ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Бригите на територијата на Р. Македонија

Уште во текот на раната антика, со пишани податоци е потврдено присаството на Бригите на територијата на Р. Македонија. Освен пишаните извори неминовно е да се вклучат и археолошките податоци за да се добие појасна слика за присаството на Бригите на оваа територија, иако прашањето за присаството на Бригите на територијата на Р. Македонија е едно од најтешките прашања за конкретен одговор.Сеуште е недоволно јасно утврдено нивното мигрирање, населување на територијата на Македонија, а исто така и нивната поврзаност со Фригијците и Фригијската држава. Исто така недоволно се истражени и односите со Пајонците како и другите кои во тоа време ја населувале Македонија.

brigiУште во текот на раната антика, со пишани податоци е потврдено присаството на Бригите на територијата на Р. Македонија. Освен пишаните извори неминовно е да се вклучат и археолошките податоци за да се добие појасна слика за присаството на Бригите на оваа територија, иако прашањето за присаството на Бригите на територијата на Р. Македонија е едно од најтешките прашања за конкретен одговор.

Сеуште е недоволно јасно утврдено нивното мигрирање, населување на територијата на Македонија, а исто така и нивната поврзаност со Фригијците и Фригијската држава. Исто така недоволно се истражени и односите со Пајонците како и другите кои во тоа време ја населувале Македонија.

Пишани податоци за Фригите наоѓаме уште кај Страбон и Херодот. Херодот вели дека: ”додека тие живееле во Европа и биле соседи на Македонците, се викале Бриги, а кога се преселиле во Азија си го промениле истовремено и родниот крај и името и се именувале како Фрижани.

Арменците биле наоружани исто како Фрижаните, бидејќи биле потомци на Фрижаните. Двата овие народи ги предводел Артохмо, кој бил оженет со ќерката на Дарије.”

Постојат различни толкувања за Бригите во Македонија кои се движат во крајности од нивното постоење па до нивно отселување во Мала Азија и формирање на Фригијското кралство, па сé до толкување дека сî е само митолошка приказна.

Несомнено е дека во античките пишани извори ги има Бригите на територијата на Р. Македонија и несомнено е дека мора да се бараат некои релации. Псеудо Скимнос ги споменува и вели дека живееле позади Епидамнос до Кераунските планини и вели дека над нив живееле Енхелејците.

Од пишаните извори може да се заклучи дека тие не населувале некоја огромна територија целосно, туку биле распоредени во помали групи на територијата на Р. Македонија помеѓу Хераклеа и Лихнид, потоа по горното течение на Црна и долината на реката Вардар, а исто така биле распоредени и по Јадранското крајбрежје. Нивното присаство тука е забележано и во историските времиња, но секако не како во Мала Азија каде доживуваат подем.

Во Мала Азија, во почеток на железното време, Фригијците го формирале Фригијското кралство. Гордион е градот престолнина на ова кралство. Ова кралство опстоило сé до наездата на Кимеријците во 680 г.п.н.е.

Што се однесува на Бригите кои ја населувале територијата на Р. Македонија, ќе кажеме дека најверојатно се населиле уште во митските времиња после Тројанската војна.

Хомер забележал дека Мигдон бил Фригијски херој, а Страбон пак вели дека Мигдоните биле фригијско племе кое ја напуштило Европа, а Мигдонија била областа меѓу долен Вардар и Струма.
Можеме да забележиме и тоа дека, Плиние вели дека Мигдоните биле од пајонски род, според генеалогијата на Аполодор каде Мигдон е син на Пајон.

Од сите овие пишани податоци и од археолошките истражувања на терен може да се дојде до некој заклучок, според кој би кажале дека Бригите биле присатни на територијата на Македонија во преодниот период и раното железно време во Македонија.

Од археолошка гледна точка тоа би се потврдило со начинот на погребување. Имаме спалени покојници во урни кои би се поврзале со Бригите. Носители на овој начин на погребување во Македонија биле дојденци, најверојатно од север кои имаат и поинаква материјална култура. Вакви остатоци можат да се сретнат во Повардарјето, посебно во Долното Повардарје каде што Бригите се задржале најдолго.

Жаклина Котеска

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: