МПЦ-ОА - Скопска Епархија »

  • Известување

    Posted 2022-09-17 14:04:13 by: Сард

    Браќа и сестри, Во вторник, на 20.09.2022 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје. Ги покануваме сите верни чеда да ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со Областниот управител на Благоевградската област

    Posted 2022-09-14 11:15:44 by: Сард

    На 14.9.2022 г. Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со  г. Николај Шушков, Областниот управител на Благоевградска област, Пиринска Македонија, Република Бугарија. На средбата присуствуваше и г. Тони Јакимовски, претставник на Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургија во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец

    Posted 2022-09-11 13:03:53 by: Сард

    На 11.9.2022 година, во денот посветен на Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи  Златоустова Литургија во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец. На Светата Литургија во протојерејски чин беше произведен јерејот Жарко ...

    Comments: 0   View more...

  • Писмо од Неговата Светост, Патријархот Московски Кирил до Неговото Блаженство Архиепископот Стефан

    Posted 2022-09-09 14:16:50 by: Сард

    До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски Ваше Блаженство, возљубен собрате и сослужителе пред Божјиот престол! Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со г. Мумен Абуаркуб

    Posted 2022-09-07 13:17:36 by: Сард

    На 7.9.2022 г., Неговото Блаженство оствари средба со проф. д-р Мумен Абуркуб, архитект од Палестина, голем пријател на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на македонскиот ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение за веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија

    Posted 2022-08-30 17:18:26 by: Сард

    Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 30 август 2022 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции и односите со Помесните Православни Цркви. Светиот Синод со голема радост и благодарност ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Руската Православна Црква ја призна Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија за автокефална црква

    Posted 2022-08-30 08:21:32 by: Сард

    На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската Православна Црква, беше прочитано соопштението на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија од страна на Српската Православна Црква. Синодот одлучи да Му се заблагодари на Господа Бога за решавањето на ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица

    Posted 2022-08-28 13:03:15 by: Сард

    На 28.8.2022 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи  Златоустова литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Матка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови ...

    Comments: 0   View more...

  • Илинденско послание

    Posted 2022-07-29 11:30:15 by: Сард

    † СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО  И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА  – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА   Спаси го Господи народот Твој, и благослови го Твоето наследство.   Возљубени празникољупци, Денес Светата ...

    Comments: 0   View more...

  • Петровден во храмот „Свети Петар и Павле“ во н. Ѓорче Петров

    Posted 2022-07-12 13:32:24 by: Сард

    На 12.7.2022 година, на празникот на светите славни и сефални апостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Света  Литургија во храмот „Свети Петар и Павле“ во н. Ѓорче Петров. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови ...

    Comments: 0   View more...

  • Иванден во храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во Бутел

    Posted 2022-07-07 12:35:47 by: Сард

    На 7.7.2022 година, ден кога Црквата гo прославува Рождеството на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован (Иванден), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Света  Литургија во храмот посветен на рождството на св. Јован Крстител во Бутел. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен чтецот Стефан Гоговски, асистент на Православниот ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение од САС на МПЦ – ОА

    Posted 2022-07-05 12:38:16 by: Сард

    Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата вонредна седница, одржана на 5 јули 2022 година, дискутираше за актуелната состојба во македонското општество. Светиот Синод со загриженост посвети внимание на ситуацијата предизвикана од последниот модифициран француски предлог, како и последиците што би произлегле од истиот, и повторно ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба на Архиепископот со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго

    Posted 2022-07-04 14:25:29 by: Сард

    На 4.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан оствари средба со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго. Г-ѓа Славица е долгогодишен хорист во САД која покрај руското, го користи и македонскиот напев на црковните песнопенија. Таа е автор и на неколку ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

    Posted 2022-07-03 12:20:07 by: Сард

    На 3.7.2022 година, во денот кога Црквата го прославува  светиот отец наш Наум – Охридскиот Чудотворец и основоположник на словенското монаштво, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Света Архијерејска Литургија во храмот посветен на свети Наум во скопската населба Радишани. На Архиепископот му сослужуваа Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение

    Posted 2022-07-01 09:50:14 by: Сард

    Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 30 јуни 2022 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во Татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба на Архиепископот г. г. Стефан со Епископот Лукијан

    Posted 2022-07-01 09:45:29 by: Сард

    На 1.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со Неговото Преосвештенство, Епископот Будимски и администратор Темишварски, г. Лукијан од СПЦ, во чијашто придружба беа и архијерејскиот заменик на Будимската епархија, протопрезвитер-ставрофор Маринков Марко и секретарот на епархијата, јермонахот Варнава ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба на Архиепископот г. г. Стефан со шефот на мисијата на ОБСЕ н.е. Клеменс Која

    Posted 2022-06-29 10:53:13 by: Сард

    На 29.6.2022 г., Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Клеменс ...

    Comments: 0   View more...

  • Српскиот патријарх Порфириј посети дел од црковните убавини на Струга и Охрид

    Posted 2022-06-22 13:15:19 by: Сард

    На 20 и 21 јуни 2022 година, во посета на Струга и Охрид беше Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, во придружба на Епископот Зворничко-тузлански г. Фотиј. Неговата Сесветост беше пречекан од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, нивните Високипреосвештенства. Митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петер и Дебарско-кичевски г. Тимотеј,  и Епископот Хераклејски ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба на Архиепископот г.г. Стефан со директорот на КОВЗРГ Сотировски

    Posted 2022-06-07 12:20:25 by: Сард

    На 7.6.2022 г., Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски. На средбата присуствуваше и секретарот на Синодот на Македонската Православна Црква, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургиска прослава на Спасовден во Драчево

    Posted 2022-06-02 10:03:01 by: Сард

    На 2.6.2022 година, на денот кога Црквата го прославува Вознесението Христово, спасоносен настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во чтец беше ракопроизведен богословот Владимир Трпевски. Верниот народ се причести со ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со врвот на Стопанската комора

    Posted 2022-05-27 17:47:22 by: Сард

    На 27 мај 2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба врвот на Стопанската комора, предводени од претседателот г. Бранко Азески, извршниот директор г. Антони Пешев и оперативниот директор г-ѓа Билјана Пеева ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицковски

    Posted 2022-05-26 15:08:30 by: Сард

    На 26.5.2022 г. Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицковски. На средбата присуствуваа и секретарот на Скопската епархија протоѓакон Ванчо Умленски и пратеникот во Собранието г. Владо Мисајловски. Господин ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со премиерот на Македонија

    Posted 2022-05-25 15:58:17 by: Сард

    На 25 мај 2022 г., Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во присуство на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, во својот кабинет, оствари средба со Премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски. Повод за средбата беше ауденцијата што ја имаше Премиерот кај папата Франциск во рамките на традиционалните свечености во чест ...

    Comments: 0   View more...

  • Беседа на Архиепископот во денот на светите Кирил и Методиј

    Posted 2022-05-24 20:00:18 by: Сард

    ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО ЦРКОВНО ВОСКРЕСЕНИЕ[1]   Еве, Бог ни даде ден да се зарадуваме и да се возвеселиме во него, ни дарува ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната, но очекувана одлука. Затоа, Ваша Светост, Вам и на членовите на Светиот архијерејски собор на Српската Православна Црква Ви благодариме од името на јерархијата, ...

    Comments: 0   View more...

  • Торжествено сослужување на претстојателите на СПЦ и МПЦ

    Posted 2022-05-24 17:12:39 by: Сард

    На 24 мај 2022 г. во денот кога Црквата го прославува поменот на сесловенските учители и просветители, Солунските браќа Кирил и Методиј, во Соборниот храм во Скопје, посветен на нивниот најславен ученик, светиот Климент Охридски,  се случи многу радосен настан – беше отслужена Божествена Литургија на која чиноначалствуваа претстојателите на Српската Православна Црква, Неговата Светост ...

    Comments: 0   View more...