
Posted
2022-05-01 08:56:59 by: Сард
„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (песна на Господи повикав... на Вечерна во Светата и велика недела на Пасха).
На 24.04.2022 година, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, во Светата и велика недела на Пасха, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Евангелието на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј и свештенослужителите заедно со верниот народ си го честитаа најторжествениот празник со радосниот поздрав Христос воскресе, а ...
View more...
Login with a social network