Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Св. Атанасиј Велики - Лешок

На 15.05.2022 година, го прославивме споменот на св. Атанасиј - пренесувањето на неговите мошти. Во негова чест, во манастирот „Св. Атанасиј Велики - Лешок беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,во сослужение на митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј . Верниот народ се причести со светите тајни.По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г.Јосиф се обрати кон верните чеда со пригодна беседа на која меѓу другото нагласи: Денеска светата Црква го прославува споменот на големиот црковен учител светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, кој живеел во четвртиот век. Светиот Атанасиј, на кого е и посветен овој храм овде во славниот Лешочки манастир ,со својот живот, со своето делување и со својата извонредна интелектуална дарба, но уште повеќе со својата силна и непоколеблива вера, ќе биде светлина која ќе свети и ќе ги осветлува тогашните простори на Византиското Царство. Со својата ученост и со својата храброст тој ќе се покаже како првенец во исповедањето на православието. Тој, како ѓакон, ќе го придружува престарениот Александар Александриски на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. За време на Соборот, на кој ќе се расправа против еретикот Ариј, свети Атанасиј ќе се покаже како најголем ревнител во формирањето на правата и вистинска вера. Тој е и авторот на првиот дел, односно на првите осум члена од Символот на верата. Подоцна, свети Атанасиј ќе го наследи Александар на катедрата во Александрија и ќе ја продолжи и понатака борбата против аријанската ерес. Свети Атанасиј, како архиепископ Александриски, ќе помине цели 15 години во заточеништво, а и останатото време од неговото 47 годишно архипастирство ќе биде исполнето со непријатности и маки.Свети Атанасиј целиот свој живот како Владика го поминал претрпувајќи неправедни клевети и прогонства. Но, неговата големина била во тоа што тој исто како и многустрадалниот Јов, ниту еднаш во своите страдања не похулил, ниту пак се пожалил на Бога за тоа зошто страда на правдина.И денес брака и сестри кои сте дојдени во овој свет манастир во храмот на денешниот славеник свети Атанасиј, како да го слушаме со истата онаа храброст и мажественост, која ја поседувал во времето кога живеел на земјата, ни порачува на сите нам: „Не мислете високо за себе, не навлегувајте во оние прашања кои одамна се решени и заклучени; не нарушувајте го мирот на Црквата; не ожалостувајте Го Господа. Амин

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: