ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Посета на Карловачката богословија „Св. Арсениј“

На 10.1.2023 г., со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, учествуваа на добротворен настан со изведба на народни песни за помош на четиригодишната Софија која се бори со тешка болест. Настанот беше одржан со благослов на Неговото Преосвештенство, Епископот Сремски г. Василиј, […]

На 10.1.2023 г., со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, учествуваа на добротворен настан со изведба на народни песни за помош на четиригодишната Софија која се бори со тешка болест.

Настанот беше одржан со благослов на Неговото Преосвештенство, Епископот Сремски г. Василиј, во зградата на Српската православна богословија „Св. Арсениј“ во Сремски Карловци, а протојерејот Георгиј Бурмузоски и протоѓаконот Александар Димитријов од Македонската Православна Црква настапија со изведба на македонските народни песни „Калеш Анѓа“ и „Зајди, зајди“, испраќајќи порака дека молитвено и дејствително сме со малата Софија, но и со сите деца, кои страдаат од слични тешки болести, и со нивните родители и блиски. Господ Бог нека им  дарува душевно и телесно здравје, и богато да им ја испраќа Неговата благодат, за да можат да се соочат со ова искушение во нивните животи!

Следниот ден, на 11 јануари, гостите од Македонија, во епископскиот двор во Сремски Карловци, беа примени од Сремскиот епископ г. Василиј. Потоа, во Богословијата, беа примени од ректорот  протојереј – ставровор Јован Милановиќ.

Средбите и дружењето се одвиваа во искрено срдечен амбиент. При тоа, обострано, беше изразена радоста што произлегува од единството помеѓу братските православни народи – македонскиот и српскиот.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: