ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Насловна

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите.    

Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 72 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Игор Василевиќ од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: