ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Средба со матурантите од богословијата „Св. Арсениј“ во Срем...

На ден 20.04.2023 година, со благослов на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во Лешочкиот манастир, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги прими протојереј ставрофор Јован Милановиќ - Ректор на богословското училиште „Св. Арсениј", Сремски Карловац, Република Србија и дванаесетмината ученици матуранти. Со историјата на Лешочкиот  манастир ги запозна протоејреј Жарко Мицковски, поранешен професор во Македонската православна богословија - „Св. Климент Охридски“. Ценетите гости ги прими надележниот владика г. Јосиф и приреди трпеза на љубовта. Богословијата „Св. Арсениј“ во Сремски Карловац претставува една од најстарите и најважни просветни установи во Р. Србија. Оваа богословија е една од седумте богословски училишта кои ги има Српската православна црква. Првата српска богословија ја основал Митрополитот Карловачки Стефан во 1794 година.

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: