МПЦ-ОА - Тетовско Гостиварска Епархија »

  • Oдбележување на 79 години од загинувањето на Народниот Херој...

    Posted 2023-02-24 19:39:58 by: Сард

    На 23.02.2023 година на покана на командантот на 3 пешадиски баталјон потполковник Игор Станковски во касарната "НХ Кузман Јосифовски - Питу" Тетово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф присуствуваше на одбележување на 79 години од загинувањето на Народниот Херој Кузман Јосифовски - ...

    Comments: 0   View more...

  • Света Божествена Литургија во Лешочкиот манастир

    Posted 2023-02-24 19:39:58 by: Сард

    19.02.2023 Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протоереј Предраг Исаевски, ерејот Мартин Андоновски и ѓаконот Илија Деспотовски, отслужи Света Божествена Литургија во Лешочкиот манастир. - На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓудругото нагласи: - Оваа недела вниманието на Црквата е свртено кон Евангелието за Судот Божји (Мт. 25, 31-46) на кој што недостигот на дела на љубов ќе нѐ покаже виновни пред Бога.Ден претходно, во саботата си спомнуваме за сите претходно упокоени отци и браќа наши. Црквата си спомнува за сите упокоени од Адама до денес, кои на Бога Му служеле верно, отци и браќа наши, и за сите наши ближни и роднини, за секој човек. Црквата проси за сите нив добар одговор на Страшниот Суд, и радосно добивање на десната страна од Него, за оние кои се покажале достојни за Царството Негово. Црквата Божја, меѓу другото, ни припомнува и за Второто, славно Христово доаѓање на земјата и за Неговиот последен, неподмитлив суд на секоја душа ...

    Comments: 0   View more...

  • Религијата во образованието - искуства и предизвици

    Posted 2023-02-24 19:39:58 by: Сард

    На 16. 02. 2023 година, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф се обрати на Тркалезната маса ,,Религијата во образованието - искуства и предизвици", организирана од фондацијата ,,Конрад Аденауер". На средбата присуствуваа Реис ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглавар на ИВЗ, НВП. Скопскиот бискуп и Епарх струмичко-скопски, монс. д-р Киро Стојанов, поглавар на Католичка црква во РМ, д-р Емил Заев - претседател на Евангелско-методистичка црква, г-дин Пепо Леви - претседател на Еврејска заедница, пратеници од Собранието на Република Македонија, претставник од Министерството за образование и наука и верски експерти, кои разговараа за улогата на религијата во образовниот процес. Говорот на митрополитот г. Јосиф, кој го произнесе во име на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, можете да го прочитате на следниот ...

    Comments: 0   View more...

  • Сретение на Господа Исуса Христа

    Posted 2023-02-24 19:39:58 by: Сард

    На 15. 02. 2023 година, денот кога го прославуваме празникот Сретение на Господа Исуса Христа, во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со светите тајни. Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф истакна: ,,Денес е празникот Сретение, и си спомнуваме за средбата на Бог со човекот, на Спасителот на светот, Господ Исус Христос со старецот Симеон, како претставник на човечкиот род. Денеска прославуваме еден од дванаесетте големи празници, посветен на Сретението на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалимскиот храм, односно, четириесеттиот ден од Неговото раѓање во Витлеемската пештера. Уште во Стариот завет, постоел закон, на четириесетиот ден по раѓањето младенецот заедно со својата мајка, да се претстават пред свештениците за да добијат очистување по раѓањето. Оваа традиција е сочувана и во новозаветната Црква, односно, денеска тоа е Големата молитва, кога, ...

    Comments: 0   View more...

  • Cветиот маченик Трифун

    Posted 2023-02-24 19:39:58 by: Сард

    На 14.02.2023 година, на денот кога го празнуваме споменот на светиот маченик Трифун, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на повеќе свештенослужители, го изврши чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и манастирското лозјето. Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна: ,,Светата Православна црква, секојдневно прославува по некој Божји угодник. Денес го прославува светиот маченик Трифун. Прославувајќи го денеска овој Божји маченик, нашата света Црква и вера нè поучува и од нас бара да се угледаме на силната и непоколеблива вера, како кај апостолите, така и кај овој Божји маченик. Од нас, ниту Црквата, ниту Господ Христос бара и очекува да бидеме маченици. Тоа не се бара бидејќи никој не нè прогонува и немаме потреба од такви подвизи. Но, не треба да заборавиме дека непријателот на човечката душа постојано нè искушува со разни соблазни и интриги за да нè оддалечи од Бога, од Црквата, од правдата, од вистината, од љубовта, и од сè она што нè води кон зададената цел. А тоа е, спасението на ...

    Comments: 0   View more...

  • ВОДОКРСТ

    Posted 2023-01-20 08:50:51 by: Сард

    18.01.2023 ВОДОКРСТ ,Во храмот Пресвета Богородица -Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше Царски часови, Вечерна со Василиева литургија на која  сослужуваа протоереј-ставрофор Томислав Јосифовски,протоереј-ставрофор Мирко Станковски, протоереј Предраг Исаевски,ереј Илија Сламков,ереј Велјанчо Огненовски.Верниот народ се причести со светите тајни.По светата литургија се изврши и голем Богојавленски водосвет.Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓудругото истакна:Дојде и денот кога се осветуваат водите. И ние дојдовме во светиот храм посветен на Богомајката, на Пресветата Богородица – овде во Тетово да присуствуваме на богослужението, на Царските часови и на Светата Василиева Литургија и секако на чинот на Големото осветување на водата.Денешниот празник во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за пост. Овој празникот е востановен во спомен на кршетението на луѓето кои го примиле ...

    Comments: 0   View more...

  • Обрезанието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос

    Posted 2023-01-20 08:50:51 by: Сард

    На 14.01.2023 г., кога  го празнувавме Обрезанието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, светиот Василиј Велики,како и почетокот на Новата година, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи Света Божествена Василиева Литургија во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетиво. - После Божествената Литургијата, беше отслужен молебен за благослов на предстојната Нова Година, благодарејќи му на Бога за сите дарови, кои секојдневно ни ги дава. - Митрополитот г.Јосиф во својата беседа меѓудругото нагласи: - Денес, браќа и сестри, ние го славиме, исповедаме и величаме Троичниот Бог, благодарејќи Му за овој троен празник т.е. Неговото Обрезание по тело, празникот на Свети Василиј Велики, Архиепископот на Кесарија Кападокиска, на кого денес споменот му го празнуваме и чија Божествена Литургија ја служиме, како и прославувањето на Новата црковна година според нашиот древен јулиански календар.Новата година е дар Божји, дар на Неговата љубов и милосрдие. Господ ни ја дава новата година чиста и неизвалкана, а во нејзиниот тек, можно е сè да не ...

    Comments: 0   View more...

  • Празничен прием по повод Божикните празници и именденот на А...

    Posted 2023-01-20 08:50:51 by: Сард

    08.01.2023 Во Архиепископскиот соборен храм ,, Свети Климент Охридски"- Скопје, Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф присуствуваше на празничен прием по повод Божикните празници и именденот на Архиепископот охридски и македонски г.г. ...

    Comments: 0   View more...

  • Прием во Лешочкиот манастир

    Posted 2023-01-20 08:50:51 by: Сард

    Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир го прими д-р Билал Касами градоначалник на општина Тетово. Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Тетово г.Бесар Дурмиши упатија честитка до митрополитот и до сите христијани за големиот верски празник Божиќ. На приемот присуствуваше и кординаторот на советничка група на ОК Вмро-Дпмне -Тетово г. Ангел ...

    Comments: 0   View more...

  • Bтор ден Божик

    Posted 2023-01-20 08:50:51 by: Сард

    На втор ден Божик, кога се чествува и Собор на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештенство од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот ...

    Comments: 0   View more...