Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Матурираше 53. генерација богослови

Денес, на 12.06.2021 година, беа доделени дипломите на 53. генерација богослови на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. На  чествувањето кое се одржа по отслужената Архиерејска Литургија присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој годинава беше и во функција на пратеник на Светиот архиерејски синод на […]

Денес, на 12.06.2021 година, беа доделени дипломите на 53. генерација богослови на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. На  чествувањето кое се одржа по отслужената Архиерејска Литургија присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој годинава беше и во функција на пратеник на Светиот архиерејски синод на матурските испити, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски и воедно ректор на Богословијата, г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ проф. Ѓоко Ѓорчевски, како и целокупниот наставнички колегиум на Богословијата. 

По доделувањето на дипломите говори одржаа класниот раководител на новодипломираните богослови, ѓакон Илија Петров, првенецот на генерацијата, богословот Димитар Петрески и пратеникот на Светиот архиерејски синод, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Петар, кои на младите фиданки на Македонската Православна Црква им посакаа успешно продолжување на богословското образование на нашиот Богословскиот факултет, како и кротко, вредно и долгоденствено работење на нивата Господова.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: