ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Милошоски: Овој парламентарен состав нема легитимитет за уставни измени

Милошоски: Овој парламентарен состав нема легитимитет за уставни измени зошто никој ги немаше во изборната програма, решението е предвремени парламентарни избори

1milos1

Милошоски: Овој парламентарен состав нема легитимитет за уставни измени зошто никој ги немаше во изборната програма, решението е предвремени парламентарни избори

Самиот состав на работната група во министерството за правда покажува дека ова е една голема импровизација. Прво ќе го наведам фактот дека сериозни експерти по Уставно право одбија да учествуваат во оваа работна група, како на пример академикот Камбовски, проферорката Рената Дескоска и други од нивни, веројатно, добро пресметани причини одбија да бидат дел од ова група затоа што знаат дека оваа работна група има за цел да претстави дека нешто се работи, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски при неговото гостување во емисијата „Патот кон“ во однос на работната група за уставните измени во рамките на министерството за правда.

Милошоски посочи дека доколку власта беше сериозна и кога веќе прифатила обрски кои што не може да ги исполни, косултациите ќе ги почнеше во Собранието и таму ќе можеше да се викнат експерти кои ќе го кажеа нивното мислење.

„Доколку владата беше сериозна и смета дека има соодветна бројка, ќе ги почнеше овие консултации во Собранието, каде што претседател на Комисијата за уставни прашања е господинот Талат Џафери. И тој таму можеше, секоја собраниска комисија може, да покани експерти и да дадат свое мислење. Второ гредаме дека  ниту една опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива па и други помали партии, одбија да учествуваат. И трето гледаме дека некои политички партии испратија луѓе претставници, кои навистина немаат поим од уставно право, и затоа сметам дека од самиот старт оваа работна група во министерството за правда е девалвирана“, посочи Милошоски.

Ние сме им кажале на власта, вели Милошоски, дека овој проблем кој што тие  го создадоа со превземање на обврски кон Бугарија кои што не можат да ги исполнат во име на Собранието, може да се решаваат само во Собрание кое што има легитимитет.

„Ова Собрание, овој  парламентарен состав нема легитимитет. Никој во својата изборна програма не напишал дека ќе спроведува уставни измени по диктат на Софија. Тоа не го кажа ниту Ковачевски кога беше назначен или избран за премиер. Затоа сметаме дека решението би било да се оди на избори парламентарни, секоја партија да понуди на кој начин смета дека може најповолно за Македонија да се реши овој проблем создаден од Бујар Османи, Димитар Ковачевски и нивните соработници и потоа согласно мандатите да се разговара на еден посериозен начин за оваа тема“, истакна пратеникот Милошоски.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: