Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Конкурс за прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје за учебната 2022/23 година

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: – Да завршиле основно образование; – Да имаат основно познавање од Православието; – […]

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– Да завршиле основно образование;

– Да имаат основно познавање од Православието;

– Да се телесно и душевно здрави;

– Да не се постари од 18 години;

– Да не се женети;

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од V до IX одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.

Молбите за прием се поднесуваат до надлежниот епархиски архиереј и до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 17.06.2022г. (петок), со почеток од 09:00ч.

Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:

– Свидетелство за свето крштение;

– Свидетелства од V до IX одделение;

– Благослов од надлежниот архиереј;

– Лекарска потврда;

– Писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист.

Упис на вонредни ученици не се одобрува.

Од Управата на Богословијата

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: