ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Свети Јован Златоуст За воспитувањето на децата

         1.      Да се родат деца е дело на природата, но да се образоваат и да се воспитаат - е дело на умот и волјата.   2.            Под должноста воспитување на своите деца јас подразбирам, не само грижа децата да не умрат од глад, на што, по се изгледа лушето ги ограничуваат своите обврски псрема децата. За овој начин на грижење не се потребни ниту книги, ниту пак уредби (закони), за тоа многу јасно кажува самата природа. Јас зборувам за грижење да се образоваат душите на децата во добродетелите и побожноста, што е свет долг, кој не може да се погази, а да не се направи извесен вид на детеубиство.    3.         Таа обврска е заедничка, акко и за татковците така иза мајките. Постоат татковци кои не штедат ништо за да им обезбедат на своите деца учители за разонода, задоволувајки ги нивните барања како богати наследници, додека многу малку се гржат за тоа децата да бидат христијани и да се надградуваат во вистинска побожност. Какво грешно слепило! Токму на таа груба немарливост треба да се препише целата неуредност од која страда средината. Да претпоставиме дека сте стекнале за нив голем имот, но доколку децата не умеат да се однесуваат мудро овој имот не би можеле долго да го сочуваат. Имотот ќе биде расфрлан, ќе пропадне заедно со своите господари и тоа за нив ќе биде најтажно наследство.4.       Вашите деца ќе бидат секогаш доволно богати ако добијат добро воспитување од вас, кое ќе биде во можност да го опитоми нивниот карактер и да му даде правец на нивното однесување. И затоа грижете се на да ги направите богати, тук да ги направите побожни, господари над своите страсти, богати во добродетелите. Придонесете да не го бараат он ашто им е непотребно, и земните богатства да ги ценат онолку колку што и вредат. Вниматено гледајте ги нивните постапки, нивното друѓтво, врски, и не очекувајте од Бога никаква милост доколку не ја исполнувате оваа должност.5.           Ако апотолот ни заповада повеќе да се грижиме за другите отколку за себе си, и ако постануваме виновни кога не се грижиме за нивна корист, нема ли да бидеме многу повеќе виновни тогаш, кога тоа се однесува на оние кои ни се најблиски? „Не Сум ли ви дал место во семејството ваше? - ќе ни рече Господ. Не ли ви ги поверив вам да се грижите за нив, поставувајки ве за нивни господари, старатели и судии? Јас ви дадов целосна власт над нив. Вам ви ја ставив целокупната грижа за нивното воспитание“. Вие ќе ми речете дека децата не сакале да се приклонат под јаремот идека го отфрлиле. Но, всушност тоа и беше потребно да се предупреди на самиот почеток. Вие моравте да влијаете на нивните први впечатови, да ставите узда кога тие се уште немаа сила да ја ракинат, да ја фатите таа млада душа во јаремот на должностите и да ја научите на него, да ја обликувате спрема нив (должностите), да ја преврзете раната веднаш штом ќе се отвори, да ги отргнете трњата веднаш штом почнат да се појавуваат околу тие нежни цвеќиња, а не да чекате да пуштат длабоки корења и страстите да станат незауздливи и нескротливи.6.      Премудриот Исус синот Сирахов зборува: „Ако имаш деца, воспитај ги, уште од младоста стави им јарем на вратот нивни“ (Премудрост Сирах. 7,25). Но Господ ни ја дава таа заповед не само преку устата на својот пророк, туку уште преоѓа на наша страна заканувајки се со страшна казна за децата кои се непокорни на власта на своите родители: „Кој кажува зло на таткото свој и на мајката своја, да се погуби“ (3. Мој. 20, 9). Он ги казнува со смрт оние кои од вас кријат, а вие ладнокрвно гледате на оние лоши дела кои ги вршат тие против највисоките власти. Они застануваат против самиот Бог, кршејки ги некжговите заповеди, а вие на тоа гледате без никакво негодување, па дури и без нај мал прекор. А што губи Господ од нивните навреди? - Ништо. Туку вие губите. И како да не се плашите за самите себе? Бидејки кој ќе го остави Господ, тој нема да го почитува ни својот татко, па ни самиот себе.7.           Децата кои се покорни и верни на Бога во послушноста на Неговиот Закон, наоѓаат изобилен извор на среќа, па дури и оваа земната. Сиромашниот човек со христијански морал е почитуван и сакан од луѓето кои го опкружуваат додека човекот со лошо и развратно срце целото негово богатство нема да го спаси од негодувањата и одбивноста на луѓето спрема него.8.           Младичот на кој вие ќе му пружите добро воспитување ќе ви постане мил не само заради тоа што ќе стекне сеопшто почитување, туку ќе ви биде мил и на вас самите. Вашата приврзаност за него нема да биде само проста наклонетост, туку ќе биде плод на неговите доблести. Затоа и вие во староста ќе ги уживате од него сите убавини на синовската љубов; тој ќе биде ваша потпора. Според тоа како што оние кои не го почитуваат Господа ги презираат и своите родители, така напротив, оние кои го почитуваат Бога, Отецот на сите луѓе - секогаш и на сите начини ќе ги почитуваат оние од кои го добиле животот. 9.       Да претпоставиме дека ќе ги исполните заповедите на Законот во секој дрг поглед, нодоколку идете неверни во таа една заповед, ќе бидете строго казнети. Послушајте годоказот за тоа земен од историјата на еден древен народ. Веднаш ќе увидите на каква страшна казна се подложени татковците кои не се грижат за воспитувањето на своите деца. Јудејците имале еден свештеник кој бил многу почитуван заради својата кроткост. Се викал Илија. Овој свештеник имал два сина кои им се предавале на сите пороци. Таткото не се грижел и не обрнувал внимание за тоа. Кога нивниот разврат станувал поголем тој само ги опоменувал, но без голема ревност и власт, бил должен строго да ги казни, да ги отфрли од себе, да употреби строги мерки и со тоа да стави крај на нивната неуредност. Но тоа не се случило. Тој се ограничувал на тоа да ги опоменува во вид на совет: „Немојте деца мои, не е добро тоа што го слушам за вас“ (Сам. 2, 24). Зар така требао да зборува? Тие го навредувале Бога, а тој ги нарекувал свои деца. Тие го заборавале Оној на Кого Му го должат животот, а тој сеуште и признавал за членови на своето семејство. Залудно и бескорисно ги советувал. Овде не беа потребни совети, туку силни укори, строги казни, силен лек кој одговара на злото. Тој морал страшно да делува врз нив и да ги отргне тие млади срца од нивната заблуда. А тој благо ги советувал. На неговите деца не им недостасувале совети. Тие зборови биле бескорисни! Децата всушност биле жртви на неговата грешна благост! Бидејќи војната почнала. Несреќниците паднале во рацете на непријателот. Илија, дознавајќи за нивната лоша судбина паднал на земјата и умрел. 10.       Сега ви зборував дека татковците кои н есе грижат да им пружат христијанско воспитување на своите деца се чедоубијци, т.е. убијци на сопствените деца. Нели е тоа вистина? Кој треба да обвинува Илија за смртта на своте деца? Самиот себе. Навистина, непријателскиот меч ги усмртил, но ударот на мечот го усмерила безгрижноста на таткото. Оставени без небеска помош тие станале немоќни против филистимските стрели. Таткото ги усмртил и нив и себе си. Меѓутоа, вакви примери сретнуваме секојдневно. Колку родители постојат кои не сакаат да се трудат да ги поправат своите непокорни и непослушни деца? Тие како да се плашат да не ги огорчат своите деца, доколку со своите строги зборови ги побиваат порочните наклоности на кои се предаваат нивните деца. И што произлегува? Прекршоците се зголемуваат, неказнувањето доведува до душевни престапи, судовите земаат збор, несреќниците умираат на местото на казната. Не исправајќи ги вие станувате нивни соучесници. Вие сте се одрекле од своите сопствени права над нив и со тоа сте придонеле да подлегнат на строгите граѓански казни и човечкото правосудство ги применила над нив своите строги права (закони). Вие се плашите во ваше присуство да не ги посрамите со лесна казна, а каков срам паѓа на вас кога вашиот син исчезнува, а таткото прогонуван од погледот на тужителите веќе нема смелост воопшто да се појавува некаде. 11.    И така, ве молам груижете се за доброто воспитување на своите деца. Пред сé помислувајте на спасението на нивните души. Бог ве поставил како глави и учители на вашите семејства; ваша должност е непрестајно да внимавате на однесувањето на свото семејство. Послушајте го апостолот Павле: „Ако вашите жени сакаат нешто да научат, нека ги прашаат своите мажи... Подигнувајте ги своите деци во воспитувањето и науката Господова“ (Ефес. 6,4). Подржувајте го Јов, кој бдееше над однесувањето на своите деца и принесуваше жртви да го умилостиви Бога за тајните гревови кои би можеле да ги направат (Јов 1, 5). Подржувајте го Авраам кој помалку се трудеше околу стекнување на богатств, а повеќе за одржување на Законот Божји од страна на своте домашни, за што сведочи Господ: „Зашто знам дека ќе им заповеда на синовите свои и на домот негов после него, да се одржат на патеките Господови и да го прават она што е праведно и добро“ (1 Мој. 18,19). Давид кога се приближувал кон смртта, сакал на својот син Соломон да му го остави најважното наследство, го повикал и му го повторил во вид н амудри поуки Божјото ветување: „Ако го запазат синовите твои патот свој, одејќи верно пред Мене, со сето свое срце и со сета своја душа, тогаш нема да исчезне човек од престолот изразилев“ (3 Цар. 2,4). Тоа се образците на кои ние мораме да се угледаме и за време на животот и при последната воздишка.12.  Ако добрите татковци се грижат да им дадат добро воспитание на своите деца, тогаш не би биле потребни ни закони, ни судови, ни судници, ни казни. Џелатите постојат затоа што нема моралност.Световното образование не е и Христијанско образование13.  Ние не штедиме ни труд ни средства да ги обучиме децата во световните науку и да ги научиме добро да им служат на земните власти. За нас само нека биде вно знаењето на светата вера и служењето на Царот Небесен. Ние им дозволуваме да посетуваат разни гледалишта, а многу малку се грижиме да не исзостануваат од Црквата и во неа да стојат со стравопочит. Ние ги принудуваме да полагаат сметка за тоа што го научиле во световните училишта; зошто пак, не бараме одговор од нив за тоа што го слушнале во домот Господов? 14.  Давајќи упатство кое е потребно за децата, Апостолот им се обраќа и на татковците говорејќи: „Вие татковци, нераздразнувајте ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов“ (Ефес. 6,4). Сакаш ли ти твојот син да биде послушен? Тогаш уште од детството воспитувај го во науката и стравот Господов. Не помислувај дека читањето на божественото Свето Писмо за него би била непотребна работа. Таму, тој пред се, ќе слушне: „Почитува ги таткото и мајката своја“ (2 Мој. 20,21), зборови кои се упатени во твоја корист. Немој да зборуваш: „Слушањето на Светото Писмо е работа на монахот; јас не сакм да го направам монах. Нема потреба да биде монах. Направи го христијанин. Бидејки и на мирјаните им е многу потребно да го изучуваат Светото Писмо, а посебно им е потребно на децата, бидејќи тие во таа возраст многу потребни работи не знаат. А, незнаејчи ги Божествените вистини ќе знаат многу од светските дела - ќе ги познаваат на пр. животите на светските херои кои им служеле на страстите: блуд, пијанство и др. А на твојот син му е потребно спасоносно раководство во науката и стравот Господов.15.  Нели е безумно да ги учиме децат ана световните науки праќајќи ги на високи школи, не жалејќи ништо за нивното образование, а за нивното воспитание во науката и стравот Господов воопшто да не се грижиме?! Токму затоа и ги жнееме (собираме) плодовите од таквото воспитување на своите деца - гледајќи ги како дрски, непослушни, развратни! Да не правиме така и да ги слушаме советите на св. ап. Павле. Да започнеме да ги воспитуваме децата во науката Господова и во стравот од казната Божја, да им дадеме пример на богоугоден живот, да ги принудиме уште од раното детство да вежбаат во читање на Светото Писмо. Ах, јас непрестајно размислувам дали залудно ги трошам моите зборови? Но и при сето тоа нема да престанам да зборувам, бидејќи тоа е моја должност.16.  Кажете ми, зошто не ги подржувате древните луѓе? Особено вие жените треба да ги подржувате прекрасните жени од минатото. Ти се родило дете - подржувај ја Ана, мајката Самуилова. Слушај како постапила таа: побрзала и го однела своето дете во Божјиот храм. Кој од вас не би посакал попрво да му се роди син како Самуил, отколку илјада пати да биде цар на целата вселена? Ќе речете: како е можно тоа? Зошто е неможно? Ти само посакај го тоа и предај Му го Нему, на Оној Кој може да го направи таков. Кој, ќе прашате, може тоа да го направи? Бог може. Затоа Ана и му го предала својот син Нему. Самиот Илија не бил способен да ги развие и образува, а како би можел кога немал власт над своите сопствени деца, но верата на жената и нејзината усрдност постигнале сé. Раѓајќи го првенецот свој и не знаејќи дали ќе има други деца, таа не велела: „Ќе почекам додека да порасне детето, да се наслади малку на животот. Ќе му дозволам кај мене да го помине детството“. Никако не помислувала на тоа, а имала само една мисла: како и што порано да го посвети детето на Бога. Да се посрамиме сите ние, мажи, на таквата мудрсот на една жена. Таа го однела својот син во Господовиот храм и го оставила таму. Тоа ја прославило и нејзината брачна заедница, затоа што со тоа што го принела својот прв плод од бракот на Бога, таа ни покажува дека во бракот не бара само телесни насладуања, туку угодување на Бога и затоа нејзината утроба постанала многу плодна, иако претходно била неплодна, и несомнено затоа видела каква слава и почит уживал нејзиниот син меѓу луѓето. Во нашата грижа за децата, се мора да биде вторстепено во однос на нивното воспитание во науката и стравот Господов. Кој, пред сé, научи да биде побожен, тој преку тоа ќе стекне најголемо богатство кое гонадминува секое богатство и најголема слава. Не е толку корисно да го образуваш својот син давајќи му само световна наука и знаење преку кое ќе почне да заработува пари. Ако сакаш да го направиш богат, постапи вака: богат не е оној кој поседува многу и се грижи да стекне што поголем имот, туку оној кој нема потреба од ништо. Тоа влевај му го на својот син и учи го на тоа. Не труди се да го направиш познат во световната ученост и да му обезбедиш стекнување на слава, туку труди се да го научиш да ја презира славата на овдешниот живот, така тој ќе биде пославен и познаменит. Тоа може да го постигне и богат и сиромав. Тоа тој нема да го научи од световните учители, ниту пак со помош на науката, туку од божественото Свето Писмо. Немој да се грижиш твојот син да поживее долго на земјата, туку грижи се да се удостои со живот безграничен и вечен. Пружи му многу, а не малку. Следи ги и внимавај на зборовите на св. ап. Павле: „Воспитувајте ги децата во науката и стравот Господов. Не труди се да направиш од него красноречив беседник, туку научи го на мудроста божествена, т. е. на побожност. Нема да биде никаква штета ако тој не стане красноречив беседник, но при недостаток на божествената мудрост и најголемата красноречивост нема да му донесе никаква корист. Потребно е побожно владеење, а не остроумност; моралност, а не сила на зборот; дела, а не зборови - со тоа се здобива Царството Божјо, со тоа се стекнуваат вистинските блага. Неизострувај го јазикот, туку очистувај ја душата. Ова не го зборувам да би се забранило светското образование, туку да не се приврзуваме исклуч

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: