МПЦ-ОА - Струмичка Епархија »

  • Соопштение

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Соопштение (21.02.2023 15:31) Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 21 февруари 2023 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот и односите со Помесните Православни Цркви и ги поздравува одлуките на оние кои Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење.             Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што се однесуваат на нејзиното уставно име МПЦ – ОА и нејзиниот автокефален статус и се раководи по светите канони, догми, Светото писмо и Светото предание. Поглаварот и архијереите - членови на Синодот на Светата Македонска Православна Црква категорично ги чуваат, одржуваат и не се откажуваат од нив.             Светиот Синод на МПЦ – ОА, наоѓајќи се пред Светата четириесетница (Великиот Пост) ги повикува своите верни чеда на взаемно простување и им го благословува ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во Струмица

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    На Сретение ...

    Comments: 0   View more...

  • Црквата на Чешките земји и на Словачка ја призна МПЦ ‒ ОА

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Црквата на Чешките земји и на Словачка ја призна МПЦ ‒ ОА (13.02.2023 17:11) На својата седница, одржана на 7 февруари 2023 година, Синодот на Православната Црква на Чешките земји и на Словачка ги разгледа и ги прифати одлуките на Вселенската Патријаршија за враќање на нашата Света Црква во евхаристиско општење со сеправославната екумена и на Српската Патријаршија за доделување на автокефален статус на нашата Македонска Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија.   Извор: Прешовска православна епархија Линк: http:/www.eparchiapo.sk/sk/dokumenty/aktuality/spravodajstvo/v-presove-zasadala-posvatna-synoda-pravoslavnej-cirkvi-v-ceskych-krajinach-a-na-slovensku     ...

    Comments: 0   View more...

  • Романската Православна Црква ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Романската Православна Црква ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (10.02.2023 17:02) Официјалната електронска страница за комуникација со јавноста на Романската Православна Црква, , денес ја објави Одлуката на Светиот архијерејски синод, од седницата одржана на 9.2.2023 година, а со која се прифаќа признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија. Во официјалното соопштение се вели: Се прифаќа признавањето на автокефалноста доделена на Црквата од Република Северна Македонија под името „Охридска Архиепископија и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, од страна на Српската Патријаршија преку Синодалниот Томос издаден на 5 јуни 2022 година. Нејзиниот Претстојател ќе биде споменуван со титулата „Блажениот отец Стефан, Архиепископ на Охрид, на Скопје и на Северна Македонија“. ...

    Comments: 0   View more...

  • Телеграми со сочувство до Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј и до Антиохискиот Патријарх г.г. Јован Х

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Телеграми со сочувство до Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј и до Антиохискиот Патријарх г.г. Јован Х (09.02.2023 17:02) По повод ужасниот земјотрес којшто ги погоди Турција и Сирија, земји коишто се дел од канонските територии на Вселенската и на Антиохиската Патријаршија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 7.2.2023 година, испрати Телеграми со сочувство до Претстојателите на овие две Цркви ‒ Неговата Сесветост Всленскиот Патријарх г.г. Вартоломеј и Неговото Блаженство Антиохискиот Патријарх г.г. Јован Х. Искажувајќи го своето најискрено сочувство до обата Патријарха, Архиепископот истакна дека македонски народ сострадува со сите погодени од оваа страшна природна катастрофа, а дека тој од свое име и од име на сите архијереи на нашата помесна Црква проси од Бога „да ги утеши семејствата на постраданите, да ги упокои загинатите, да им даде сила и побрзо закрепнување на повредените, да им даде истрајност и храброст на тие што учествуваат во спасувањето“. Воедно во Телеграмата кон Вселенскиот Патријарх, Архиепископот ...

    Comments: 0   View more...

  • Сеноќно бдение во Ново Село

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    За празникот на свети Антониј ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во Ново Село

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Недела на ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во Струмица

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Божествена Литургија во Струмица (28.01.2023 18:44) Денес, кога Црквата го празнува споменот за свети Гаврил Лесновски, свети Прохор Пчињски, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Заупокоена Литургија во храмот „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив“, во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови ...

    Comments: 0   View more...

  • Се упокои Митрополитот Пергамски Јован (Зизиулас)

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    Се упокои Митрополитот Пергамски Јован (Зизиулас) (02.02.2023 18:28) На 2 февруари, на празникот Сретение Господово (по нов стил), на 92-годишна возраст почина митрополитот Пергамски Јован (Зизиулас). Митрополитот Јован, заедно со Митрополитот Калист (Вер), беа најпознатите современи православни теолози и философи, воедно архиереи на Вселенската Патријаршија. Тој почина вчера во болница во Атина, каде што се лекуваше последниве недели. Митрополитот Јован е роден на 10 јануари 1931 година во селото Катафигио, Кожанска област. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Атина во 1955 година. Докторирал на тема „Црковното разбирање на Евхаристијата и епископот во првите три века“. Прашањето за улогата и местото на епископот во православната Црква секогаш играла важна улога во неговите теолошки дела. Предавал теологија на Семинаријата „Св. Владимир“ во Њујорк (1961-1963) и на богословската Семинарија на Светиот Крст во Бостон (1963-1964), а потоа и на универзитетите во Единбург и Глазгов, Шкотска. Потоа бил избран за професор по догматика на Универзитетот во Солун. Во јуни 1986 ...

    Comments: 0   View more...

  • СЛОВО ЗА ГОЦЕ

    Posted 2023-02-24 19:38:11 by: Сард

    † Стефан, Архиепископ Охридски и ...

    Comments: 0   View more...

  • Водокрст

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со Амбасадорката на САД

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Средба со Амбасадорката на САД (17.01.2023 17:04) На 17. 1. 2023 година, во Архиепископската резиденција, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан ја прими новата амбасадорка на САД, Нејзината екселенција г-ѓа Анџела П. Агелер, којашто беше придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД. На  средбата, којашто помина во срдечна атмосфера, присуствуваа и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски", проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Неговото Блаженство ја запозна Нејзината екселенција со историјата, духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот и, посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји.   ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во Ново Село

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Божествена Литургија во Ново Село (15.01.2023 11:20) Денес, кога Црквата го празнува споменот на свети Силвестер и преподобен Серафим Саровски, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.                                                                               ...

    Comments: 0   View more...

  • Божествена Литургија во Ново Село

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Божествена Литургија во Ново Село (14.01.2023 11:05) Денес, на празникот Обрезание Господово и свети Василиј Велики, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.                                                                          ...

    Comments: 0   View more...

  • Василица во Водоча

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Василица во Водоча (14.01.2023 13:21)                                                                                                                                                                                      ...

    Comments: 0   View more...

  • Вечерна служба за празникот на свети Василиј Велики во Струмица

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Вечерна служба за празникот на свети Василиј Велики во Струмица (13.01.2023 09:18) Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи празнична Вечерна служба во чест и спомен на светиот Василиј Велики во соборната црква „Светите Кирил и Методиј“, во Струмица. Светите мошти на Светителот беа изнесени за целив и поклонение на верниот народ. Владиката на присутните им подели лепчиња во кои имаше сребрена паричка со ликот на свети Василиј за сите луѓе.                                                          ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со Митрополитот Волоколамски г. Антониј

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Средба со Митрополитот Волоколамски г. Антониј (11.01.2023 12:42) На 11.1.2023 година, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, оствари средба со Митрополитот Волоколамски г. Антониј, којшто беше придружуван од архимандрит Васијан, протојереите Николај Балашов и Игор Јакимчук и јерејот Александар Ершов.                                Извор: Скопска епархија ...

    Comments: 0   View more...

  • Барање до јавниот сервис

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Барање до јавниот сервис (10.01.2023 13:03) Почитуван директоре Цветковски,               За време на вчерашниот Божикен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски. Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната.             Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова ...

    Comments: 0   View more...

  • Божикен прием на државниот врв

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Божикен прием на државниот врв (09.01.2023 10:50)   На 9 јануари 2023 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв. На божикната трпеза присуствуваа претседателот на Републиката г. Стево Пендаровски и премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски, како и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков. Извор: Скопска епархија ...

    Comments: 0   View more...

  • Божикен прием на државниот врв

    Posted 2023-01-20 08:49:24 by: Сард

    Божикен прием на државниот врв (10.01.2023 10:48) На 9 јануари 2023 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв. На божикната трпеза присуствуваа претседателот на Републиката г. Стево Пендаровски и премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски, како и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков.   Извор: Скопска ...

    Comments: 0   View more...