ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Послушание од љубов

- Оф, оф, оф! Помогни ми, добар човеку!- Еј, лаву, па ти си влегол во погрешна приказна.- Ма не сум јас во никаква измислена приказна, туку во најголемата реалност. Ти Герасим ли си?- Да.- Значи, не си измислен, туку навистина постоиш. А јас сум еден несмасен лав, и тоа навистина лав. Еве, допри ме!- Сепак си погрешил, затоа што лавовите не офкаат, туку рикаат!- Ех, јас да рикнев, ти од страв ќе избегаше и тогаш кој ќе ми помогнеше?- Сепак, како децата да поверуваат дека лавот зборува?- А зошто да не поверуваат? Децата не се сомневаат како возрасните. Со своето чисто срце, тие знаат дека за Бога сè е можно.- Добро, кога си, веќе, така мудар, тогаш кажи како јас, слугата Божји, Герасим, можам да ти помогнам тебе, царот на сите животни?- Ногата ме боли и не можам да одам.- Па што си правел, немирко?- Сакав да скинам една преубава роза. Опојно мириса, а нејзините ливчиња се прелеваат на сонцето во чудесни бои. Ја подавам шепата и таман да ја скинам, кога таа – боц! Така страшно ме боцна, што трнот ми остана во шепата.- Баш си смешен! Кога сите би скинале по една роза, од земјата би го снемало тој прекрасен мирис. Затоа Бог на розата и даде трнчиња за да може да се брани. Туку, дај ја шепата, стисни ги забите и биди мирен!- Ќе ме боли ли?- Види колкав си, а се плашиш! Срамота. Ако те слушнат децата, ќе ти се смеат, затоа што тие се така мали, а сепак не се плашат кога мама со игла им вади трн од прстето.- Оф!- Па што е сега? Уште не те ни допрев, а ти веќе офкаш.- Ама, јас си офнав однапред, за секој случај. А што, всушност, направи ти?- Се прекрстив и Го замолив Бога за помош. Ние, луѓето, секогаш кога сакаме нешто да направиме, дури и најмала ситница, прво се прекрстуваме, па потоа почнуваме.- Зошто?- Предобриот наш Господ рекол: Без мене не можете ништо да направите, а сè што Господ рече, е апсолутна вистина и само вистина. Затоа ние секогаш прво ќе се помолиме: Боже, помогни ми, па потоа го правиме она што сме го наумиле. Ете, го извадив трнот. Уф, колку гној! Не ја спуштај шепата додека не ја завиткам.- Ех, колку си добар – поради мојата шепа, си ја искина својата облека.- Јас можам да сошијам нова мантија, но тебе нова нога не може да ти порасне.- Ти благодарам, пријателу!- На Бога благодарност! А сега, збогум, трапавко.- О, не, без мене ти никаде не одиш.- Ти оди во својата пештера, а јас одам во својот манастир.- Мене нема да ме измамиш. Добро те знам: секогаш ова време од годината скиташ по пустината и ниту нешто јадеш ниту во манастир одиш, сè додека не процвета дрвото пред мојата пештера. Зошто го правиш тоа?- Ова е време на Светата Четириесетница, кога ние, луѓето, со молитва, покајание и пост се подготвуваме да го дочекаме светлото Христово Воскресение. - Мора да ти е тешко без јадење и спиење? - Без Божја помош – би било не само тешко, туку и невозможно. Но јас, немоќниот, со Господ Семоќниот, можам сè!- Значи, можеш да станеш совршен?- Господ нас на тоа нè повика, велејќи: Бидете совршени како што е совршен Отецот ваш Небесен. Тоа значи дека совршени можат да станат сите кои тоа го сакаат и се трудат.- Како?- Едноставно – никому не прави зло, туку секогаш само она што сакаш тебе другите да ти го прават.Лавот се реши и тој така да прави – со својата лавовска сила да им помага на луѓето и да ги слуша, токму како што тоа некогаш во Рајот го правеле сите животни. Така, од својот пријател Герасим, свети Герасим, тој веќе не се одвојувал.Лавот не знаел дека Самиот Господ го чува Својот угодник Герасим, па се трудел постојано да е во негова близина за, ако има потреба, да го заштити со својата лавовска сила.Ех, лаву, лаву, ни сите лавови на светот не можат да го зачуваат човекот, ако Самиот Господ не го чува! А Господ навистина го чувал светиот Герасим уште од раѓање.Уште додека бил сосема млад, Господ него го повикал на патот монашки. Од родната Ликија, Герасим прво отишол во пустината Тиваида. Таму, во далечниот Египет, тој Му вознесувал на Бога топли молитви за спасение на целиот свет.Така прават сите монаси и монахињи, нашите вистински пријатели – тие се молат на Бога за сите нас. И за тебе, се разбира! Навистина, пријателство е кога со некој ќе поделиш чоколада, но најголемо нешто што можеш да направиш за пријателот, е да се помолиш за него на Бога.Герасим многу сакал да биде блиску до реката Јордан – светата река на која св. Јован, Претеча Господов, Го крстил Самиот Господ Исус Христос. И Господ му ја услишал желбата. Тука Герасим и го запознал трапавкото. Огромниот лав му се умилкувал како да е мало, сосема мало маче.Се приближи и Воскресението Господово – празник над празниците, па свети Герасим се врати во манастирот за заедно со отците и браќата да го дочека најрадосниот празник на светот. А каде тој, таму и лавот. Кога монасите го видоа својот духовен отец Герасим, како доаѓа во манастирот со лавот, малкуцка се уплашиле.- Не плашете се, ова е само еден вљубен несмасен лав. Многу е добар и послушен. Туку, бидејќи сака да биде во манастирот, треба и нему некое послушание да му дадам.- Како тоа, оче, на лавот послушание? Па зарем ќе разбере?- Гледајте и учете се како и ѕверот може да слуша. Трапавко, ти ќе го чуваш нашето магаре Њако. Тоа е многу вредно и послушно и нам секојдневно, на својот грб, ни носи вода од Јордан. Многу сака да пасе зелена тревичка, но никој од монасите нема време да го чува.Штом св. Герасим го рекол тоа, лавот веднаш во забите го зело конопот со кој магарето било врзано за едно дрво, и го одвело на ливада. Њако го послушал и тргнал по него. На зајдисонце лавот се вратил, водејќи го магарето за узда. И така секој ден. Само, лавот имал една голема мана – многу сакал да спие. Ех, таков спанко не сум видел во својот живот. Чуј само што му се случило на лавот-спанко!Припекло попладневно сонце, цвеќето на ливадата преубаво мирисало, а Њако грицкал зелена тревичка. На лавот така му се приспало, што не одолеал – отишол малку подалеку, легнал во ладовината и заспал со сладок сон. Додека тој спиел, покрај магарето поминал некој трговец со камили претоварени со прекрасни работи. Одел во Ерусалим за сето тоа да го продаде. Видел трговецот – магарето само, никаде никој, па го фатил и го одвел. Всушност, трговецот го украл магарето. А кражбата е грев. Нема тука никакво оправдување – украл и точка! Каква врска има тоа што магарето било само? И што му е нему гајле чие е магарето? Ех, како само го нажалил лавот. Кога се разбудил, тој ја пребарал целата пустина, но Њако го нема па го нема.И се вратил тажниот спанко во манастирот. А кога монасите виделе дека го нема магарето, тие се посомневале во лавот и го обвиниле дека тој го изел Њако. Ма, каде тој, добричкиот, би го направил тоа! Најтажно било тоа што му се чинело дека и самиот старец Герасим се сомнева во него.- Е, пријателу, бидејќи не го чуваше добро Њако, од денес, наместо него, ти ќе ни носиш вода од Јордан, – му рече свети Герасим.Не му било тешко на спанкото да носи вода, туку му било жал што го изневерил добриот старец Герасим. Неколку години тој послушно носел вода на својот грб, сè додека еден ден во манастирот не дошол некој добар војник. Кога го видел лавот како на својот грб ги носи тешките садови преполни со вода, тој рекол:- Оче Герасиме, те молам, прими ги овие три златници, па купи друго магаре, а лавот ослободи го од обврските. Нека повторно лавот си биде лав, а магарето – магаре.- Во право си, пријателу! Лавот навистина се покаја за својата невнимателност.И купија друго магаре. Сите се израдуваа за тоа, освен лавот. Тој и понатаму тагувал затоа што на старецот Герасим не можел да му докаже дека не го изневерил. Знаел дека згрешил што спиел, наместо да го чува Њако, но дека го изел – е, тоа веќе не било вистина. Но, сè што е скриено, кога-тогаш ќе се дознае, верувајте ми! Така се дозна и за гревот што го направил трговецот.Имено, еден ден после ручекот нашиот лав станал жеден, па тргна кон реката Јордан да се напие вода. Токму тогаш истиот оној трговец повторно одел во Ерусалим, носејќи голем товар пченица. Ма, не го носел тој, туку сè му било натоварено на камилите. И на Њако. И само што ја минал  реката Јордан, кога… Ау – само да можевте да го чуете тој лавовски рик! Сета пустина одекнала кога нашиот спанко рикнал од радост. Лавот го препознал својот пријател Њако, па од радост – јуриш кон него. А трговецот страшно се уплашил и избегал колку што го држеле нозете. Лавот ја грабнал уздата и го повел Њако назад во манастирот. Сите отци и браќа се зарадувале, но старецот Герасим најмногу. Знаете, му било жал што лавот толку тагувал. Старецот и го милувал и му велел дека го сака, но сè залудно – лавот многу се каел што не го слушал старецот подобро. А сега, ех која радост! Како само му се умилкувал на старецот… Ама само да го видовте! Знаел дека сега сè му е простено и бил многу среќен поради тоа. И старецот му го дал името Јордан.Минувале години, а старецот Герасим сè повеќе и повеќе сакал да премине кај својот и наш Господ. И сè потопло Му се молел на Бога да го повика кај Себе. Господ ја услишал молитвата на Својот угодник и старец Герасим – и свети Герасим се преселил кај Господа. Тоа било на четврти март по стар, односно седумнаесети по нов календар, 475 година.Токму тој ден лавот Јордан бил отиден во пустината да ги посети своите пријатели. А кога се вратил, ех! Што да ви кажувам?! Кога монасите му рекле дека старецот си отишол кај Господа, тој само рикнал еднаш, паднал и веќе не се подигнал. Па зарем тој да живее тука, на земјата, без својот добар старец? О, не, тоа никако нема и не може! Затоа и тој си отиде по својот добар старец.Ех, какво пријателство меѓу човекот и животното! И какво послушание на животното кон човекот!Послушание од љубов! Токму како некогаш во Рајот!

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: