, промоција и популаризација на православното културно наследство. Д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, во својата презентација говореше за ,,Вредностите на македонското православно културно наследство“, а проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет во Скопје, говореше за ,,Улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во заштитата на вредностите на православното културно наследство“, додека пак Марјан Николовски, уредник и новинар, презентираше за ,,Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија во медиумите“.

На крај, со мониторинг на манастирот „Свети Пантелејмон“, се означи официјалниот старт на теренската работа во рамките на проектот.

Проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ е во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД, како дел од неговата Иницијатива за документирање на наследството на заедниците.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: